Забава
Дневен хороскоп

Проверете како ви се наклонети ѕвездите денеска.
Овен
Ќе бидете емотивно нестабилни, што најповеќе ќе се одрази на вашиот приватен живот, но и доста негативно ќе делува и врз вашите работни задачи. Опасноста да влезете во кавги со околината е многу голема. Ова не е добар ден за да започнете со поголеми работи, но не треба да се плашите и од поголеми неуспеси затоа што секогаш неможе да биде се во најобар ред. Здравје: внимавајте на вратот и долниот дел на стомакот.
Бик
Не ќе можете да направите се што сте планирале за денешниот ден. Работите ви се натрупале, а вашето трпение е на минимум. Ви треба повеќе концентрација и ангажирање. Побарајте помош од вашите колеги. Во семејството ситуацијата е доста напната, некој член навистна ви прави големи проблеми. Бидете потолерантни и не влегувајте во бурни распрвии. Здраствената состојба многу добра.
Близнаци
Ќе потврдите дека умеете да заведувате. Склони сте кон флерт, а сега особено ви е нагласена таа склоност. Ќе зрачите со шарм и убавина и полни сте со желба за задоволства. Сепак избегнувајте непромислени љубовни афери. Бидете доволно мудри и не седете на две столици одеднаш бидејќи тоа може скапо да ве чини. Здраствената состојба ви е одлична.
Рак
Без некоја поголема причина ќе бегате од партнерот и пријателите барајќи осаменост. Најдобро е кога би можеле да тргнете во прошетка, кино, попладневно кафе и сл. Потребна ви е одредена мерка на слобода или можеби нова љубовна врска. На работното место се прилагодивте на вообичаениот ритам на работа. Ќе ви се појави желба за работи поврзани со кратки патувања и комуникација со други луѓе.
Лав
Денот ќе го поминете во работна атмосфера. Доколку наидете на некои работни потешкотии не удирајте со главата во ѕид. Здивнете за момент и ладнокрвно проанализирајте ја целосно ситуацијата. Во спротивно можете да згрешите, а наградата која ви е на дофат може да ви избега. Ќе уживате во друштвото на вашите пријатели, а на вашиот партнер не му посветувате доволно внимание. Внимавајте.
Девица
Не ја прпуштајте приликата за нови љубовни познанства кои денеска ќе ги има повеќе од обично, бидејќи би можел да започнете една многу добра љубовна врска. Особено ако сте осамени денеска ќе бидете на прав пат да пронајдете сродна душа. Оние во врска високо ќе го котираат партнерот кој ќе биде склон да му прости некои грешни од минатото, но ако чекате саканата личност да се подмрдни од место би можеле да пропуштите страствена прегратка.
Вага
Имате високо ниво на концентрација и внатрешна енергија. Ќе можете многу лесно да учите и ќе достигнете голем успех на работа, училиште или факултет. Во љубовта сериозните врски ќе бидат во една стабилна состојба на слога разбирање и љубов. Слободните можеби ќе се најдат во едно пријатно друштво каде многу ќе се забавуваат и ќе разговараат. Здраствената состојба ви е одлична.
Скорпија
Во работата ќе бидете доста успешни, од рака ќе ви одат краткотрајни работи, но избегнувајте долготрајни обврски, бидејќи пред се треба да внимавате на себе и вашето здравје. Финансиската состојба ви е одлична, можбеби ќе добиете неочекувана добивка, која многу ќе ве израдува. Сентименталните односи ви се одлични. Здравје: претставниците со хронични болести да се придржуваат кон советите од лекарите.
Стрелец
Проблемот и кој денеска ќе го имате се однесува на вашето здравје. Се чуствувате омалаксано, исцрпено и лошо. Само со одмор и правилна исхрана оваа состојба можете да ја сведете на нормална мера. Емотивните недоразбирања се последица на претераните очекувања и идеализирање на партнерот. На професионален план ве очекуваат успеси и награди.
Јарец
Можеби ќе имате некој проблеми и тоа во вид на некоја повреда, операција, средби со лица во униформи кај припадниците на знакот кои се во некој приватен бизнис, но можни се и некои непланирани финансиски загуби. Доколку денеска ништо не се случи, бидете мирни бидејќи планетарните аспекти ќе престанат да делуваат. Доза на внимание нема да ви штети.
Водолија
Ве очекуваат несогласувања во односите со вашиот партнер. Ќе забележите дека недостасува малку топлина и внимание од негова страна. Воздржете се од било какви директни реакции и обидете се, да ја одржите рамнотежата. Исклучително поволните прилики на работното место, ќе придонесат да ги насочите мислите кон вашиот приватен живот и да се посветите на дел од проблемите кои го мачат партнерот.
Риби
Во однос на работата денешниот ден ви носи успех поголем од очекуваниот, иако сте почнале да го губите трпението. Комуникативни сте, но помалку немирни и нервозни. Дали причината за тоа е заљубеноста? Преиспитајте се добро. Децата ќе ви приредат некакво изненадување или пак можеби вие нив. /крај/на
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Астрологијата открива: три знаци што најмногу сакаат луксузен живот

Раскошот и удобноста не им значат еднакво на сите луѓе. Додека некои се задоволуваат со едноставен стил на живот, постојат личности кои чувствуваат посебна привлечност кон луксузот и убавината околу себе. Според астрологијата, три знаци особено се истакнуваат по желбата да живеат во стил, да вложуваат во квалитет и да се опкружат со нешта што будат престиж и задоволство.
Бик
Биковите се познати по тоа што знаат да уживаат во убавите нешта. За нив е важно просторот да биде уреден и топол, а секојдневието исполнето со вкусна храна, убави материјали и детали што носат комфор. Не се работи само за материјална страна – за Бикот луксузот е начин да создаде мир, сигурност и атмосфера во која се чувствува ценето и сакано.
Лав
Кај Лавот, луксузот е сцена за блесок. Тие сакаат да бидат забележани и да го истакнат својот стил – преку мода, јавни настапи или посебни настани. Лавовите често избираат гламурозни искуства како патувања и свечени прослави. За нив, раскошот не е само убав изглед, туку и симбол на личниот престиж и самодоверба.
Вага
Вагите имаат изострено чувство за естетика и хармонија. Нив ги привлекуваат рафинирани предмети, уметност и елегантна облека. За нив, луксузот е начин да внесат рамнотежа и убавина во животот. Тие не сакаат компромиси кога станува збор за квалитет, бидејќи веруваат дека токму убавината и стилот се тие што им носат вистинска радост и мир.
Забава
(Фото) „Армани“ ја претстави последната колекција на покојниот дизајнер

Италијанската модна куќа „Џорџо Армани“ во неделата ја претстави последната колекција, на која лично работел покојниот дизајнер и основач, во уметничкиот музеј „Брера“ во срцето на Милано.
Армани, познат во светот на модата како кралот Џорџо, почина претходно овој месец на 91-годишна возраст. Ревијата, дизајнирана да ја прослави 50-годишнината од модната куќа, се претвори во почит кон покојниот дизајнер.
Настанот привлече мноштво познати личности вклучувајќи ги актерите Ричард Гир и Кејт Бланшет.
Моделите прошетаа во флуидни, лесни облеки, придружени со жива пијано-музика изведена од италијанскиот композитор Лудовико Еинауди, објави „Ројтерс“.
Колекцијата, со палета на бои што се движеше од сива до темносина и темнозелена, беше со наслов Pantelleria, Milano, осврнувајќи се на две драги места на дизајнерот, соопшти агенцијата.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Џенифер Лопез за разводот од поранешниот сопруг: „Најдобрата работа што ми се случила“

Џенифер Лопез во неодамнешно интервју за CBS Sunday Morning изјави дека нејзиниот развод од Бен Афлек е „најдобрата работа“ што некогаш ѝ се случила. Таа објасни дека научила важни животни лекции низ тешкиот период.
„Сфатив дека радоста е во живеењето и во вистинското прифаќање на животот и сè што ти носи. Поради лекциите што ги носи, а потоа и поради сите триумфи што ги носи. Тешките времиња се лекции и тоа мора да го разбереш“, рече пејачката и актерка.
Лопез откри дека снимањето на „Бакнежот на жената-пајак“ ѝ послужило како еден вид бегство за време на тој турбулентен личен период. „Секој момент на снимањето и секој момент кога ја играв оваа улога, бев толку среќна. А потоа дома, не беше баш најдобро“, призна таа.
И покрај сè, таа останува исклучително благодарна на Афлек и неговата продуцентска куќа „Artists Equity“, која го финансираше филмот. „Филмот немаше да биде снимен да не беа тој и „Artists Equity“, нагласи таа.
„Му кажав дека ова е улогата за која сум родена и дека сакам да ја играм, а тој рече: ‘Добро’, и помогна да се случи тоа.“ Лопез заклучи дека секогаш ќе му оддава признание на Афлек за таа поддршка.
Двојката повторно се обидува да го продаде својот заеднички дом, овој пат по многу пониска цена од претходно. Нивната вила во Беверли Хилс повторно е ставена на продажба, но сега за 52 милиони долари, објави ТМЗ.
Uncategorized
Дневен хороскоп

