Македонија
Врховниот суд ја укина одлуката за именување секретар на Кривичниот суд

Врховниот суд на Република Македонија ја укина одлуката со која беше именуван новиот секретар на Основниот суд Скопје 1-Скопје и тоа со решение кое што го донесе Владимир Панчевски, сега веќе порашениот претседател на скопскиот кривичен суд.
Одлуката на Врховниот суд е во склад со укажувањата дека изборот кој што го направи Панчевски е спротивно на законот, а за што против него беше поднесена и кривична пријава.
Ниту Врховниот суд, ниту Основниот суд Скопје 1-Скопје не ја коментира одлуката, а останува и непознато какви се последици ќе предизвика, бидејќи Панчевски беше кривично пријавен токму поради начинот на кој што тој го именуваше новниот секретар на судот, откако стариот секретар, пред нешто повеќе од еден месец, замина во пензија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.