Контакт

Анализа

Скокот на франкот најмногу ги погоди Полска и Хрватска

Објавено пред

Силниот раст на курсот на франкот кон еврото предизвика во четврокот паника во Полска и во Хрватска, бидејќи на многу граѓани кои имаат кредити во швајцарската валута ќе им поскапи ратата, додека во останатите држави од регионот состојбата не е толку сериозна, пишува Hina.

dobivaj vesti na viber

 

 

Откако во четвртокот Швајцарската народна банка (SNB) се откажа од одбрана на минималниот курс од 1,20 франци за евро, цената на франкот скокна во првите моменти за еден отсто во однос на европската валута. Подоцна се стабилизираше за околу 1,01 франк за евро, што значи дека швајцарската валута зајакна околу 16 отсто.

 

Во однос на полската злота курсот на франкот скокна за речиси 20 отсто, што е лоша вест за околу 700.000 полски семејства кои имаат хипотекарни ркедити во франци. Истовремено индексот на берзата во Варшава падна за три отсто.

 

Во Полска околу 40 отсто од хипотекарните кредити се во франци, што е 131 милијарда злоти или околу 30,4 милијарди евра.

 

„Тоа ќе биде болно. Најтешко ќе им биде на оние кои ќе мора да ги продаваат своите станови, а се уште отплатуваат кредит. Можно е во одредени случаи вредноста на кредитот да биде поголема од вредноста на имотот“, вели Пјотр Андржејевски, новинар од Варшава.

 

Многу Пољаци се одлучуваа на почетокот на 2000-те години да земат кредити во франци бидејќи каматите беа пониски отколку за локалната валута, а курсот на франкот беше стабилен. Но, најмногу поради должичката криза во еврозоната, цената на еврото значително падна, додека курсот на франкот порасна со оглед дека швајцарската валута важи за сигурно прибежиште за капиталот во несигурни времиња.

 

Кога кулминираше должичката криза во 2011 година, швајцарските монетарни власти одлучија да го браната минималниот курст од 1,20 франци за евро. Во наредните години франкот беше стабилен, но откако во четвртокот SNB се откажа да го брани курсот, се повторува сценариото од 2011 година.

 

Франкот кон куната скокна 16 отсто

 

Во Хрватска, пак, швајцарскио франк скокна во однос на куната 16 отсто, по што Здружениот „Франк“ побара итна седница со владата.

 

 

Се проценува дека во Хрватска има околу 60.000 кредити во франци, што значи дека јакнењето на швајцарската валута може да влијае на животите на околу 200 до 300 илјади граѓани.

 

Според податоците на Хрватската наредона банка (HNB) вкупниот износ на кредити поврзани со швајцарскиот франк минатата година изнесуваше 23,7 милијарди куни, а повеќе од 92 отсто се однесуваат на кредити за населението, првенство станбени кредити.

 

Јакнењето на франкот ги вознемири и граѓаните на Србија, каде околу 8,5 отсто од вкупните кредити во странска валута се кредити во франци. Економските аналитичари рпоценуваат дека негативни последици на јакнењето на швајцарската валута ќе имаат околу 21.000 граѓани на Србија.

 

Без паника во Унгарија, Чешка, Австрија…

 

Во Унгарија, меѓутоа, јакнењето на франкот не предизвика паника, иако околу еден милион Унгарци имаат кредити во странска валута, претежно во швајцарската, во вредност од околу 10 милијарди евра. Локалната влада уште претходно го фиксираше курсот за конверзија на растот на станбените кредити во франци и евра значително под нивото на пазарниот курс.

 

„Јакнењето на швајцарскиот франк нема значително да влијае врз нивото на долгот“, порача унгарското министерство за економија.

 

„Ниту во Романија јакнењето на франкот не предизвика поголеми нарушувања бидејќи уделот на кредити во швајцарската валута е мал во однос на вкупниот број на кредити и се проценува на околу пет отсто.

 

Ваквиот удел во Чешка е значително помал и изнесува само 0,02 отсто од вкупниот број на кредити.

 

Ниту во Австрија јакнењето на франкот не предизвика узбуна бидејќи оваа држава членка на еврозоната уште во 2008 година забрани кредити во странски валути.

 

„Силниот раст на швајцарскиот франк предизвика паника на финансиските пазари во централна и источна Европа пред неколку години. Но, сега има причина за претпоставка дека со оваа криза би можело полесно да се управува“, изјави за AFP, Вилијам Џексон, аналитичар во лондонската компанија  Capital Economics.

