Регион
Рама: Албанија не е муслиманска држава, туку европска со различни вери
Посетата на Папата Франциск на Албанија беше историска и од денеска на Албанија светот гледа поинаку. Оваа оценка веднаш по заминувањето на Папата од Тирана во недела ја даде албанскиот премиер Еди Рама кој се заблагодари на сите институции, а особено на претседателот Бујар Нишани за одличниот пречек на Папата.
Рама изјави дека Папата сфати дека Албанија не е муслиманска земја, туку дека таа е европска со различни вери.
Албанските медиуми, исто така, посетата на Папата ја оценуваат како историска за албанскиот народ во целина и притоа особено внимание посветуваат на големото значење што светот и го даде на посетата на Папата на Албанија, како и на неговите оценки дека Албанија е земја каде меѓуверската толеранција е на високо ниво.
Но, медиумите, исто така, наглесено внимание посветуваат и на средбата на Папата со министерот за внатрешни работи Самир Тахири на која тој нагласил дека треба да се спасат децата во светот од дрогата.
Исто така, медиумите во Албанија пренесуваат и информација дека за време на посетата во неделата имало и два инциденти. Едниот се случил во моментот кога снајперист, според албанското МВР, испукал ненамерно еден истрел и притоа веднаш бил суспензиран, додека другиот инцидент се случил кога на еден американски државјанин му бил пронајден нож.
Инаку медиумите во Тирана јавуваат дека посетата на Папата ја следеле и Албанци од Македонија, Косово и Црна Гора.крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Maж падна од опасна карпа на Паг и почина, спасена алпинистка
При искачување на опасна карпа на Паг, еден маж почина, а една жена беше спасена во голема операција на хрватската служба за спасување.
„Добивме пријава во 13 часот и 32 минути дека две лица наводно се качувале на карпа кај Метајна. Едното лице паднало и починало. Другото е на карпата. Засега не може да им се пристапи од копно“, рекоа од полицијата.
Покрај полицијата, на местото на настанот има и други служби за итна помош – брза помош, пожарникари.
Малку по 17:00 часот од карпите е спасена жена, откако спасувачите со чамци се приближиле до карпата од морската страна.
Регион
Додик: Нема да ја почитувам одлуката на Уставниот суд
Српскиот лидер во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изјави дека нема да ја почитува одлуката на Уставниот суд на таа земја, кој го оспори изборниот закон за ентитетите и покрај тоа што неговата партија ќе учествува на претстојните локални избори, кои се одржуваат според одредбите на друг државен изборен закон.
„Изборниот закон на Република Српска е уставен и овој правен акт ќе се применува“, изјави Додик за Радио-телевизија на Република Српска реагирајќи на вчерашната одлука на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.
Тој суд оцени дека со донесувањето на Изборниот закон на Република Српска е прекршен Уставот на Босна и Херцеговина. На овој начин се оспорува улогата на Централната изборна комисија на БиХ, која е задолжена за организирање и спроведување на изборите.
На ваков потег се одлучија откако високиот меѓународен претставник, Кристијан Шмит, наметна измени во Изборниот законик на Босна и Херцеговина.
Сепак, Додик тврди дека само ќе го почитува Изборниот законик за ентитетите бидејќи тој не бил оспорен од Уставниот суд на Република Српска. Но, државниот е.
И покрај приговорите и отфрлањето на одлуките на Уставниот суд на БиХ, кои властите на Република Српска ги нарекуваат скратени затоа што двајца српски судии не учествуваат во неговата работа, партиите на власт од тој ентитет сепак ќе учествуваат на претстојните локални избори организирани од државната Централна изборна комисија.
Овие избори ќе се одржат на 6 октомври, а ќе се изберат нови свикувања на градските и општинските совети и раководители на 141 општина и град.
Регион
Борел следната недела со лидерите на Западен Балкан
Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, ќе приреди работен ручек за шестмина лидери од Западен Балкан следниот четврток во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, објавено е денеска на веб-страницата на ЕУ, пренесуваат медиумите во регионот.
Во соопштението се наведува дека висока делегација на Европската комисија ќе учествува на 79. сесија на Генералното собрание на ОН следната недела во Њујорк, а фокусот на ангажманот на ЕУ ќе биде ставен на решавање низа невидени конфликти и кризи околу светот.
Делегацијата на ЕУ ќе ја сочинуваат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, извршната потпретседателка Маргарет Вестагер, високиот претставник Борел, потпретседателката Дубравка Шуица, како и комесарите Стела Киријакидес, Дидије Рејндерс, Илва Јохансон, Јанез Ленарчич, Јута Урпилаинен, Кадри Симсон и Вопке Хокестра.