Uncategorized
Коневски: Заев ги откри вистинските мотиви за пучот
Челникот на најголемата опозициска партија СДСМ, Зоран Заев, кого владејачката партија го опишува како „аболицираниот криминалец“, во неодамнешното гостување кај албанската дијаспора во Швајцарија, ги откри крајните мотиви на аферата „Пуч“ и двегодишната криза во којашто бутна земјата, обвини во саботата претседателот на скопскиот градски комитет Ивица Коневски.
Според него, двете главни цели кои Заев наводно јавно ги објавил се редефинирањето на државата и менувањето на нејзиниот уставен поредок, уривање на македонските национални и државни позиции во споровите со соседите, вклучително и деценискиот спор за името со Грција:
„Конечно, целата јавност можеше да види што значи на дело ‘виткањето на кичмата4 што го промовира Заев и влезот во НАТО за шест месеци што го ветуваше Шекеринска. Аболицираниот Зоран Заев пред албанската дијаспора во Швајцарија отворено ја обвини Република Македонија дека кај нас бил проблемот што се обидуваме да си го сочуваме уставното име и националниот идентитет. Срамно и недостојно за политичар кој е лидер на партија. Аболицираниот Зоран Заев ја обвини Македонската православна црква дека кај неа е проблемот што е оспорена од Српската православна црква. Аболицираниот Зоран Заев ја обвини Македонија дека кај нас е проблемот што не ни се признава јазикот и народот и што нашите малцинства во соседните земји не ги уживаат истите права. Срамно и недостојно за политичар кој е лидер на партија и треба да ги штити националните интереси“, рече Ивица Коневски.
Го критикуваше и тоа што Заев во Швајцарија пред претставниците на албанската дијаспора рекол оти не била доволна рамката на Охридскиот договор, со кој во 2001 година беше завршен конфликтот и се дефинираа правата на албанската заедница во Македонија, ветувајќи притоа дека ќе го смени Уставот, ќе го официјализира албанскиот јазик и ќе ја федерализира Македонија.
„Тоа е вистинското грдо лице на СДСМ и на аболицираниот Зоран Заев. На ваквата антидржавна политика и на ваквото пазарење со највисоките национални интереси мора да се стави крај“, порача Коневски.
Според него, по двете години длабока политичка криза во земјата на граѓаните им „стана јасно за што бореа Заев и СДСМ“ изминат период.
„На сите им стана јасно зошто беше потребна целата деструкција, вандалските сквернавења на спомен обележјата и нападите кон државните институции. Сега на сите им е јасно зошто СДСМ и невладините организации под контрола на Сорос ја напаѓаа полицијата и постојано се обидуваа да провоцираат инциденти и да ја одолговлекуваат и продлабочуваат кризата“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Коневски оцени дека Заев има единствена цела, само да дојде на власт за да ги исполни своите ветувања за редифинирање на земјата и повика избирачите да „стават крај на кризата“ и да не му дозволат на челникот на СДСМ да ги оствари своите наводни планови./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

