Контакт

Региони

Новогодишни пакетчиња за социјално ранливите и згрижувачки семејства, како и за децата на бранителите во Прилеп

Објавено пред

Традиционално како и секоја година, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, по повод новогодишните и божикните празници во вторникот посети повеќе семејства од социјално ранливите категории, како и семејства кои згрижуваат деца од населбата Варош и заедно со Дедо Мраз им поделија новогодишни пакетчиња.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на овој период до Божикните празници ќе бидат посетени повеќе социјални семејства во градот и населените места, со што покрај пакетчиња за најмладите на овие семејства ќе им бидат доделени и социјални пакети од страна на локалната самоуправа. Ова е практика која ние како локална самоуправа ја спроведува веќе години наназад. Исто така за Нова година никогаш не се заборавени децата кои се сместени во згрижувачките семејства тука во населбата Варош каде секоја година доделуваме новогодишни пакетчиња заедно со Дедо Мраз. До крајот на годината ќе продолжиме со доделување на новогодишни пакетчиња и на други ранливи категории на граѓани“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

„Благодариме на локалната самоуправа и градоначалникот што секоја година не посетуваат пред почетокот на празниците, овие новогодишни колетчиња, како и социјалните пакети многу ќе ги израдуваат нашите дечиња“, рекоа претставниците на семејствата од социјално ранливите категории, како и семејствата кои згрижуваат дечиња и на сите им посакаа да среќни празници.

Новогодишни пакетчиња во зградата на локалната самоуправа им беа поделени и на дечињата од бранителите, учесници во конфликтот од 2001 година.

„Вообичаено како и секогаш по повод Нова година и Божик локалната самоуправа на чело со градоначалниот Марјан Ристески ни доделуваат новогодишни пакетчиња за најмладите и во мое име и името на сите бранители им се заблагодарувам за овој чин и на сите им ги честитам претстојните празници“, рече Марјан Михајлоски, претседател на организацијата на резервни офицери во Прилеп.

Градоначалникот Ристески на денешните предновогодишни средби ги покани дечињата во сабота на 31 декември да присуствувата на на дневно-забавната програма на плоштадот во центарот на Прилеп каде ќе настапат „Јунаците од бајките“ од народниот театар „Војдан Чернодрински“ и познатата музичка група Нокаут.

Ристески, исто така, упати и покана до сите прилепчани да присуствуваат на вечерната програма по повод Нова година која ќе започне во 22,30 часот со настапот на познатите музички имиња Белинда и Шило, а веднаш по спектакуларниот огномет, ќе следува настапот на популарното диџијско трио „The Mode“./крај/мф/мт

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Силен земојтрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија6 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија9 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија10 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија10 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија11 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија12 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет12 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија13 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија14 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија14 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет14 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет15 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет16 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет16 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа16 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет17 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет17 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...