Европа
Италијанските одгледувачи ги доведоа овците во центарот на Рим
Италијанските одгледувачи од областите погодени од земјотресите во вторникот ги доведоа своите овци во центарот на престолнината Рим во знак на протест поради тоа што доцни обновувањата на сточниот фонд.
Повеќе до 10.000 животни на имотите во централна Италија настрадале или се повредени во земјотресите и многу студеното време, истакнуваа сојузот на одгледувачите Coldiretti.
Пред парламентот на импровизирано трло во кое се три овци спасени од областите коишто ги погодија низата земјотреси, а одгледувачите ги истакнаа натписите „Бирократијата е посмртоносна од потресите“.
Во централните региони Лацио, Марке, Абуци и Умбрија, каде што тресењето на почвата трае од август 2016 година, има илјаднци фарми.
Премиерот Паоло Џентилони го одби нацрт законот за помош на луѓето погодени од потресите, вклучувајќи и 35 милиони евра со кои треба да се надоместат загубите на одгледувачите. Целта на законот е и да им се олесни на регионалните власти купувањата на привремени штали. Сопствениците на фармите велат дека за 85 отсто од нивната стока се потребни засолништа.
„Одгледувачите сé уште не знаат каде се сместени нивните преживеани крави, свињи и овци, кои се изложени на студенило, или им се закануваат болести, или се во напуштени згради“, предупредија од сојузот на одгледувачите/
Стресот кај животните предизвикан од постојаните треперења на почвата влијаела на производството на млеко коешто за 30 отсто се намалило во оваа област. А министерството за земјоделие вели дека почнала да ја исплаќа финансиската помош./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ги убил двајцата внуци, па си пресудил самиот на себе: пензионер се забарикадирал во куќа во Шпанија
Трагедија се случи во мал шпански град кога пензионер ги уби своите двајца внуци на возраст од 10 и 13 години пред да се самоубие – два месеца откако сопруга и ќерката му загинаа во сообраќајна несреќа додека тој возел.
Полицијата ја опколила куќата на 72-годишниот маж откако тој синоќа се забарикадирал во имотот со момчињата.
Нивните три тела беа пронајдени околу 8.30 часот утринава во разни простории од куќата во Хуетор Тајар – град со околу 10.000 жители, во близина на градот Гранада во јужна Шпанија – кога насилно влегле вооружени полицајци.
Едното дете е убиено со огнено оружје, а другото се удавило.
Извори блиски до истрагата велат дека едно од децата имало прострелни рани, а другото се верува дека се удавило.
Истражителите на Цивилната гарда велат дека пензионерот се застрелал со истото огнено оружје што го користел за да го убие својот внук.
Неговата сопруга и ќерката, мајка на две деца, ја загубија борбата за живот кога беа исечени од остатоците од автомобилот што го управуваше 72-годишникот.
Европа
Се огласи болницата во Банска Бистрица: Ова се последните информации за состојбата на Роберт Фицо
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше ранет во обид за атентат минатата недела, е стабилна, соопштија од болницата во Банска Бистрица.
„Клинички се подобрува, комуницира, воспалителните параметри полека се намалуваат. Премиерот останува под наша грижа“, соопштија од болницата во Банска Бистрица по денешната седница на советот.
Фицо беше тешко ранет минатата среда по состанокот на кабинетот кога се приближи до насобраните луѓе.
Тој со хеликоптер беше префрлен во болницата во Банска Бистрица, каде што итно беше опериран и оттогаш е таму.
Претходните денови се зборуваше за префрлање на премиерот во друга институција, но како што може да се заклучи од денешното соопштение на болницата, тој засега останува во Банска Бистрица.
Европа
Украина со дронови нападна руска рафинерија: „Има штета, престана да работи“
Руска нафтена рафинерија во Славјанск, во Краснодарската област, беше оштетена по напад со беспилотно летало кон крајот на минатата недела, објави денеска државната новинска агенција „Тасс“ цитирајќи претставник на компанијата за безбедност.
Шест беспилотни летала погодија област на нафтена рафинерија во Славјанск во јужниот дел на Русија Краснодар во раните утрински часови, според локалните власти.
Новинската агенција „Интерфакс“ објави дека рафинеријата престанала да работи по нападот.
„Причинета е штета. Ќе се утврдат нејзината големина и опсегот“, ја цитира „Тасс“ изјавата на безбедносниот претставник Едуард Труднев во понеделникот.
Рафинеријата во Славјанск е приватна постројка со капацитет од речиси 100.000 барели дневно. Произведува гориво за домашни потреби и за извоз.