Контакт

Uncategorized

Сенатот ги потврди именувањата на Матис за нов шеф на Пентагон и на Кели за татковинска безбедност

Објавено пред

Американскиот горен дом на парламентот Сенатот со големо мнозинство во петокот го потврди пензионираниот морнарички генерал Џејмс Матис за нов министер за одбрана, како и Џон Кели на должноста министер за внатрешна/татковинска безбедност.

dobivaj vesti na viber

Матис доби поддршка од 98 од вкупно 100 сенатори, а за потврдата му беше потребно просто мнозинство. За Кели, пак, гласаа 88 а против беа 11 сенатори.

Именувањето на Џејмс Матис преставува преседан бидејќи станува збор за поранешен генерал на вооружените сили, кои бројат 1,9 милиони припадници на активниот и резервниот состав, кој станува висок цивилен функционер. А 66-годипниот Матис е пензиониран само две ипол години.

Матис, кој се пензионираше во 2013 година, технички не ги задоволуваше условите за новата должност, бидејќи притоа не бил цивил најмалку седум години. Тоа значи дека Конгресот во неговиот случај мора да направи исклучок, што не го сторил од 1950 година. Односно, Џејмс Матис е првиот поранешен генерал кој стана министер за одбрана по Џорџ Маршал во 1950 година во мандатот на претседателот Хари Труман.

Пензионираниот генерал изјави во сослушувањето пред сенатската комисија за вооружени сили дека Русија, Кина и исламските милитанти се најголемиот предизвик за „светскиот поредок од Втората светска војна“. Матис особено во сослушувањето ја потенцираше својата намера да развие стратегија за спротиставување на Русија.

Пензионираниот генерал Џемјс Матис, познат како „Бесното куче“, беше жесток критичар на политиката на актуелниот американски претседател Барак Обама на Блискиот исток, особено во однос на Иран. За Иран тој зборуваше како за „најголемата закана за стабилноста и мирот на Блискиот исток“.

Генералот Џејмс Матис учествувал во војните во Авганистан и во Ирак. Бил Врховен командант на здружените вооружени сили на НАТО за трансформација, началник на Заедничката команда на вооружените сили на САД, началник на Централната команда на американски војски. Матис отстапи од должностите и се пензионираше во 2013 година. Во политичките кругови е познат како ткн тврдолинијаш, кој за Русија смета дека има намера да го „растури НАТО“, а за Кина дека „игра на противречностите“ меѓу американските сојузници

Матис беше еден од „финалистите“ за оваа клучна позиција во следната американска администрација. Трамп вети дека ќе ја интензивира борбата против џихадистичката организација исламска држава во Сирија и во Ирак, двете боишта кои овој генерал добро ги познава.

Исто така пензионираниот генерал Џон Кели, поднесе оставка на челното месо на Јужната команда на американските вооружени сили во јануари 2016 година. Со тоа, тој ќе биде третиот човек во администрацијата на Трамп со генералски чин.

Служејќи во американската армија повеќе до 40 години, пензионираниот генерал на Маринскиот корпус, Кели е познат по своите критики на администрацијата на претседателот во заминување Барак Обама. Како челник на Јужната команда, под чија одговорност потпаѓа и злогласниот затвор Гвантанамо на Куба, тој жестоко се противеше на неговото затворање и според американските медиуми, дури и го попречувал остварувањето на ова ветување на Обама. Го критикуваше, исто така, и укинувањето на ограничувањето за жените за воена служба во сите родови на американската армија.

Во периодот 2008/2009 година, генералот Џон Кели командуваше со коалиционите сили предводени од САД во западен Ирак. Неговиот син, потполковникот Роберт Мајкл Кели, во 2010 година загина во Авганистан.

Министерството за национална безбедност е третото министерство по големина во САД, во кое се активни 240.000 службеници. Ова министерство, формирано по серијата терористички напади во САД во 2001 година, е одговорно за јавната безбедност, борбата со кибернетичкиот криминал, за предупредување и од природни катастрофи, а исто така и за проблемите со имиграцијата и за сигурност на границите./крај/мф/сн

Uncategorized

Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Објавено пред

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.

dobivaj vesti na viber

Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.

Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.

Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.

-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Фото) По разводот, Ана Ивановиќ не може да ја симне насмевката од лицето, се јави од Мајорка

Објавено пред

Српската тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото судејќи според нејзините објави на „Инстаграм“.

dobivaj vesti na viber

Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Позира на плажа и во еден бар, облечена во кафеав фустан од Poupette St Barth со шапка од Hermès и очила за сонце Celine.

Пред тоа таа се пофали и со фотографии од плажа покажувајќи како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборавила својата најголема љубов – тенисот. На сите фотографии во последно време Ивановиќ не симнува насмевка од лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди во изјава за германскиот весник „Билд“ кон крајот на минатиот месец дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал, Бастијан Швајнштајгер, се разделиле. Во писмото, кое го доби и германската новинска агенција ДПА, се наведува дека раскинувањето се должи на непомирливи разлики“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Голем број битолчани го искористија бесплатниот скрининг за Хепатитис и болести на црниот дроб

Објавено пред

По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, во Битола се реализираше бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија, спроведени со мобилната медицинска единица од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Настанот беше дел од националната кампања, организиран во партнерство со: Хепар Центар Битола, Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за инфективни болести – Скопје, Официјалната комисија за хепатоцелуларен карцином, Општина Битола, Центарот за јавно здравје – Битола и Клиничката болница Битола.

Граѓаните покажаа исклучителен интерес за скринингот, кој поради зголемената посетеност продолжи еден час подолго од планираното – сè до 13:15 часот – со цел да им се овозможи на сите заинтересирани да се тестираат.

Особено значајна беше поддршката од страна на градоначалникот Тони Коњановски, кој лично ја посети мобилната единица и ја поздрави оваа важна здравствена иницијатива.

Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Фон дер Лајен: Путин мора да седне на преговарачка маса, Европа ќе ја одигра својата улога

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес разговараше телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд...

Топ10 часа

21-годишно момче загина а две лица се тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко...

Топ10 часа

Битолчанец се удавил во водите на Охридското езеро

Вчера во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од...

Македонија11 часа

Мицкоски до Филипче: Време е да бидат конструктивна опозиција, растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на Владата на СДСМ

„Добро е да се направи споредба меѓу параметрите што ги прават СДСМ и ДУИ кога тие беа во Владата седум...

Македонија12 часа

Османи: Албанците никогаш нема да прифатат некој друг да одлучува во нивно име

Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи, реагираше на последните изјави на премиерот Мицкоски, кој најави...

Македонија13 часа

Арсовска: „Такво време дојде, ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи пред утрешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на...

Македонија15 часа

ДУИ: Од Балансер до Бадeнтер, план за рушење на уставниот поредок

Северна Македонија никогаш немала влада- по настроена против Охридскиот договор, против европската иднина и европската интеграција и повеќе од рамнодушна...

Свет15 часа

Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека европските политичари во моментов се „најжестоките противници на мирот во Украина“,...

Топ16 часа

Го удирале со боксови по целото тело и глава: преку психијатриско вештачење ќе се утврди дали тројцата осомничени свесно го извршиле убиството во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како...

Македонија17 часа

На ГП Меџитлија откриени над 300 шишиња со хемиски препарати за прскање: спречен обид за криумчарење

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Во раните...

Свет17 часа

(Видео) Напаѓачот од САД се претставувал како жена: оставил морничави пораки

Напаѓачот во училиштето во Минеаполис, кој уби две деца и рани најмалку 17 други, е идентификуван додека полицијата истражува манифест...

Македонија1 ден

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за...

Македонија1 ден

Родителите од Демир Хисар револтирани: Законот ги принудува учениците на сместување во домови за да добијат превоз

Родители од Демир Хисар изразија незадоволство од измените на законот за средно образование и изразија загриженост за превозот на децата...

Македонија1 ден

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија1 ден

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ1 ден

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија2 дена

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ2 дена

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија2 дена

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...