Овен
Денеска месечината патува во вашиот знак, ве очекува интересен период каде што моќта ке биде од ваша страна. Постојано ќе сакате пред другите да се истакнете особено на професионален план, месечината ќе ве почасти со огромна храброст и харизма, никој нема да одолее на вашиот шарм. Постојано ќе барате сигурност, се ќе сакате да истурите на формалност, затоа ако сте сингл, од несиериозноста ќе бегате како оган, ќе ве привлекуваат луѓе кои знаат што сакаат.
Бик
Ќе бидете под влијание на месечината, бидејќи патува во знакот Овен. Ќе сакате на сите денес да им се спротивставите, или пак да си ги искажете сите чувства кои ги криевте до сега.Не избрзувајте со вашите одлуки бидејќи вечер Марс ќе отпатува во вашиот знак
Погледнете пред себе вечерва. Постои личност која постојано се обидува да ве импресионира и освои додека вие сте зафатени со флертување на далечина.
Близнаци
Денеска месечината ќе отпатува во Овен, тоа ќе има влијание над вас со тоашто ќе бидете посамуверени, сите ваши идни планови ќе имате моќ да ги изреализирате. Ќе зрачите со самодоверба. Ако сте сингл, судрете се „ненамерно“ во оној кој го сакате за да добиете повод за започнување разговор. Останатото ќе биде вистинска магија.
Рак
Денеска може да имате проблем со довербата на луѓето, но наместо да ја измерете вашата доверба обидете се да ги разберете луѓето кои ве опкружуваат. Грешка од минатото ќе ве прогонува, и нема да дозволи да се борите за вашите цели. Соочете се со минатото! За да се справете со проблеми првата работа која ќе ви е потребна да си ја зацрстите самодовербата. Ситуацијата ќе биде сосема различна на љубовен план. Кога некој сакате, ништо нема да може да ве запре.
Лав
Денеска ќе зрачете со самодоверба, а со таа моќ не постои нешто што нема да успеете да направите, Сколни сте да ги маѓепсувате луѓето околу вас. Дозволете вашето искуство да ви помогне при изборот денес. Покажете им на луѓето колку сте горд денес. Бидете бестрашни кога правите промени во животот покажете ја моќта на лавот!
Девица
Постојано ве мачат ситници, имате прашања кои неможете да им најдете одговор. Наместо да си ја мачите главата запамтете дека времето леета, а вие сте пилотот. Искористете ја секоја секудна за да станете подобра личност, ја имате моќта да ги направите луѓето да бидат срќени околу вас, покажете ја вашата љубов.
Вага
Денеска нема да сакате да бидете ограничени во ништо,ќе имате максимална енергија, и ќе ги привлекувате луѓето како магнет, сето ова ќе ви донесе нови средби, нови можности. Икскористете ја вашата харизма за да ја маѓепсате личноста која долг период ви се допаѓа, ова е одличен период да се збогувате со статусот сингл. Доколку сте во врска, ке ја разгорете страста во вашиот живот со вашиот партнер.
Скоприја
Денеска ќе имате магично стапче на вашата рака, толку лесно ќе ги решавате проблемите, што ни сами нема да поверувате од каде ви оди таа мок но не заборавајте вие сте Скорпија и водени сте од Марс. Целите кон далечни места, кои ќе ги постигнете со вашата енергија. Ќе ја имате поддршката од блсика личност, ништо нема да може да ви застане на патот.
Победете ја мрзливоста која ќе ве обземе вечерта и излезете. Магијата ќе се случи таму, надвор од вашиот дом.
Стрелец
Ќе бидте свесни за вашата харизма, затоа денес сите вас ќе ве следат.
Денеска ќе копнеете по вашата слобода, но ова може да доведе доповреда на вашите блиски, пред да направете нешто помислете два пати, за да постигнете вашата цел не треба да ги повредувате луѓето. Ве очекува интересна вечер затоа наместо со изглед блеснете со вашите ставови. Бидете филозофот во дрштвото.
Јарец
Ќе имате потреба да си ја заштитувате околината, ќе го истакнете вашиот воинички дух,нема да дозволите неправда да се дигне на површина во вашиот живот, можете да зборите денес похрабро и од кога да било, и постојано ќе имате потреба вие да се докажете дека сте во право, но пазете ова да не довдеде до дополнителни конфликти со вашите сакани и да не ги повредете нивните чувства за да вие останете во право.
Водолија
Денес ке бидете најгласни, постојано ќе си ги истакнувате јасно и гласно вашите желби, без двоумење се ќе направите за да постигнете. Ќе дозволите детето од вас да искочи па сите ќе ги забавувате ќе бидете главниот цет во вашето дрштвото.Ќе ја истакнете вашата индивидуалност.Денес бидете оригинални, посебни и различни како што само вие умеете. Инспирирајте со автентичност.
Ако сте во врска, не се обидувајте да ги решите старите проблеми на стар начин. Експериментирајте!
Риби
Денеска ќе бидете вие во центарот на вниманието, постојано луѓете ќе скаат да бидат во ваша близина за да си ги наполнат батериите од вашата неисцрпна енергија која ќе ви ја дели Марс. Ваш некој близок пријател ќе има погтреба од совет па очкувајте искрен разговор со него, вие сте мудрецот во душтвото, па нема да ви биде тешко да делите совет на вашиот близок. Денес исчистете го хасот во вашиот живот, прочитајте ги непрочитаните мејлови, прередете го купот документи на вашето биро и сл. Ќе заштедите скапоцено време/крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.
Uncategorized
(Фото) Врската со 11 години помладиот маж ѝ годи: го промени и начиниот на облекување поради него

Каде и да се појави, Џесика Алба предизвикува воздишки. Таа привлекува големо внимание од јавноста и со својот приватен живот, бидејќи по разводот од Кеш Ворен, таа започна романса со колега кој е 11 години помлад од неа.
Но, не е само нејзиниот емотивен живот тој што доживеа ренесанса… Нејзиниот начин на облекување исто така значително се промени, а често ја гледаме една од најубавите актерки во смели комбинации.
Неодамна имавме можност да ја видиме во атрактивна комбинација, а сега таа прошета по улиците на Њујорк во шик комбинација инспирирана од „old money“ стилот.
Jessica Alba Seen Out to Dinner at The Old Rose in New York City 09-18-2025
-> https://t.co/7GqKwBMA18 pic.twitter.com/3y4asNMojt— Tha Starz (@thastarz) September 21, 2025
Таа носеше бела маица и јакна со златни копчиња, а на комбинацијата додаде и лежерни фармерки и бели потпетици. Може да се каже дека нејзиниот стил е комбинација од модерно и елегантно, и совршено ѝ стои.
Едно е сигурно – Џесика Алба процвета по разводот!
фото: принтскрин
Uncategorized
Кадриу: Османи одобрил договор од 56 милиони денари за возила за ОБСЕ, цените трипати повисоки

Претставникот на „Влен“, Арбер Кадриу, презентираше договор за изнајмување возила за потребите на Министерството за надворешни работи (МНР) за време на организацијата на министерскиот совет на ОБСЕ во декември 2023 година, нарекувајќи го „доказ за коруптивниот начин на кој работел тогашниот министер Бујар Османи“.
Кадриу истакна дека договорот е склучен на износ од 56.640.000 денари за само два дена настан, без механизми за контрола и потврда на бројот на ангажирани возила.
„Во него јасно се гледаат астрономските цени што државата ги плаќала: VIP автомобил 29.000 денари на ден, возило од средна класа 23.000 денари, а миниван 19.200 денари на ден, без ДДВ,“ рече Кадриу, посочувајќи дека само еден месец претходно истата компанија склучила договор со МНР за редовни потреби по цена од 9.500 денари за ист тип возило.
„Тоа значи дека државата платила три пати поскапо за исти возила, од истата компанија, во исто време,“ додаде тој.
Од ВЛЕН обвинуваат дека во договорот „нема записник или доказ колку возила биле користени, нема внатрешна контрола, ниту службена потврда на реализацијата“.
„Ова е класичен модел на излевање на јавни пари во приватни џебови. Ова е начинот како работел Бујар Османи како министер за надворешни работи,“ истакна Кадриу, додавајќи дека ваквите тврдења се нотирани и од Државниот завод за ревизија.
ВЛЕН бара отворање кривична истрага за сите лица вклучени во овој договор, како и активирање на Државниот завод за ревизија за целосна проверка на набавките во МНР за време на мандатот на Османи.
„Бујар Османи е должник пред граѓаните. Овој договор го потпишал во свој мандат и со свој потпис ја одобрил астрономската цена. Не може да се крие зад службеници и процедури,“ рече Кадриу, повикувајќи медиуми, граѓански организации и јавноста да го погледнат договорот.