Европа
Киев не дава примирје до предавање на бунтовниците, за кои е беспредметно да се преговара

Портпаролот на украинската армија којашто од април ја спроведува воената операција во источните делови од земјата го отфрли примирјето на кое повика еден од челниците на проруските бунтовниците поради создавање хуманитарни коридори за помош на цивилното население кое во градовите Донецк и Луганс цела седмица е без струја и вода, а при крај се резервите од храна, лекови и гориво, и истакна дека до тоа ќе дојде само доколку проруските милиции „истакнат бело знаме и се предадат“
Свет Киев не дава примирје до предавање на бунтовниците, за кои е беспредметно да се преговара Киев/Донецк, 10.08.2014 (Макфакс) – Портпаролот на украинската армија којашто од април ја спроведува воената операција во источните делови од земјата го отфрли примирјето на кое повика еден од челниците на проруските бунтовниците поради создавање хуманитарни коридори за помош на цивилното население кое во градовите Донецк и Луганс цела седмица е без струја и вода, а при крај се резервите од храна, лекови и гориво, и истакна дека до тоа ќе дојде само доколку проруските милиции „истакнат бело знаме и се предадат“
Украинскиот воен портпарол Андриј Лисенко во неделата одговарајќи на новинарско прашање во Киев рече дека „каква и да е иницијатива (за примирје) би требало да биде реализирана на практичен начин, а не со зборови, што значи со истакнување на бели знамиња и полагање на оружјето“. „Такви практични потези засега не можеме да забележиме“, истакна портпаролот, пренесува Reuters
Во меѓувреме проруските бунтовници се откажаа од претходно понудените преговори за можен прекин на огнот, и нагласија дека првенствено украинската армија треба да ги сопре своите борбени операции. Во соопштението што го објавија властите на самопрогласената Народна Република Донецк се наведува дека се подготвени на примирје под покровителство на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за да се избегне хуманитарна катастрофа, но истовремено истакнуваат дека „сé додека украинската армија продолжува со своите воени операции, секаков разговор за примирје е беспредметен“.
„Да се зборува за прекин на огнот е беспредметно, бидејќи со украинските власти апсолутно не може да се преговара. Сепак, и покрај тоа што консултациите за примирјето со учество на ОБСЕ не дадоа резултати, властите на (самопрогласената) Донецка Народна Република се подготвени да ги продолжат“, се наведува во соопштението на ткн влада на ДНР што го цитира РИА Новости.
„Бидејќи украинската страна не е воопшто способна да преговара, како што покажува досегашната практика, разговорот за условите за прекин на огнот е апсолутно беспредметно (…) И покрај повиците на светската заедница, Киев ја продолжува својата казнена (одмаздничка) операција“, се додава во соопштението во кое се истакнува и дека се подготвени да ги продолжат „неформалните консултации со учество на ОБСЕ, како и дека во преговорите треба да учествуваат официјални лица на украинските власти а не „некаква контактна група“ која немала никакви овластувања. .
Во неделата инаку продолжи артилерискиот оган врз центарот на Донецк, главен индустриски центар во источниот дел од Украина со преку милион жители, од страна на украинската армија . Бунтовниците, пак, соопштија дека во близина на градот во правец на другото бунтовничко упориште Луганск, уништиле колона од триесетина возила на украинската војска, меѓу кои и тенкови, бори коли и автобуси. И двете страни засега не објавија за евентуални жртви и настрадани./крај/мф/сн
Извор: Reuters/РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин