Uncategorized
Над 40 уапсени во Измир во врска со нападот во Истанбул
Околу 40 лица кои се осомничени за поврзаност со џихадистичката група Исламска држава којашто ја презема одговорноста за терористичкиот напад врз ноќниот клуб во Истанбул во новогодишната ноќ, се уапсени во средата во турската егејска покраина Измир, пренесуваат турските медиуми.
Како што пренесува агенцијата Dogan, дваесет деца, девет мажи и единаесет жени, повеќето од Источен Туркестан, Дагестан и Киргистан, наводно биле меѓу приведени.
Претходно во средата турската полиција соопшти дека привела 27 лица, меѓу кои и членови на три семејства, кои наводно се поврзани со напаѓачот во истанбулскиот клуб „Reina“ во кој беа убиени 39 луѓе во областа Буча во Измир.
Полициски тимови рано утрото извршиле рации на неколку адреси во Централна Анадолија, во покраината Конја, за приведување на осомничени членови на неколку семејства. Меѓутоа, осомничените не биле пронајдени на посочените адреси, додава агенцијата. Наводно некои од бараните лица побегнале во Измир, напуштајќи ја Буча пред две седмици.
Истовремено, некои турски медиум објавија дека извршителот на терористичкиот напад би можел да биде припадник на туркофоната муслиманска заедница Ујгури, чија татковина е во Кина. Според весникот Haberturk, тој во Турција влегол со семејството со фалсификувани документи.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во интервју за новинската агенција Anadolu изјави дека властите го идентификувале сторителот, но одби да го открие неговиот идентитет./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Најмалку 10 лица загинаа во пожар во Шпанија
Најмалку 10 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во североисточна Шпанија.
Пожарот избувна рано утринава во домот „Вила Франко де Ебро“, во близина на Сарагоса.
Причината сѐ уште не е позната.
Uncategorized
Филипче: Само за камати за унгарскиот кредит годишно ќе се платат 18 милиони евра
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра. Филипче порача дека граѓаните ниту се должни ниту имаат некаков бенефит од плаќање на камати за овој кредит. При тоа, Филипче потенцираше дека повлекувањето на парите од унгарскиот кредит, отвора сериозно загрижувачки прашања, односно дека ниту општините се подготвени да ги искористат, ниту пак има развиен механизам како ќе се поделат парите на компаниите, а во меѓувреме граѓаните ќе плаќаат камати.
„Годишно каматите за тој кредит ќе изнесуваат околу 18 милиони евра. Тоа значи дека ние веќе плаќаме камати за кредит којшто е целосно повлечен иако можело да се повлекува на пример по делови, а едноставно не може да искористи. Тоа значи дека кога некој граѓанин ќе купи стан или кола, ќе земе кредит, а станот или колата ќе му дојдат следната година. Тоа нема никаква домаќинска логика. Не знам зошто премиерот и Владата вака недомаќински се однесуваат со ресурсите на државата и со парите на граѓаните. За да се направат проекти, за да се реализираат и за да се стигне до наплата треба сериозен број на месеци, а ние имаме најмалку шест месеци период во којшто граѓаните плаќаат камати без никаква потреба“, рече Филипче.
Во однос на механизмот за поделба на парите кон компаниите, Филипче потенцираше дека Владата и за овој дел нема план и дека очекувано ќе биде комерцијалните банки за своите трошоци да ја зголемат каматната стапка.
„Не станува збор очигледно за така поволен кредит како што Владата сакаше да го рекламира на почетокот. Моите информации се дека има компании коишто се добро рангирани кои од нашите банки земаат кредит со каматна стапка под 3%. Тоа значи дека има многу поповолни кредитни линии за компаниите. Зошто граѓаните да плаќаат камати и да враќаат кредити за развој на некои компании. Каков бенефит ќе имаат граѓаните кога ќе плаќаат кредити за развој на некои комерцијални компании? Зошто не беше премиерот и Владата фер да кажат дека каматата нема да биде само 3,25%, туку дека ќе биде многу повеќе, а сега во овој временски период и значајно повеќе од тоа што реално може да се најдат пари на пазарот и преку комерцијалните банки“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Uncategorized
Русија изврши напад врз Украина со крстосувачки ракети и беспилотни летала напаѓајќи го Киев
Во текот на ноќта и утринава Русија ја нападна Украина со стратешки бомбардери, крстосувачки ракети од различен тип и наведувани воздушни бомби, а нешто подоцна следуваше и самоубиствен напад со беспилотно летало, соопштија украинските власти.
Според податоците на украинските воздухопловни сили, шест авиони „ту-95 мс“ полетале за Украина, пренесува „Укринформ“.
Одбранбените сили на Украина на „Телеграм“ објавија дека до 10 часот денеска собориле два крстосувачки ракети „Х-101“, кои биле лансирани од областа на Каспиското Море, како и две балистички ракети „Искандер-М/КН-23“ лансирани од Воронежскиот регион во Русија.