Црна хроника
Тешка сообраќајка на „Партизанска“, повредени двајца млади

Момче на возраст од 19 години е тешко повредено, како и неговиот сопатник во стравичната сообраќајна незгода што се случи во петок вечер на крстосницата на улиците „партизански одреди“ и „париска“ во Скопје.
Во петокот, во 21.50 часот во Скопје на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со ул.„Париска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ. (19) од Скопје и автомобил „БМВ“ без регистарски ознаки, управувано од И.А. (21) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Ѓ и сопатникот од неговото возило М.А.М. (18) од Скопје, кои биле пренесени во Ургентен центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
1624 семки канабис одземени од велешанец при претрес на неговиот дом, полицијата го уапси

Полицајци од одделот за недозволена трговија со дрога го уапси 41-годишниот (Т.Б.) од Велес. По издадена судска наредба тие при претрес во неговиот дом пронајдоа и му одзедоа кафена прашкаста материја, 1624 семки канабис и остатоци од зелена растителна материја, извести полицијста
(Т.Б.) е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Полицијата уапси 15-годишник во Скопје, насила одзел пари на 44- годишен маж

Вчеравечер полицијата уапси 15-годишен малолетник од Скопје по претходна пријава дека во скопски Центар насила одзел пари од 44-годишен маж.
Оштетениот пријавил во полиција која, пак, за кусо време го пронашла и го уапсила малолетникот. Од МВР најавија соодветна пријава по целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Му стигнало писмо од извршител за два кредита кои не ги зел, 23-годишен скопјанец пријавил измама

23-годишен скопјанец во четвртокот во скопската полиција пријавил злоупотреба на личните податоци. Според пријавата, непознато лице во 2021 година на име на пријавителот зело два кредита од финансиско друштво. Дознал за измамата минатата недела кога му стигнало писмо од извршител за неплатен долг во износ од 80.758 денари.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.