Сервисни информации
Променливо облачно и многу студено
Времето во понеделник ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен северен ветер. Преку ноќта кон вторник ќе има повремен снег претежно на југот од земјата.
Утринските температури се движат околу рекордните минимуми од -8 на југот, до -24 во Берово, а во целата земја се пониски од -15 Целзиусови степени, додела максималните дневни ќе се движат во интервалот од -4 до -14 степени.
Во Скопје и околината утринската температура е -16, додека во текот на денот ќе се зголеми до -8 степени.
До вторник ќе се задржи променливо облачно и понатаму многу студено време со услови за повремено провејување на слаб снег почест утре од вечерните часови. Во вторник ќе има повремени врнежи од снег и се уште ќе дува северниот ветер, но ќе биде послаб.
Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време и ќе започне постепен пораст на температурата.
На крајот на работната седмица краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд./крај/ухмр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови со услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд
Времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и во делови од регионот со услови за краткотарен пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степен.
Од недела следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 5 степени.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.