Црна хроника
Разбојник нападнал и ограбил двајца тинејџери во Скопје
Непознат рзбојник нападнал девојче и момче во Скопје, при што им украл мобилни телефони и 770 денари.
Според полицискиот извештај, во понеделникот околу 15.30 часот во Скопје на бул. „Партизански Одреди“ непознат сторител извршил разбојништво над шеснаесетгодишно девојче и нејзин петнаесетгодишен другар. Сторителот им пришол од зад грб во влез од зграда каде го удрил девојчето со тупаница по лицето, а потоа со закана со нож им одзел два мобилни телефони и 770 денари по што истиот заминал во непознат правец.
Полицијата од Центар презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка на паркинг-простор во скопски Аеродром
Денеска околу 02:25 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(42) од Пробиштип пријави дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од О.А.(37) од Скопје.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Црна хроника
Прегазена жена во Битола
Утрово во 05:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната И.А. од Битола, удрило во пешакот Ј.Н.(57).
Во несреќата Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
Уапсени возачи во Штип, Кочани, Кумановско и Кичевско: возеле пијани и со брзина поголема од дозволената, а двајца од нив предизвикале и сообраќајни незгоди
Вчера во 14:13 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Н.(57) од Штип. Претходно, во 14:00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, тој со неговото возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „нисан“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(44) од Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(64) од Штип и патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 53-годишната В.Ч. од Штип.
При преземање мерки во врска со незгодата и по извршено алкотестирање со дрегер констатирано е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,57 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 20:01 часот на ул.„ВМРО“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода Н.М.(45) од с.Горни Подлог, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучена од сообраќај и задржана во полициска станица.
На 14.12.2025 во 12:06 часот на регионален пат во с.Љубодраг, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Љ.(19) од с.Љубодраг. При контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека управувал патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 95 километри на час во населено место каде максимално дозволена брзина е ограничена со сообраќаен знак на 40 километри на час.
На 14.12.2025 во 22:49 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.П.(48) од с.Лескоец, охридско. При сообраќајна контрола на ул.„15 Корпус“ во Охрид сопрено е патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај место викано „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево. Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
фото: МВР

