Контакт

Меѓународен

Италија обезбеди пласман на Еуро 2016

Објавено пред

По Исланд, Чешка, Шпанија, Англија, Швајцарија, Северна Ирска, Австрија и Португалија, пласман на Европското фудбалско првенство кое ќе се игра во 2016 година во саботата обезбедија и Италијанците, кои на гостувањето против Азербејџан славена со 3-1.

dobivaj vesti na viber

Италијанците поведоа во 11 минута по неуспешната офсајд стапица на домашните играчи, кога Верати со долга топка го пронајде стрелецот Едер. Азербејџан изедначи во 31 минута преки Назаров, а на тоа му претходеше грешка на Кјелини, Италијанците повторно дојдоа во водство во 43 минута, кога од контра поентираше Ел Шарави. Победата гостите ја потврдија во 65 минута кога од 18 метри погоди Дармиан.

Норвешка во Осло очекувано ја совлада Малта со 2-0, а стрелци беа Тетеи во 19 и Содерлунд во 52 минута.

Во Групата А, во која Исланд и Чешка веќе избореа пласман на Еуро, фудбалерите на Холандија на гости го совладаа слабиот Казахстан со 2-1, со што ги сочуваат надежите дека ќе изборат дополнителните квалификации. За Холанѓаните головите ги постигнаа Вијндлум во 33 и Снајдер во 60 минута, а почесниот гол за домаќините го постигна Кура во 6 минута од судиското продолжение.

Во мечот без натпреварувачко значење Исланд и Латвија одиграа 2-2. Стрелци на головите беа Сигторсон во 5 и Сигурдсон во 27 минута за домашните, а Кауна во 49 и Шабала 68 минута беа прецизни за гостите.

Група А: Исланд – Латвија 2-2, Казахстан – Холандија 1-2 и играат Чешка – Турција (20.45).

Група Х: Азербејџан – Италија 1-3, Норвешка – Малта 2-0 и Хрватска – Бугарија (20.45 часот)./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Како од Македонија да дојдете до билет за Вимблдон

Објавено пред

Вимблдон, зад сцената

dobivaj vesti na viber

Ако после прочитаниот наслов, веднаш влеговте во „филм“ како сте на Вимблдон, гледате тенис и јадете јагоди со шлаг, пред да продолжите со читањето, најпрвин расчистете со две работи: прво, ако добивањето британска виза ви е невозможна мисија, тогаш овој текст не е наменет за вас. И, второ, веднаш заборавете дека присуството на тенискиот турнир, значи и можност дека ќе најдете начин да купите билет за машкото финале. Во моментов тој чини од 10.000 евра нагоре, но го нема во продажба. Сè помеѓу овие две крајности, е реална опција за секого на светот, па и за било кој Македонец, желен да присуствува и гледа тениски мечеви на Вимблдон.

Но, да тргнеме со ред, додуша, обратен, а тоа е дека имате виза и билет и сте се упатиле кон Лондон. Вообичаено, тенискиот турнир се оддржува секоја година во последната седмица од јуни и првата од јули (но, не и оваа година). Од која год страна да го нападнете Лондон, односно дали кон центарот ќе се приближувате од Хитроу, Гетвик, Лутон или Станстед, прво што ќе ви падне во очи, движејќи се од периферијата кон центарот и Пикадили, е дека и на еден ден пред почеток на турнирот, но и за сите четиринаесет дена додека трае турнирот, во Лондон нема да забележите никаков билборд, реклама или било каква најава, која ќе ви сугерира дека во градот се одржува најстариот и најпрестижен тениски турнир во светот. Од друга страна, на сите страни ќе ве опкружуваат знамиња со бои на виножито, бидејќи периодот кога се одржува тенискиот турнир, се поклопува со т.н. Месец на гордоста. Се чини, како остатокот од светот повеќе да го почитува и е опседнат со турнирот, отколку самиот град кој е домаќин.

Инаку, Вимблдон е населба во Лондон, исто како, на пример, мојата Кисела Вода во Скопје. Дури кога ќе пристигнете во оваа населба, ќе забележите турнирски знамиња, постери, големи жолти тениски топки и убаво декорирани саксии со цвекиња во пурпурна боја, која е карактеристична боја за турнирот. Да, пурпурната, а потоа темно зелената, но не и белата. Сепак, и тука паралелно ќе ги гледате и знамињата на

виножито, па оправдано ќе се прашате: зошто во остатокот на Лондон нема знамиња на Вимблдон, а во Вимблдон има знамиња со боја на виножитото.

Самиот комплекст на тениските игралишта се наоѓа во таканареченото Вимблдонско село, и сите осумнаесет терени се сконцентрирани едни покрај други, а сè заедно е заградено со висока ограда, така што влез внатре во селото е можен само со билет или пропусница. Значи, дојдовме до клучното прашање од почетокот на текстот – како да се набави билет.

Првата можност (која е тешко спроведлива за некого кој живее во Македонија, но не и за Македонец во Лондон) е преку гласачки ливчиња. Тоа значи дека поголемиот дел од билетите ѝ се продаваат на пошироката јавност со јавно гласање што го одржува Ол Ингланд Клубот во јануари секоја година. Апликациите се испраќаат во текот на цел декември. Успешните апликанти се избираат по случаен избор на компјутер и оној кој ќе биде избран има временски рок до кога треба да го купи доделениот билет. Проценките се дека при изборот, за секој билет има по четворица кандидати. Она што е важно да се знае е дека местата и деновите за кои ви се однесува билетот се распределуваат по случаен избор, така што вие плаќате билет, без да знаете за кој ден и кој натпревар се однесува.

Втората можност, која е пореална за тенискиот ентузијаст од Македонија, е да се купи билет за целиот комплекс на Вимблдонското село, што ви овозможува цел ден да ги гледате тениските натпреаври на сите стадиони, освен на оние за кои е потребен посебен билет, а тоа се Централниот терен, Теренот број еден, два, три и четири (иако и за нив организаторот знае дневно да пушти по стотина билети во продажба).

Како и да е, ви остануваат на располагање повеќе од десетина игралишта на кои цел ден можете да гледате тенис, јадете јагоди со шлаг и пиете Пимс (газиран алкохолен пијалок од џин и пунч, привлечен на изглед, но грозен на вкус. Како декорација на чашата, каде обично се става лимета или портокал, на Вимблдон го служат со округло исечено парче краставица. Среќа што е свежа, а не кисела). Таквиот билет во првата седмица чини околу 30 фунти (да, добро прочитавте, околу 35 евра) ако го купите на почеток на денот, а може да падне и на пет фунти(!) ако го платите при крај на денот, кога повеќето мечеви се завршени или се при крај. Во втората седмица овие билети се уште поевтини. Звучи парадоксално, но има логика: иако втората недела се играат поквалитетни натпревари, тогаш нивниот број е многу помал од првите седум

турнирски денови, кога мечевите започнуваат од 11 часот, и се играат до почеток на стемпување, околу 21 часот.

Но, тоа што се ефтини овој вид на билети, значи дека е многу потешко да се дојде до нив. Ако за гласачките ливчиња односот беше четири апликанти за еден билет, овдека проценката слободно може да биде и десетина кандидати за еден билет. За да добијат пристап до овие терени, фановите, вообичаено, треба да чекаат во ред преку ноќ. Најупорните доаѓаат некаде околу 22 часот за изутрината да бидат меѓу првите пред касата.

Чекањето за билети на Вимблдон е претворено во класично кампување, со шатори, полска опрема, вреќи за спиење и тука можете да сретнете луѓе од целиот свет. Локалците ги сметаат за скитници, иако тие го вреднуваат таквото искуство, па, и по цена да не успеат да купат билет. Следната година повторно ќе пробаат. Некои пробуваат и по пет години и се безуспешни.

Оние среќните, кои ќе дојдат до такви целодневни билети и се наоѓаат внатре во Вимблдонското село, имаат можност да купат билети на препродажба за Централниот и Стадионот број еден. Шемата е следна: на гледач кој решил порано да го напушти мечот, неговиот билет се скенира и местото како слободно се става на препродажба до завршување на натпреварот. Цената на таквиот билет е симболична 10-15 фунти, а парите се наменети за хуманитарни цели. За Инстаграм его триповите многу поефтино, отколку што ќе потрошат во некој скопски клуб, за да снимат селфи.

Последната можност да дојдете до билет и тоа за главните терени и за блокбастер мечевите е татко ви да е ЦЕО или член на бордот на Најк, Адидас, Ролекс, Јагуар, Шлезингер, Евиан и други партенри на турнирот, па да ви го даде гратис.

Има уште една опција, многу поблиска за читателите на Макфакс и Топспорт, а тоа е лично да го познаваат авторот на овој текст. Секој мај, акредитираните странски известувачи од Вимблдон добиваат понуда од организаторот да аплицираат за билети за главните терени и доколку барањето им биде одобрено, билетите ќе можат да ги продадат на пријатели. Но, исклучиво по куповна цена. Доколку има заинтересиран, нека ми се обрати во втората половина на наредниот мај. А, до тогаш, нека бара начин како да ја преброди визната бариера.

Од специјалниот известувач од Вимблдон

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Фудбалската бајка за Меси заврши со светска титула по пенал-серијата против Франција

Објавено пред

По едно неверојатно драматично финале, Аргентина ја освои својата трета светска титула, победувајќи ја Франција на пенали со 4:2 по неверојатните 120 минути во кои беше 3:3, за Лео Меси, конечно, да ја круниса својата фантастична кариера со најголемиот трофеј во фудбалот.

dobivaj vesti na viber

На моменти на финалето во Доха изгледаше дека Аргентинците не можат да загубат, но Франција секогаш успеваше начин да се врати, предводени од хет-трикот на Килијан Мбапе, за на крајот трофејот да се одлучува во пенал-серијата, каде што Аргентинците беа безмилосни и постигнаа четири гола, додека Кингсли Коман и Орелиен Чуамени не дадоа голови.

Аргентина имаше 2:0 водство по само 36 минути игра, откако Лео Меси со гол од пенал и „џокерот“ Анхел ди Марија ја крунисаа одличната игра и тоталната „блокада“ на Французите. Откако првпат упатија удар на голот на противникот по повеќе од час игра, Французите направија неверојатен камбек – за 95 секунди Килијан Мбапе даде два гола, еден од пенал и еден од игра, за да се отиде во продолженијата. И во продолженијата не недостасуваше драма – Лео Меси го постигна својот втор гол и до трофејот ги делеа 10-тина минути, пред да биде досуден уште еден пенал, кој Мбапе го реализираше за 3:3.

Во пенал-серијата, Мбапе повторно како прв беше прецизен, пред истото да го повтори Меси, но потоа обидот на Коман беше одбранет од Емилијано Мартинез, додека Чуамени шутна покрај голот за славје на Аргентинците.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Утре почнува тенискиот турнир во Вимблдон

Објавено пред

Од специјалниот известувач од Вимблдон

dobivaj vesti na viber

Во понеделник во Лондон започнува 135-то издание на најстариот тениски турнир Вимблдон, кој, многумина тенисери, го сметаат и за неофицијално светско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки.

За главен фаворит за освојување на третиот овогодишен гренд-слем турнир се смета минатогодишниот победник, Србинот Новак Ѓоковиќ, а, после него, ланскиот финалист, Италијанецот Матео Беретини. Вториот носител на турнирот, и освојувачот на двата овогодишни гренд-слемови, Рафаел Надал, доста е потценет од букмејкерите и се смета за трет кандидидат за победник на турнирот. Својот напад на седмата вимблдонска титула и 21-от гренд-слем, индиректно го најави и Новак Ѓоковиќ во изјавата за Макфакс и Топспорт дека е задоволен како му поминале подготовките, дека тие биле со ист квалитетни како и минатата година и дека се надева дека далеку ќе стигне на турнирот.

Наспроти очекувањата, како и секоја година, можни се изненадувања и некој од фаворитите да биде елиминиран од послабо рангираните тенисери, особено во првата седмица од мечевите. Таков неславен пример на последните два Вимблдона беше грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој, иако доаѓаше на турнирот рангиран меѓу првите десет тенисер, испаѓаше уште во првото коло. Шанса за успех за тенисерите од сенка да направат изненадување се гледа и во одлуката на организаторот да не им дозволи да настапуваат претставниците од Русија и Белорусија, така што првопласираниот на АТП листата, Русинот Даниел Медведев нема да биде присутен на зелените терени, исто као и второпласираниот, Германецот Александар Зверев, кој, поради повреда во полуфиналето на Роланд Гарос, исто така, ќе биде отсутен. Иако далеку од некогашната форма, своја желба да игра во финалето, најави и миленикот на домашната публика Енди Мареј.

Во женска конкуренција, најмногу шанси ѝ се даваат на првата тенисерка на светот Иги Швојтек од Полска, додека далеку зад неа се шампионката од 2019., Романката (со македонски корени), Симона Халеп и седмократната победничка на Вимблдон, Серана Вилијамс од САД. Женската конкуренција е далеку понепредвидлива од машката, така што можни се непредвидливи мечеви уште од првиот ден, па до самото финале.

Како и минатата година, единствен претставник од С. Македонија ќе биде осумнаесетгодишниот Калин Ивановски, кој ќе настапи во јуниорска конкуренција.

