Црна хроника
Кочанец и понудил превоз на девојка, таа го нападнала и ограбила

Кочанец бил физички нападнат од млада девојка во близина на селото Крупиште, при што му било одземено златно синџирче.
Како што соопшти полицијата, настанот се случил во понеделникот пред полноќ, додека И.Ѓ. (31) од Кочани со своето возило се враќал од Пониква кон Штип, забележал женско лице на коловозот, по што застанал, а истата побарала да биде превезена до селото Крупиште или Штип. Откако стигнале до селото Крупиште, истата извршила разбојништво над И.Ѓ, физички го нападнала и му одзела златен ланец.
По преземени мерки приведена е Б.Е.(25) и по целосно расчистување и документирање на случајот против истата ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.