Македонија
ДОМ бара прогласување вонредна состојба за спас од загадениот воздух
ДОМ предлага Владата да прогласи вонредна состојба поради екстремното аерозагадување.
„Податоците за 1200 смртни случаи и финансиски загуби од 250 милиони евра годишно како резултат на загадениот воздух се поразителни“, сметаат до ДОМ.
Владата требаше уште на почетоков на зимата да го свика меѓусекторското координативно тело формирано уште во 2011 година од служби на Градот Скопје, Министерството за животна средина и сите надлежни инспекторати и институции задолжени за животната средина. Тоа тело може на експресен начин да ги утврди состојбите со загадувањето и да ги задолжи сите министерства и други надлежни институции да преземат сериозни мерки за спас од загадениот воздух.
„Во изминативе години ДОМ безброј пати јавно предлагаше итни, среднорочни и долгорочни мерки за справување со аерозагадувањето. Некои мерки влегоа во законска регулатива, други во програмските документи на институциите, но недостасуваше волја за нивно доследно спроведување“, велат од ДОМ.
Поради тоа што во воздухот иа 20 пати повисока од дозволената концентрација на ПМ10 честички, ДОМ инсистира на следниве итни мерки во градовите воведување пар-непар, по примерот на Париз и Сараево.бесплатен јавен превоз, повеќе автобуси во јавниот превоз и јавен превоз во градови кај што го нема, воведување ефтина дневна тарифа за струја на домаќинствата, затворање на градилиштата, зелена зона за пешаци и велосипедисти во центарот, забрана за возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај. Потоа бараат субвенции за печки со целосно согорување и квалитетни горива во домаќинствата, редовно миење на улиците со калциум-магнезиум ацетат, строга контрола на индустриските објекти, особено ноќе и за време на викенди, редовно собирање на отпадот.
Од ДОМ ги повикаа сите граѓани да се приклучат на утрешниот Протест за чист воздух и здрави деца./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

