Uncategorized
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го загуби мнозинството во Советот на Струмица
Партијата СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев се поразени во Струмица и од денеска тие немаат мнозинство во Советот на општина Струмица, не се повеќе власт и немаат кредибилитет да продолжат да управуваат и владеат во Струмица, истакна во неделата пред новинарите Зоран Пакетов советник во Општина Струмица.
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Пакетов, рече дека оваа советничка група деновиве успеала во своите редови да го придобие кандидатот советник од ВМРО-НП, со што го добиле потребното мнозинство од 12 советници, наспроти во моментов 10 мандати со кои располага СДСМ.
„Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ‘За подобра Македонија’ и ВМРО-НП имаат легитимно мнозинство во Советот на општината. На последната седница се гласаше за дневен ред каде што немаше расположение од советничката група на СДСМ и ја блокираa работата на седницата и на комисијата зa мандатни прашања. Се потрудивме во интерес на граѓаните во коалиција со советникот од ВМРО-НП да го деблокираме работењето на Советот на Општина Струмица“, рече Пакетов.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Струмица бараат итно да биде свикана седница на Советот на која ќе се верификува новото советничко мнозинство и ќе се избере нов претседател на Советот.
„Бараме итно да се свика седница на Советот со која ќе се верификува новото советничко мнозинство и ќе се избере нов претседател на советот. Ќе побараме избор на нов градоначалник на општина Струмица. затоа што Зоран Заев нема легитимитет, не е веќе власт во Струмица“, додаде Пакетов.
„Потоа, ќе побараме избор на нов градоначалник на општина Струмица, бидејќи Зоран Заев веќе нема легитимитет, тој веќе не е власт во Струмица. Ова значи нов почеток за Општина Струмица. Почнува транспарентно и отчетно работење во Струмица. Ова значи крај на нетранспарентните и матни тендери и богатење на поединци на грбот на општина Струмица. Ова значи крај на ерата на заплашување и притисоци. Струмичани добиваат одговорна власт за граѓаните. Ќе биде направена целосна ревизија на работењето во сите општински институции и започнува почеток на многу проекти за граѓаните на општина Струмица“, рече Пакетов./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

