Регион
Во Тирана над 2.500 полицајци го обезбедуваат Папата
Еднодневната посета на папата Франциск на соседна Албанија во неделата ја обезбедуваат повеќе од 2.500 полицајци, ангажиран е голем број припадници на службите за безбедност, сообраќајот во главниот град Тирана е целосно блокиран, а неколку часа затворен ќе биде и воздушниот простор над земјата кога ќе бидат забранети сите летови прелети.
Еднодневната посета на папата Франциск на соседна Албанија во неделата ја обезбедуваат повеќе од 2.500 полицајци, ангажиран е голем број припадници на службите за безбедност, сообраќајот во главниот град Тирана е целосно блокиран, а неколку часа затворен ќе биде и воздушниот простор над земјата кога ќе бидат забранети сите летови прелети.
Ваквите исклучително силни безбедносни мерки се преземени поради официјално непотврдените информации дека во текот на посетата на Римокатоличката црква во Тирана е можен терористички напад од страна на екстремни исламисти.
Папата Франциск во неделата под силни мерки на безбедност пристигна во Албанија, неговиот авион на тиранскиот меѓународен аеродром „Мајка Тереза“ кај Ринаси, атерираше точно во 9 часот. Папата беше пречекан од социјалистичкиот премиер Еди Рама и други претставници на владата, како и од страна на претставници на Католичката црква во Албанија
По кусата средба со премиерот Рама во зградата на аеродромот, папата Франциск се упати кон Тирана каде ќе има средби со албанскиот државен врв, додека пак во 11 часот започна католичката литургија со која раководи Папата на централниот плоштад именуван по најпознатата албанска личност – Мајка Тереза, која Светата столица во 2003 година ја прогласи за блажена.
Во смисла на заканите околу посетата на Папата на тирана, амбасадата на САД во Тирана претходно издаде соопштение во кое ги советува американските државјани да внимаваат за време на посетата на Светиот отец, бидејќи како што беше соопштено се очекува на главната миса во недела да присуствуваат на 500 илјади луѓе од Албанија, но и од соседните земји.
Оваа е втора посета на римокатолички поглавар на Албанија, каде што само десет отсто од населението се католици, откако во 1993 година земјата ја посети папата Јован Павле Втори./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос
Регион
Германски медиуми: Без Србија, нема стабилност на Балканот; Брисел сè прави погрешно
Германските медиуми пишуваа за одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ дека нема да оди на самитот на ЕУ оваа година за да ги заштити интересите на својата земја.
„Берлинер Цајтунг“ истакна дека целосно ја разбира последната порака што Вучиќ ја испрати до ЕУ со тоа што не присуствува на самитот.
Сепак, како што се оценува во написот на германскиот весник, „Брисел ја игнорира клучната геополитичка реалност“.
„Западен Балкан не може да се стабилизира без Србија, а секако не против Србија. Никаков одржлив мировен поредок и никаква економска интеграција не се замисливи на Балканот без конструктивно учество на Белград. Со постојано фрустрирање на најважната земја во регионот, ЕУго прави токму спротивното од она што тврди дека го постигнува“, пишува „Берлинер Цајтунг“.
На крајот, овој германски медиум го презентира заклучокот:
„Наместо да извезува стабилност, неодлучноста на Брисел сее недоверба и создава опасен вакуум во моќта. Актери како Кина намерно ја експлоатираат оваа европска слабост. Празното столче на Србија на самитот во Брисел е повеќе од протест од една земја. Тоа е знак за неуспех на политиката што ризикува да го изгуби сопствениот двор од геополитичките ривали.“
Фото: депозитфотос
Регион
(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана
Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а сето тоа поради спор околу корупцијата во владата, објави The Telegraph.
Драматични сцени од Тирана покажуваат како чад се шири низ салата додека пратениците се туркаат, а безбедносните сили се обидуваат да воспостават ред. Инцидентот е кулминација на неколкунеделните тензии во кои опозицијата ја обвини владата дека ги игнорира барањата за истрага за корупциските скандали што ја потресоа земјата.
🚨🇦🇱🔥‼️ BREAKING | FLARES IN PARLIAMENT: ALBANIA’S DEMOCRACY COLLAPSES LIVE ON CAMERA 🚨
What you are seeing is not a protest.
It is not “political theatre.”
It is a full institutional breakdown.Inside the Albanian Parliament, opposition MPs ignited flares, physically blocked… pic.twitter.com/OQvVXgGP1d
— Slavic Networks (@SlavicNetworks) December 18, 2025
Корупцијата е клучно политичко и социјално прашање во Албанија со години, а меѓународните институции и организации редовно предупредуваат за проблеми во судството, јавната администрација и системот за јавни набавки. И покрај реформите што официјално се започнати, особено во судството со поддршка на Европската Унија и САД, перцепцијата за широко распространета корупција останува силна кај јавноста.
Случаите во кои се вклучени високи државни функционери, градоначалници и луѓе блиски до владејачките структури привлекоа особено внимание, дополнително поткопувајќи ја довербата на граѓаните во институциите и политичкиот систем.