 

Швајцарската централна банка имено воведе негативни камати на големите депозити по видување во франци, како и други мерки кои би требало да сопрат прилив на капитал во швајцарски франци.

 

Гувернерот Томас Џордан изјави дека очекува слабеење на курсот на франкот во догледно време. /крај/

Анализа

Разорувачкиот пример на економски и социјален „мазохизам“

Објавено пред

Откако пред неполни три години човештвото се соочи со глобалната пандемиска – здравствена криза што мултиплицирано се зголеми на почетокот од оваа 2022 година со руската воена инвазија во Украина, согласно сите извештаи за реалните состојби, научни анализи и аргументирани предвидувања извесно е дека оваа есен – зима ќе кулминираат економската, енергетската, инфлаторната, ценовната и социјалната криза со епски пропорции.

dobivaj vesti na viber

Jeff Bezos, основачот и извршен претседател на „e-commerce” гигантот Amazon, кој е најрелевантен барометар за „здравјето” на јавната потрошувачка односно, клучниот генератор на економскиот развој, предупредува на неизбежност од голема рецесија на светската економија. Истите ставови ги споделуваат и David Solomon (CEO Investment Bank Goldman Sachs) или пак Jamie Dimon (CEO JP Morgan Chase) кој по последното интервју од 10 октомври ќе изјави дека „економијата ќе влезе во рецесија следните шест до девет месеци”.
Elon Musk (CEO Tesla & SpaceX), е уште попрецизен велејќи дека „ние сме веќе во рецесија која веројатно ќе трае до пролетта 2024 година и само најјаките ќе преживеат”.

Ваквата драматична криза кај сите национални економии наметна алармантна, вонредна состојба која пак ургентно бара вонредни и радикални економски стратегии и оперативни мерки за одржување во живот и избегнување на целосен економски колапс.

Скоро без исклучок сите одговорни политички, економски и финансиски лидери од европските земји се согласуваат со дијагнозата дека се работи за најсериозна ,,ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ЗАКАНА” која наметнува неопходност од нови приоритети преку забавување или целосно времено одложување на претходно донесените национални стратегии и развојни проекции.

Метафорично, кризата ги претвори националните економии како „пациент во клинички шок со акутни животно загрозувачки проблеми каде се неопходни интервентни реанимациони процедури а не некакви блазирани совети за долгорочните погодности од поинтензивно пешачење и физички вежби во природа на чист воздух или пак совети за органска исхрана и здрав диетален програм(!?)”.

Така на пример германскиот канцелар и неговиот владин кабинет интервентно одлучија да го стопираат планираното затворање на преостанатите три нуклеарни централи, но и да рестартираат неколку од веќе „пензионираните” нуклеарни капацитети. Од егзистенцијална важност е да се обезбеди електрична енергија за домаќинствата, индустријата и инфраструктурата во Германија.

Ваквата тешка одлука е донесена и под голем притисок на неколку други партнерски земји од ЕУ, како Словачка и Унгарија. Белгија исто така планираше да ги затвори своите два нуклеарни реактори (со капацитет од 2.1 GW) до 2025 година, но во март одлучија да ги задржат во функција барем за уште 10 години. „Bloomberg” објави дека новата влада на Шведска ќе побара од државната компанија „Vattenfall AB” да планира и изгради нови нуклеарни централи за да ја задоволи растечката побарувачка на електрична енергија во земјата.

Притисната од драматичната реалност, германската влада прави „очајнички” обиди за да го задржи функционирањето на националната економија но и запалените светла и снабдување со електрична енергија во сите домаќинства за да се помине зимата. И покрај претходно прифатената обврска на Германија за постепено исклучување на ископување и користење на јаглен до крајот на оваа декада, во оваа нова реалност се вратија назад на најсигурниот и најбрз начин на производство на електрична енергија од фосилните горива. Така, во овие неколку месеци ефикасно возобновија и вратија во функција на неопределено време, најмалку 20 термо електрани на јаглен. Ветерните турбини близу до отворениот коп на рудникот „Garzweiler” во Северна Рајна-Вестфалија а со кој управува германскиот енергетски гигант „RWE”, се демонтираат и отстрануваат за да се отвори простор за проширување на копот и интензивна експлоатација на јаглен.

