Европа
Норвешка ќе испрати брод за спасување во Медитеранот

Норвешка ќе испрати брод за спасување во Медитеранот ова лето, со цел да се намали бројот на загинати бегалци кои од Африка преминуваат во Европа.
Владата во изјава потврди дека на норвешкиот брод ќе има цивилни работници како и претставници на правдата и одбраната, а се очекува во Медитеранот да стигне околу 1 август.
Норвешка никогаш до сега не се придружила во спасувачки мисии на Медитеранот, но премиерот Ерна Солберг во изјава вели дека земјата, исто така, ќе размисли за понатамошна помош во проширената спасувачка мисија на Европската Унија.
Европската Унија ќе одржи итен самит во четврток,откако 800 мигранти загинаа во брод што од Либија се движел кон Италија.
Норвешкиот совет за беглаци минатата недела го зголеми притисокот кон држвните власти да се заложат за праќање сасувачки бородови, откако 400 бегалци загинаа во брод што исто така од Либија се движел кон Италија.
„Иницијално, ние треба да пратиме спасувачки брод. Знаеме дека со еден брод не можеме да спасиме неколку илјади луѓе. Но, колку луѓе треба да умрат пред владата да одлучи да испрати брод? Итно е. Норвешка е крајбрежна нација, и се разбираме од спасување на море“, вели Тува Ранес Богснес, комуникациски директор на Норвешкиот совет за беглаци.
Викендов, се удавија околу 800 луѓе, обидувајќи се од Либија да пребегаат во земјите на Европа, што е една од најсмртоносните несреќи на Медитеранот, па и Папата Франциск во неделното обраќање на плоштадот „Свети Петар“ ја повика Европската Унија да реагира и да го намали бројот на удавени бегалци крај брегот на Италија.
„Тие се мажи и жени како нас“, рече папата./крај/тл/бб
Извор: The Local
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украински воен пилот загина за време на борбена мисија

Олександр Боровик, 30-годишен пилот од 39-та украинска тактичка авијациска бригада, загина вчера додека извршуваше борбена мисија во секторот Запорожје на фронтовската линија, потврди неговата бригада.
Боровик летал околу 13:30 часот по локално време кога се случил инцидентот. „Причините и околностите за неговата смрт се под истрага. Изразуваме искрено сочувство до семејството и пријателите на Олександр. Вечно сеќавање на Херојот“, се вели во соопштението.
Во краткото соопштение не се наведува што се случило со воениот авион, но со оглед на тоа што пилотот бил убиен, се претпоставува дека авионот бил уништен.
Русија моментално контролира околу 70% од Запорошката област, но главниот град на областа, Запорожје, останува под украинска контрола.
фото: принтскрин
Европа
Франција и Германија се мобилизираат; Макрон: Му дадов ветување на Туск

Франција денес соопшти дека одлучила да мобилизира три борбени авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и источна Европа заедно со НАТО, по руските упади со беспилотни летала во Полска, додека Германија изјави дека ќе ги засили своите обврски на источното крило на НАТО.
„Вчера му го дадов ова ветување на полскиот премиер Доналд Туск“, објави францускиот претседател Емануел Макрон денес на Икс, додавајќи дека разговарал и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со британскиот премиер Кир Стармер.
„Нема да попуштиме пред зголеменото заплашување од Русија“, рече тој.
Германија, исто така, ќе ги засили своите обврски на источното крило на НАТО по инцидентот со дроновите во Полска, изјави владиниот портпарол Стефан Корнелиус.
Тој рече дека војската на германскиот Бундесвер ќе го прошири и продолжи својот воздушен надзор над Полска. Два борбени авиони „Еурофајтер“ на Бундесвер веќе извршуваат извидувачки летови над Полска, кои беа планирани до 30 септември. Тие полетуваат од нивната база во близина на северниот германски град Росток.
Мерц: Ова е сериозен инцидент, а не несреќа
Бројот на авиони сега ќе се удвои на четири, а извидувањето е продолжено најмалку до 31 декември, соопшти германското Министерство за одбрана. Канцеларот Фридрих Мерц вчера изјави дека не верува дека нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала е несреќа, туку инцидент што претставува многу сериозна закана за мирот во цела Европа.
Варшава регистрираше 19 нарушувања на својот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала завчера и вчера. Русија негираше одговорност за инцидентот. Полска беше поддржана од своите сојузници во НАТО во соборувањето на беспилотните летала, прв пат членка на воениот сојуз да отвори оган за време на војната на Русија во Украина.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како обид на Русија да го тестира одговорот на Варшава и НАТО. Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане утре за да разговара за упадите на беспилотните летала во полскиот воздушен простор.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин