Црна хроника
Нишлија пред Нова година ограбил скопјани додека спиеле

Кривична пријава поднесе СВР Скопје за српски државјанин, жител на Ниш кому му е одреден осумдневен притвор, осомничен дека на Нова година во скопската населба Карпош извршил две кривични дела „тешка кражба на особено дрзок начин“ и „тешка кражба во обид“
Делата 44 годишниот нишлија идентификуван со иницијалите В.П., заедно со уште едно засега непознато лице, ги извршиле утрото на последниот ден од 2015 година, на улицата „Париска“ на подрачје на општината Карпош.
Првото кривично дело за коешто се товари, „тешка кражба на особено дрзок начин“, било извршено во стан кога двајцата осомничени дошле до влезната блиндор врата од станот со употреба на погоден алат ја отклучиле влезната врата од станот и влегле во претсобјето.
На шкафчето во предсобјето пронашле женска чанта која ја зеле со себе, а потоа ја отвориле вратата од спалната соба, каде спиеле оштетените, влегле во собата и од едното столче земале една машка јакна и незабележани од оштетените кои цврсто спиеле излегле од станот.
На одморалиштето меѓу катовите ги пребарале џебовите од јакната во кои не нашле ништо, а по пребарување на чанта во еден паричник пронашле и одзеле 1.100 денари, а потоа повторно го вратиле паричникот во чантата и заедно со јакната ги вратиле во предсобјето на станот, по што истите го напуштиле лице местото.
Веднаш потоа двајцата дошле до влезната блиндор врата од соседниот стан и со употреба на погоден алат се обиделе да делуваат на бравата, но бидејќи на самата брава имало од внатрешноста клуч од сопственикот, пријавените по неколку неуспешни обиди за да ја отворат заклучената влезна врата, се откажале од намерата и го напуштиле лице местото.
Разбојничката двојка биле забележана од оштетениот кој веднаш ја известил полицијата за настанот, а набргу полициски службеник на улицата „Бледски договор“ го фатил пријавениот В.П. Тој бил приведен во полициската станица „Карпош“ каде во разговорот го признал делото и го објаснил начинот на кој го извршил./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.