Дури и најавторитетните граѓански групации за заштита на животната средина се согласуваат дека јагленот е најбрзиот но и најефикасниот одговор на енергетската криза. Karsten Smid од „Greenpeace Germany” вели „Ние мораме да разбереме дека кризната состојба во која би немале енергија, би немале струја нити топлина во домовите и канцелариите оваа зима, е далеку посериозно прашање од било која друга тема и заложба”.
Факт е дека во кризни времиња генерално сите луѓе покажуваат поголем интерес за информации, читање, проучување, слушање и осознавање.

Така дури и најекстремните екологисти ја разбраа и прифатија реалноста дека без рударство и многукратно зголемување на неопходните количини од ретките, критични минерали и метали (бакар, литиум, никел, графит, кобалт…), општоприфатената програма за глобална транзиција во „зелена економија” – е само обична ДЕКЛАРАТИВНА ЖЕЛБА! Според извештаите на Светска Банка, притисокот за „зелена” технологија и производство на енергија од обновливи извори (ветер, сончева и геотермална), како и високософистицираните решенија за складирање на таквата енергија ќе резултира со побарувачка од околу 3 милијарди тони минерали и метали, односно ќе биде потребно 500% зголемување на производството на критични минерали и метали до 2050 година. Неизбежно се наметнува заклучокот дека современото одржливо рударство е клучна алка во процесот на транформација кон „зелената економија”.

Видлив е трендот да големите автомобилски компании како Ford, Chrysler, Volkswagen, Mercedes, кои се обврзаа за забрзана транзиција и замена на нивните производни програми со електрични возила широко достапни до 2035 година (!?), интензивно стратешки се поврзуваат капитално со големите рударски компании кои работат и применуваат нови технологии и високи стандарди за одржливо рударство.

Така и американската администрација на претседателот Joe Biden неодамна додели грант од вкупно 2.8 милијарди долари за значително поттикнување на домашното рударство на критичните минерали и метали потребни за производство на моќните батерии за електричните возила.

Доколку во контекст на сé претходно наведено во овој текст повторно се навратам на разочарувачкиот пример со сосема неоправдано наметнатата неизвесност или повеќегодишниот „limbo” статус на Проектот за мега странската инвестиција – рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”, неизбежно ќе воочиме дека во односот на нашата држава кон овој проект има јасни елементи на економски, финансиски, енергетски и социјален „МАЗОХИЗАМ”.

Искрено, како горд македонски државјанин чувствувам наплив на „срамотизам” при самото потсетување на крајно непристојното игнорирање и упорно избегнување на директна конструктивна комуникација со највисокиот менаџмент и бордот на директори на проектната компанија Euromax Resources, како и со клучните инвеститори со потврдено позитивен авторитет на глобалната деловна сцена. Со неодговорно наметнатата административна „рашомонијада” кон овој Проект (во последните 7 години!), како да постои некаков нерационален „мораториум” за објективно согледување на реалноста и за повлекување на практични и ефективни одлуки. Се прашувам зошто, дури и во вакви најкризни времиња, кај нас се повторува синдромалното пореметување на деструктивна „умствена миопија” додека и понатаму продолжуваме да пимпламе со односот кон нашата колективна иднина.

Пасивноста, игнорантноста и самосожалувањето со својата „мртва тежина” не притискаат и во ваква драматична криза се всушност најголемата неправда кон сите нас. И покрај нашите политички, етнички, верски, социјални и културни различности, крајно време е СИТЕ да се обединиме во справувањето со овие егзистенцијални предизвици, да се обединиме за опстанок но и за прогрес, за отворање на нови работни места, за повисок животен стандард, конечно стопирање на иселувањето, посреќен и подостоинствен живот!

Да бидам конкретен – Во актуелните турбулентни времиња единствена реално остварлива, повторувам единствена реална мега – странска инвестиција која е веќе присутна во нашата држава и е целосно подготвена ВЕДНАШ да започне со оперативна реализација е токму проектот на Euromax Resources за современ рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”! Само за првите две години на изградба обезбеден е буџет за инвестирање на 350 милиони евра; во текот на целиот период на оперативно функционирање редовно ќе се исплаќаат по околу 75 милиони евра секоја година на повеќе домашни кооперанти; секоја година ќе се уплаќаат приближно по 25 милиони евра во државниот буџет, а околу 4 милиони евра во буџетите на локалните управи; рударскиот комплекс ќе генерира редовен извоз од околу 200 милиони евра годишно; според актуелните статистички податоци се проценува дека ќе придонесе за просечно зголемување на Бруто Домашниот Производ – БДП, за околу 4% на национално ниво; за целокупното времетраење со оперативното работење потребни се 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии…

Клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант – Групацијата TRAFIGURA или една од водечките светски дистрибутерски, трговски, логистички и производни компании. Тие се лидери во секторот на „commodities” или природни суровини кои ни се неопходни за „преживување” оваа зима, како нафта и нафтени деривати, природен гас, LPG&LNG, метали и минерали, енергија и обновливи извори на енергија. Мултинационална корпорација која има свои компании во 48 држави на сите континенти. Во финансиските резултати за 2021 година, Групацијата TRAFIGURA објави приход од 231.3 милијарди долари (што е за цели 16 пати поголем износ од македонскиот БДП!), а само за првата половина од 2022 година вкупниот приход изнесува 170.6 милијардри долари и нето профит од 4.7 милијарди долари…

А ние, ние со празните реторики, бескрајните игри и одолговлекувања наместо да побараме соработка неразумно ги присилуваме да дигнат раце од инвестицијата во овој мега Проект, но и од повеќе други потенцијални проекти во нашата држава каде како партнери со Групацијата TRAFIGURA, сосема извесно и за многу краток период би можеле да постигнеме реален пресврт со забележителен економски, енергетски, финансиски и социјален прогрес.

Д-р. Живко Груевски

ПР

Прикажи повеќе...

Анализа

Мицкоски: Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана-картели, корупција и криминал

Објавено пред

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на „Фејсбук“ пишува дека „македонските граѓани плаќаат најскапа струја во споредба со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на Владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најевтина струја во Европа. Имено, според Евростат, цената на струјата што македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5 €/MWh“.

dobivaj vesti na viber

„Според Евростат, во првото полугодие од 2022 година граѓаните во регионот плаќаат многу поевтина струја (слика 1) во споредба со македонските граѓани:
Србија 58,9 €/MWh
БиХ 73,3 €/MWh
Турција 74,8 €/MWh
Косово 55,5 €/MWh
Црна Гора 79,2 €/MWh

Ветуваа живот, евтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн… а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа струја за цена од 69,5 €/MWh (слика 2) или 22,5 % помалку од цената на струјата што ја плаќале во првото полугодие од 2022 година“, стои во објавата на првиот човек на опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Владата ќе направи целосен ремонт на урбанизмот

Објавено пред

Владата подготвува пакет-измени на постојните и носење целосно нови уредби кои ќе ги опфатат законите за градење, за просторно и за урбанистичко планирање, за катастар, за експропријација, за еврокодови, најавува денес „Дојче веле“.

dobivaj vesti na viber

Веќе било формирано национално координативно тело во кое се вклучени претставници од Владата, од министерствата, од општините, од другите надлежни институции, како и од здруженијата на архитекти, на градежници, но и претставници на стручната и научната фела со кое раководи професорот Мирослав Грчев.

„Во следните два месеца ќе изготвиме интервентни измени на кои стручњаците укажаа, пред сè, со цел да се отстранат аномалиите и противречностите. Потоа ќе започнеме со изработка на сосема нов сет закони, процес што ќе трае 7-8 месеци“ откриваат од Владата.

Само Законот за градењето во последните 5 години бил менуван 25 пати. Со ова, според надлежните, настанал вистински хаос во регулативата и на терен. Речиси на иста линија е и стручната фела. Во Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) сметаат дека е крајно време да се воведе ред.

Урбаниот хаос ќе се средува и со законски измени и со засилен надзор, велат од Владата. Сепак, негираат дека ќе има уривање на објекти – сè што досега било направено, а било во рамките на постојните закони, ќе остане.

„Основна цел е подобрување на животот на граѓаните. Урбаниот хаос го нарушува просторот. Во Скопје досега масовно се градеше без план, проблемот е помал во другите градови, но таму не се внимаваше воопшто на она што се нарекува архитектонско решение или урбанистички изглед на локалната единица… Ова е болната точка што ќе треба да ја коригираме иако нема можност состојбата целосно да ја вратиме назад, но мора да ја смениме генералната перцепција дека во сферата на урбанизмот владее хаос, дека владее корупција и тоа е она што нè боли сите нас“, велат извори во Владата.

Архитектите предупредуваат дека, освен законските измени, мора да се донесат и сосема нови урбанистички планови и тоа не само за главниот град.

