Регион
Убиецот на рускиот амбасадор во Анкара не дејствувал самостојно

Убиецот на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов во понеделникот, не е резултат на индивидуална иницијатива на терористот, туку бил планиран, изјави во саботата турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
„Работиме на идентификување на врските на терористот во Турција и надвор од неа. Во моментов јасно е дефинирана врската на терористот со терористичкото движење FETO (како што официјална Анкара ги означува следбениците на исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во САД – з.р.) Атентатот над рускиот амбасадор не е резултат на индивидуална иницијатива на напаѓачот, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесува агенцијата Anadolu.
Според него истрагата веќе дошла до „,многу важни поединости“, но во оваа фаза смета дека е несоодветно да бидат објавени. Дејствијата се преземаат, додава Сојлу, во тесна соработка со експертите од Русија“.
Турскиот министер за внатрешни работи, исто така, вели дека терористичките напади извршени во земјата по парламентарните избори во јуни 2015 година, и оти нападот врз рускиот амбасадор се дел од истиот план.
„Терористите на PKK (забранетата Работничка партија на Курдистан – з.р.). на движењето на Фетулах Ѓулен (FETO) и Исламската држава“, се само еден инструменти во една голема игра“, смета Сојлу додавајќи дека убиството на амбасадорот Карлов е резултат од активностите на силите кои имаат намера да ги спречат напорите за постигнување мир на Блискиот исток.
„Турција и Русија нема да паднат во таквите стапици. Политичката волја изразена од страна на Москва, е голем доказ за тоа и тоа ни влева надежи…. “.. порачува Сојлу.
Амбасадорот Андреј Карлов беше убиен вечерта на 19-ти декември за време на отворање изложба на фотографии во галерија во Анкара. Атентаторот, младиот полицаец Мевлут Мерт Алтинташ, за време на пукањето извикувал исламистички пароли и дека убиството е одмазда за сирискиот град Алепо. Во претресот на хотелската соба која ја изнајмил и во неговиот дом биле најдени пропагандни материјали за Ал Каеда и FETO.
Одговорноста за нападот ја презема сириската екстремна исламска групација Џаиш ал-Фатах, во која е и Џебхат ал-Фатах ал-Шам, поранешната Џебхат ан-Нусра односно сириското крило на Ал Каеда.
Сепак, турските власти сметаат дека зад нападот стои движењето на имамот Фетулах Ѓулен кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД, кого го обвинуваат и за неуспешниот обид за воен преврат до ноќта на 15-ти јули 2016 година. Самиот Ѓулен негира каква и да е поврзаност со двата случаи.
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави ден по атентатот дека му кажал на американскиот колега Џон Кери оти Анкара и Москва знаат дека зад атентатот стои мрежата на Ѓулен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео/Фото) Србите и Унгарците одржаа заедничка воена вежба

Србија и Унгарија одржаа заедничка воена вежба „Соседи 25“ со цел зголемување на нивото на соработка меѓу армиите на двете земји и размена на борбени искуства, соопшти српското Министерство за одбрана.
Вежбата се одржа на воениот полигон Пасуљанске ливаде со учество на припадници на Првата бригада на српската армија и 30-та механизирана бригада на Унгарија.
За време на повеќедневната вежба, војниците заедно ги вежбаа дејствата на единиците во тактички операции, вклучително и употребата на современи борбени возила, комуникациски системи и опрема за собирање и обработка на разузнавачки информации.
Ова е десетта заедничка вежба наречена „Соседи“ што ја спроведуваат вооружените сили на Србија и Унгарија.
Регион
Во Бугарија и Романија на сила црвен метео аларм поради обилни дождови

Во Бугарија и Романија на сила е црвен метео аларм поради обилни дождови. Обилните дождови продолжија да ја погодуваат Бугарија, што доведе до затворање на патишта, прогласување црвен метео аларм во неколку области, а 51 населено место останаа без електрична енергија поради бурата. Надлежните органи го интензивираат надзорот над сите мостови и инфраструктура што е потенцијално оштетена од поплавите, пишува денес „Новините“. Службениците предупредија дека секоја локација што е изложена на ризик ќе биде веднаш затворена.
Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни, да избегнуваат патувања и да ги следат упатствата на надлежните служби. Бугарскиот национален институт за метеорологија и хидрологија прогласи црвен метео аларм, највисоко ниво на предупредување, за осум области каде што се очекуваат повеќе од 65 литри дожд на квадратен метар, пренесува Танјуг.
Во исто време, властите објавија дека Бугарија ќе побара помош од Европскиот фонд за солидарност за погодените места поради предизвиканите штети.
Метеоролозите во Романија денес го продолжија црвениот временски аларм поради предвидените обилни врнежи од дожд за пет области и градот Букурешт со можност за врнежи до 140 литри на квадратен метар.
Според најновото предупредување на Романската национална метеоролошка управа (ANM), од 21 часот на 7 октомври до 15 часот на 8 октомври се очекуваат обилни врнежи од дожд во неколку области, пишува романската новинска агенција Аѓерпрес.
Фото: принтскрин
Регион
Убиен судија на Апелациониот суд, во судница во Тирана

Судијата Астрит Каљаја беше убиен денес во Апелациониот суд во Тирана додека траеше рочиштето.
Напаѓачот, засега непознат, влегол во судницата и го застрелал Каљаја, кој бил однесен во болница каде што му била пружена медицинска помош, објавува „Албанија пост“.
На местото на настанот, според медиумот, има бројни полициски сили, кои веднаш го уапсиле осомничениот сторител, а како што се наведува, идентитетот на напаѓачот и мотивите на нападот засега се непознати.
Судијата Астрит Каљаја служел со години во албанскиот судски систем, а неодамна во Апелациониот суд во Скадар.
Тој го поминал процесот на верификација во 2019 година, каде што бил потврден на функцијата од Независната квалификациска комисија, а потоа и од Специјалниот жалбен панел во 2022 година.
Фото: принтскрин