Црна хроника
Пронајдено тело на застрелан маж во близина на кејот на Вардар
Во скопската населба Карпош во вторникот околу 15 часот во реонот помеѓу булеварот Илинден и кејот на реката Вардар, зад ресторанот „Имес“, бил пронајден машки труп со повреда од огнострелно оружје во пределот на градниот кош, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Според првичните информации станува збор за 44 годишниот М.М. роден 1970 година за кого во јавноста се зборува дека е сопственик на познат ресторан во Скопје.
Телото го пронашол случаен минувач кој случајот го пријавил во полиција околу 15 часот и 40 минути, по што полициски органи веднаш излегле на терен и извршиле увид на местото, а телото било дадено на обдукција.
Според првичните сознанија, најверојатно станува збор за самоубиство, а покрај телото на починатиот пронајдена е пушка, која тој ја поседувал со дозвола./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