Каква е моментната состојба доволно зборува податокот дека сега во централното градско подрачје на Скопје во тек е изградба на десетици големи станбени згради, од кои добар дел и со по стотина и повеќе стана.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на таа земја, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на...

Европа34 минути

Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина би можела да биде ставена под некаков облик на привремена администрација за да...

Македонија1 час

Посебен режим на сообраќај на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје: ќе се извлекува камион излетан од патот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 05.00 до 07.00 часот на магистралниот пат ГП...

Македонија16 часа

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница, апелира директорката на Пластична хирургија

Тим од Пластична хирургија и од Министерството за здравство вчера констатирал дека во болницата во Кочани има услови за лекување...

Македонија17 часа

Деветмина пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осуммина се враќаат од странство, во Скопје ќе останат 15, а во странство 100  

Од денес на домашно лекување одат деветмина пациенти, кои се лекуваа на скопските клиники по пожарот во Кочани, а дома...

Македонија17 часа

Ќе се испитува дали постои основа за задржување на насилникот од Радовиш, кој сподели видео на „Тик-ток“ додека ја тепаше сопругата

За лицето од Радовиш, кое целата јавност го виде на видео на „Тик-ток“ додека ја тепа својата сопруга, ќе се...

Македонија19 часа

„Не заборавајте дека нашите деца си заминаа поради партиите, дојде време да избираме децата или партиите“: се огласија кочанчани

Дојде време да избираме децата или партиите. Живееме во време кога луѓето повеќе веруваат во партиите отколку во самите себе....

Македонија20 часа

За хероите од Кочани

„За вистинските херои од Кочани“ – нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не...

Македонија21 час

(Видео) Нова снимка од пожарот во Кочани: „Излегувај, се запали ‘Пулс’“

Нова снимка од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се појави на социјалните мрежи. На видеото може да се забележат...

Македонија22 часа

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Северна Македонија денеска одбележува пет години од членството во НАТО. Таа влезе како 30. членка на алијансата. Услов за членството...

Македонија23 часа

„Ургентно формирање парламентарна комисија за оценување на селективната правда во третманот на трагедијата во Кочани“, бара ДУИ

„Парламентарната група на Европскиот Фронт денеска официјално ќе побара формирање на посебна Парламентарна Комисија за истражување на селективниот и едностран...

Свет1 ден

Трамп наметнува царина од 25 отсто на милиони автомобили, тоа е огромен удар за Европа

Претседателот Доналд Трамп најави нова царина од 25 отсто за која рече дека ќе се применува на „сите возила што...

Европа1 ден

(Видео) Масовен напад со дронови врз Харков

Руските сили вчера вечер извршија масовен напад со беспилотни летала врз Харков, вториот по големина град во Украина, при што...

Македонија1 ден

Двајца Македонци загинаа во сообраќајка во Италија

Двајца Македонци го загубија животот во трагична сообраќајна несреќа што се случи помеѓу меѓу комбе и камион во близина на...

Македонија1 ден

(Вознемирувачко видео) Насилник од Радовиш ја тепа сопругата во живо на „Тик-ток“, приведен е

Вознемирувачко видео кружи на социјалните мрежи од лице од Радовиш кое ја тепа својата сопруга, а сето тоа е пренесувано...

Македонија1 ден

Советот остана без кворум и не се произнесе за разрешувањето на Коцевски, Владата ја стопира постапката

Советот на јавни обвинители остана без кворум и без да изнесе мислење за државниот обивнител, Љупчо Коцевски. Седницата беше одложена...

Култура2 дена

Сара беше жена карпа, таа беше музика – комеморација за Пројковска која го загуби животот во пожарот

На Факултетот за музика уметност денес се одржа комеморацијата за професорката по пијано и пратечки вокал на речиси цела музичка...

Македонија2 дена

„Нема да дозволам да бидам месо за јавен линч”, Јон Фрчкоски се повлече од позицијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ

Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по...

Македонија2 дена

Останав без колегите оти сите се заплашени со бркање од работа ако излезат и ѝ дадат поддршка на колешката повредена со два куршума, вели Деаноски од УПОЗ

Претседателот на Синдикатот на вработените во органите на државната управа, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), Трпе Деаноски, денеска...

Македонија2 дена

Пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири, контролите продолжуваат, најави Митева

За разлика од минатото, кога институциите беа бавни, неефикасни или селективно го спроведуваа законот, денес ние демонстрираме поинаков пристап –...