Контакт

Европа

Порошенко предаде воена техника и најави нови преговори во Минск

Објавено пред

Украинскиот претседател Петро Порошенко учествуваше во саботата на свеченоста на предавање оружје и воена техника на единиците во Чухаево во Харковскиот регион, во источните области недалеку од просторот на кој од април годинава траат судирите со рускојазичните бунтовници и најави нови мировни преговори кои би се одржале на 9-ти декември во белоруската престолнина Минск.
 
 

dobivaj vesti na viber

Украинскиот претседател Петро Порошенко учествуваше во саботата на свеченоста на предавање оружје и воена техника на единиците во Чухаево во Харковскиот регион, во источните области недалеку од просторот на кој од април годинава траат судирите со рускојазичните бунтовници и најави нови мировни преговори кои би се одржале на 9-ти декември во белоруската престолнина Минск.

Во саботата украинското министерство за одбрана соопшти дека „на армијата и’ се предадени повеќе од сто парчиња воена техника“, вклучително и тенкови и хеликоптери. Порошенко во Харков ги поздрави припадниците на 92-та бригада на украинската армија и им го предаде оружјето по повод празникот Денот на вооружените сили на Украина.  Медиумите наведуваат дека засега нема информации каде оваа воена техника ќе биде употребувана.„Постигнат е прелиминарен договор средбата да се одржи на 9-ти декември во Минск. Задачите, коишто ќе ги постави Украина, е утврдување на распоредот за спроведување на спогодбата од Минск“, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко, пренесуваат медиумите.Претходно заменик потпретседателот на Народниот совет на одметнатата самопрогласена ткн Народна република Донецк, Денис Пушилин, за руските медиуми истакна дека следниот состанок на делегациите коишто ќе преговараат за мирно решавање на судирите во источна Украина, ќе се одржи на 12-ти декември во Минск.Според Порошенко, активностите за постигнување примирје во Донбас, треба да продолжат со повлекување на тешкото вооружување од линијата на раздвојување на спротиставените страни, а транспарентноста на овој процес треба да ја овозможи работата на набљудувачката мисија на ОБСЕ./крај/мф/сн

Извор: AFP/ТАСС



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Орбан: Европската Унија се распаѓа пред нашите очи, ако не дејствуваме, следниот буџет ќе биде последниот буџет на ЕУ

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарците ќе мора да изберат помеѓу две страни на парламентарните избори следната година.

dobivaj vesti na viber

„Унгарија има само два избора во стратешка смисла. Едниот избор е да се придружи на политиките на Брисел. Тоа, според мене, би било катастрофално, со последици што би нè фрлиле во хаос и сиромаштија“, им рече Орбан на поддржувачите на неговата партија Фидес.

Политичките аналитичари предвидуваат дека Орбан се соочува со своите најтешки избори откако дојде на власт во 2010 година. Економијата на Унгарија стагнира, а инфлацијата го спречува да ги намали каматните стапки, кои се на 6,5 проценти, највисоки во Европската Унија.

Орбан во неколку наврати се судри со Европската Унија околу правата на мигрантите, правата на ЛГБТ заедницата, слободата на судовите и академиците и поддршката за соседна Украина по руската инвазија во февруари 2022 година. Вчера, тој изрази сомнежи за иднината на Европската Унија.

„Европската Унија се распаѓа пред нашите очи. Само фундаментална реорганизација може да ги запре силите што ја распаѓаат Унијата. Ако не дејствуваме, следниот буџет ќе биде последниот буџет на Европската Унија“, предупреди тој.

„Се соочуваме со задачата да го изготвиме буџетот на Европската Унија за периодот 2028-2035 година. Дури и ако овој буџет се усвои, што е многу малку веројатно. Дури и ако се усвои, тоа ќе биде последниот седумгодишен буџет“, забележа тој.

„За да се избегне колапс, Европската Унија мора темелно да се реорганизира. Бидејќи денес силите што ја делат растат, додека силите што ја држат заедно исчезнуваат. Реорганизацијата би можела да го промени овој тренд, правејќи во интерес на повеќето земји-членки да останат во Европската Унија“, додаде тој.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Претставникот на Трамп: Нападот врз Киев е ескалација, очигледно е дека Русите не сакаат војната да заврши

Објавено пред

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, изјави дека нападот на Русија врз владината зграда во Киев не е сигнал дека Москва има намера дипломатски да ја заврши војната. „Нападот не беше сигнал дека Русија сака дипломатски да ја заврши оваа војна“, рече Келог преку социјалната мрежа Икс.

dobivaj vesti na viber

Келог нагласи дека опасноста од каква било војна лежи во ескалацијата, а Русија, рече тој, „се чини дека ескалира“ со лансирањето на најголемиот воздушен напад во војната, кој прво ја погоди зградата на украинската влада.

Специјалниот пратеник, исто така, откри дека бил во истата зграда пред само две недели, каде што се сретнал со украинската премиерка Јулија Свириденко.

Тој предупреди дека ваквите потези би можеле да излезат од контрола. „Историјата покажува дека настаните можат да ескалираат надвор од контрола преку вакви акции. Затоа претседателот Трамп работи на запирање на оваа војна“, заклучи Келог.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Зеленски за најголемиот удар врз Украина досега: Путин го тестира светот

Објавено пред

„Важно е што денес видовме широк одговор од партнерите на овој напад. Јасно е дека Русија се обидува да ѝ нанесе болка на Украина со уште подрски напади. Ова е јасен знак дека Путин го тестира светот, за да види дали ќе го прифати тоа или не“, објави Володимир Зеленски вчера вечер на платформата Икс, коментирајќи го најголемиот руски воздушен напад врз Украина досега.

dobivaj vesti na viber

„Затоа изјавите на државните лидери и институциите мора да бидат поткрепени со силни акции – санкции против Русија и поединци поврзани со Русија, високи тарифи и други ограничувања за трговија со Русија. Нивните загуби мора да се почувствуваат. Тоа е она што е навистина убедливо“, рече Зеленски.

„Друга работа е подеднакво важна – нашите долгорочни способности. Путин не сака преговори, тој очигледно се крие од нив, затоа недостигот на гориво во Русија и другите економски тешкотии се логичен одговор на одбивањето на прекин на огнот или состанок на ниво на лидери“, рече Зеленски.

Во саботата кон неделата, Русија го изврши најголемиот воздушен напад врз Украина од почетокот на војната. Беа испукани околу 800 беспилотни летала и ракети, а за прв пат беше оштетена и зградата на украинската влада во Киев. Во нападите беа убиени најмалку четири цивили, вклучувајќи и двомесечно бебе. Повеќе од 40 лица беа ранети.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

(Видео) Филипче: Ова е држава на сите, мора да се бориме за нашиот дом

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот...

Македонија1 час

Три активни пожари во државата, еден под контрола, а 27 се изгаснати

Во последното денонноќие, до 07:00 часот утрово, на територијата на Р.С. Македонија имало вкупно 31 пожар на отворен простор, од...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Свет2 часа

(Видео) Трамп прашан дали ќе нареди напади врз Венецуела: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера даде интересен одговор кога беше прашан дали би наредил воени напади врз Венецуела. „Па, ќе...

Македонија2 часа

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија2 часа

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет12 часа

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија17 часа

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ19 часа

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија20 часа

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет22 часа

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет23 часа

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...

Македонија23 часа

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет24 часа

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија1 ден

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија1 ден

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет1 ден

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...

Македонија1 ден

Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во...

Македонија2 дена

(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони....

Скопје2 дена

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош...