Daily news
Кирацовски до Вељановски-„Или работете деловнички или станете од фотељата“ Вељaновски- За станување од столчето ќе почекате малку
На осмото продолжение на конститутивната седница каде што воглавно на говорницата се редеа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, со процедурална забелешка ја пресече пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски, кој рече дека СДСМ и коалцијата се откажува од говорење во интерес на де-блокада на Собранието.
Кирацоски посочи дека клучот за оваа разрешница е преседавачот Трајко Вељановски.Тој ги прочита членот 89 и 90 од деловникот и посочи дека преседавачот Вељановски не ги почитува, со тоа што не ги прекинува пратеницие кога зборуваат надвор од точката на дневен ред.
„Ако работевте деловнички, зборот на 90 отсто од пратениците ќе им беше одземен, точката ќе беше завршена, ќе изберевме претседател, па дури и нова влада на Македонија. Затоа господине Вељаноски или работете во интерес на граѓаните или напуштете ја таа фотеља, посочи Кирацовски обраќајќи му се на Вељановски.
Му реплицираше Вељановски кој рече дека немал право да го ускратува правото на говор на пратениците и ги опоменувал кога го пречекорувале времето или зборувале надвор од темата.
„Јас работам по деловникот, не е моја вина што денеска за реплика на Крсто Мукоски се пријавија 70 пратеници, a за станување од столот ќе почекате додека не заврши седницата, јас не сум Дедо Мраз да исполнувам желби.“, рече Вељановски.
На него се надоврза пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој рече дека никој освен Беса ни една друга партија нема регистрирано пратеничка група и и оттука како што кажа како што можел СДСМ да бара цело време процедурални забелешки за една иста тема ,така можат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
“Оваа конститутивна седница ја почнавме заедно и вие од СДСМ самите го баравте тоа. Да не помислувате да креирате инциденти во Собранието знаејќи дека и онака атмосферата, е тензична.Да бидеме стабилни затоа што на никој не му требаат нови проблеми.“
Претходно група пратеници од СДСМ, декларативно ја напуштија седницата во знак на протест за како што велат узурпирањето на говорницата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во салата единствено останаа лидерот на СДСМ Зоран Заев и пратеницте Оливер Спасовски, Александар Кирацовски и Фросина Ременски.
На осмата седница, од пријавените над 50 пратеици поминаа четрири. Моментално е тече дискусијата по 5-тиот пријавен говорник, Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/гд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.