Uncategorized
Американски судија им дозволи на Хаваи оспорување на новиот имиграциски указ на САД
Американски сојузен судија во средата изјави дека сојузната држава Хаваи, каде инаку е роден донеодамнешниот демократски претседател Барак Хусеин Обама Втори, може да поднесе дополнителна тужба против новиот извршен указ на актуелниот републикански претседател Доналд Трамп со кој привремено им се забранува влегувањето на бегалци и државјани од шест земји, кои доминантно се муслимански.
Американскиот окружен судија Дерик Ватсон изјави дека Хаваи може да ја дополнат својата првична тужба со којашто ја оспорија првата забрана од 27-ми јануари. Споменатата сојузна држава тврди дека изменетиот указ за забраната којашто претседателот на САД Доналд Трамп го потпиша на 6-ти јануари го крши американскиот устав. Тоа е првото правно оспорување на ревидираната извршен указ.
Државата Хаваи ќе побара во понеделникот во среда судот итно да го запре новиот указ на Трамп, според судскиот дневен ред кој го потпишал судијата, сослушувањето е закажано за 15-ти март, ден пред новиот указ да стапи на сила.
Првичната наредба за влегувањата на државјаните на тогаш седумте држави беше оспорена во повеќе од дваесет тужби ширум САД. Сојузниот судија од Сиетл првиот указ го суспендираше а таа одлука ја поддржа и апелациониот суд во Сан Франциско. Американската влада остана со можност да го продолжи процесот пред Врховниот суд, но администрацијата на Трамп сакајќи да го избегне долгиот процес се одлучи на нов ублажен указ.
Новиот указ е многу потесен. Ја здржува 90-дневната забрана за патувања во САД за државјаните на Иран, Либија, Сирија, Сомалија, Судан и Јемен, но го исклучува Ирак и се применува само на новите баратели на визи, а не на оние кои веќе имаат уредни визи, а од неа изземени се и оние кои имаат постојано живеалиште во САД, односно ткн „зелена карта“ и, исто така, ја отстранува неограничената забрана за сите бегалци од Сирија.
Според правните експерти оспорувањето на судот сега ќе биде многу потешко, бидејќи изменетиот указ овозможуваат изземање од забраната за повеќе лица и јасно во неа се истакнува дека не се однесува на исламот.
Хаваи во својата тужба тврдат дека државните универзитети ќе претрпат штети со новиот ука, бидејќи ќе имаат проблеми со регрутирање студенти и предавачи. Исто така, тврдат дека економијата на оваа сојузна држава острово ќе биде погодена со падот на туризмот.
Поборниците на имиграцијата велат дека новата забрана, како и првата, ги дискриминира муслиманите.
Американската влада, пак, вели дека претседателот има широки овластувања во спроведувањето на имиграциските политики, како и оти прописите за патувањата се неопходни во заштитата на граѓаните од терористички напади./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
(Фото) Редно беше да ја видиме во проѕирен фустан: тело како ова не заслужува ништо помалку
Актерката Кејт Хадсон, која ја обожававме во романтичните комедии, сè уште нè остава без здив со својата природна убавина и совршен изглед, а честопати се чини дека не остарела ниту еден ден.
Таа е сигурно една од холивудските ѕвезди кои стареат грациозно, а благодарение на редовните тренинзи и внимателно избраната исхрана што ја практикува со години, Кејт Хадсон е меѓу дамите кои со најголема самодоверба знаат како да носат проѕирен фустан – и сигурно заслужуваат да се појават во него.
Кејт позираше во Берлин со Хју Џекмен на премиерата на нивниот нов филм „Song Sung Blue“, а за оваа пригода нè почасти со неочекуван, но исклучително впечатлив и елегантен фустан.

Таа носеше елегантен син, проѕирен фустан со длабоко деколте, зад кој стои потписот на познатата дизајнерка Вера Ванг. Фустанот има големо деколте напред, долги пуфкасти ракави и набори, но и отворен грб, а всушност е целосно направен од тил.
Под фустанот, Кејт носеше црн спортски градник и свиленкасти шорцеви, покажувајќи дека не е една од оние колешки кои „дозволуваат“ премногу да се открие.

Зачудувачката актерка ја врза косата во пунџа, носеше впечатливи обетки и шминка во природни тонови за овој свечен изглед.
фото: принтскрин
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