Наградниот фонд оваа година е зголемен на рекордни 40,35 милиони фунти, што е за 11 посто повеќе од 2021., кога тој изнесуваше 38 милиони фунти. Победниците во поединечна машка и женска конкуренција ќе добијат по два милиони фунти (2,35 милиони евра). Паричната награда е и единствеата сатисфакција за играчите, бидејќи оваа година асоцијациите АТП и ВТА нема да доделуваат поени на тенисерите и тенисерките, поради одлука на организаторите на Вимблдон да им забранат учество на натпреварувачите од Русија и Белорусија.

Од најпрестижниот тениски турнир ќе известуваат околу 550 новинари од над 50 земји. Како и на Вимблдон во 2019. и 2021., и оваа година Макфакс и Топспорт ќе имаат свој известувач од сите четиринаесет дена додека се одржува турнирот.

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Лога со писмо ја известил меѓународната заедница за најавите за ,,упад” од парламентарното мнозинство врз правосудниот систем

Министерот за правда Кренар Лога испратил писма до Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, до амбасадите на САД, Германија ,...

Свет1 час

Украина: Прекрасно изгоре, уништивме ракетен систем во Русија со западно оружје

Украинските власти соопштија дека вчера успешно го погодиле рускиот ракетен систем „С-300“ користејќи оружје испорачано од Запад. Системот бил лоциран...

Свет2 часа

Америка: Единственото нешто што спречува итно примирје е Хамас

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер рече дека предлогот за прекин на огнот во Газа што го претстави американскиот претседател...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Стани Цаци, Јово грант, доктор тендер корона Филипче-нема кандидат за претседател на СДС кој не е поврзан со криминал

„Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани...

Македонија2 часа

Американскиот амбасадор во Бугарија за македонско-бугарското прашање: „Не поддржуваме дијалог кој промовира дискриминација, омраза или непријателство“

„Ние не поддржуваме дијалог кој промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја кон соседните земји или заедници...

Регион3 часа

Осомничениот за убиството на малата Данка денеска пред обвинител: реши да го прекине молчењето и да се произнесе

Осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), Срѓан Јанковиќ, кој се бранеше со молчење два месеци, реши да се...

Економија21 час

Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Економија21 час

Новиот газда на „Еуроникел“ на вработените им нуди минимални плати: Ако не потпишете ќе увеземе работници од Косово

Новите газди на кавадаречки „Еуроникел индустри“ на досегашните вработени кои останаа без работа им понудиле договори за вработување со минимални...

Македонија21 час

Филипче се кандидира за претседател на СДСМ: „Мојата цел е да ја обновиме и повторно да ја подигнеме партијата“

Ексминистерот за здравство, Венко Филипче, објави дека одлучил да се кандидира за претседател на СДСМ, на претстојните внатрепартиски избори. Тој...

Свет22 часа

(Видео) Апокалиптични сцени од Германија: обилните дождови предизвикаа големи поплави, за еден ден паднал дожд колку за цел месец

Состојбата со поплавите во јужна Германија и понатаму е напната. Германската метеоролошка служба повторно предупреди на обилни врнежи од дожд....

Македонија23 часа

Вјолца Бериша ќе раководи со Министерството за земјоделство до изборот на нов министер

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека со верификацијата на претеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот...

Македонија24 часа

ДС: Брза промена на надлежностите на некои министерства, за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата

Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо...

Македонија1 ден

Тирон Јајага ќе раководи со Министерството за одбрана до изборот на нов министер

Министерството за одбрана известува дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28 мај на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и...

Свет1 ден

Кина: Toj што ќе се осмели да не’ раздели од Тајван ќе биде здробен на парчиња

Кинескиот министер за одбрана Донг Јун предупреди дека секој што ќе се осмели да бара независност на Тајван ќе биде...

Свет1 ден

Земјотрес од 5,9 степени во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Јапонија, но не е издадено...

Регион1 ден

СНС освои најмногу гласови во Белград, Нови Сад и Ниш на локалните избори во Србија

СНС освои најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад на локалните избори што се одржаа вчера во Србија во...

Топ2 дена

Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница

Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Од полицијата велат дека се работи...

Македонија2 дена

Eвропскиот фронт предводен од ДУИ со декларација ќе се жали до меѓународната заедница

Европскиот фронт преводен од ДУИ денеска во Тетово усвои декларација која ја нарече политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува...

Топ2 дена

Детали за убиството во Боговиње: Во кафеаната во која бил застрелан мажот имало и други лица, се сослушуваат сведоци

Обвинителството изнесе детали за убиството што утрово се случи во угостителски објект во Боговиње. Од тука велат дека бил извршен...

Македонија2 дена

(Видео) Стоилковски за Хирургија: Демири и Манолева да одговорат дали за 120.000 евра сиот здравстен систем е колабиран

Министерот Демири и заменик министерката Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија и дали...