Црна хроника
Крадец си заминал со богат плен од куќата на 44 годишен скопјанец
Арамија извршил тешка кражба во куќа сопственост на С.Л (44) од Скопје, во сабота вечерта околу 21.30 часот.
Како што соопшти полицијата, крадецот откако насилно го отворил прозорот влегол во една од собите и одзел сума на пари од околу 40.000 евра, како и златен накит по што избегал стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 2.500.000 денари.
Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид на лице место и се работи на целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 106 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 106 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет санкции за некористење на сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Тетовец измамил жена од Косово за 732 евра
Жена од Косово била измамена од Е.В.(45) од Тетово.
Според пријавеното во МВР, во текот на минатиот месец, во комуникација преку социјалните мрежи, тој ѝ ветил дека ќе ѝ среди во Скопје да полага испит по германски јазик согласно законските прописи и, откако се договориле, таа преку брз трансфер на пари му уплатила 732 евра.
Откако последните денови не им се јавувал, тие сфатиле дека биле измамени.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец ги нападнал сопругата и малолетната ќерка, па кршел по дома
Полицијата вчера го приведе Ѓ.Р.(44) од Скопје, затоа што околу 11.00 часот во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, физички ги нападнал својата 49-годишна сопруга и својата малолетна ќерка, а оштетил и дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветна пријава, објави МВР во дневниот билтен.