Daily news
ИРУ бара поголем ангажман на владите за подобрување на положбата на Ромите
Во пресрет на одбележување на 46 години од одржувањето на првиот Светски ромски конгрес во Лондон, Велика .Британија, кога се воспоставени темелите на денешниот ромски идентитет (знаме, химна, терминологија Роми и ромска нација), Интернационалната ромска унија – ИРУ, како најголема активна интернационална ромска организација, ја користи оваа прилика преку Манифест да и се обрати на јавноста:
М А Н И Ф Е С Т
-По повод 8-ми Април – Интернационалниот ден на Ромите, ИРУ бара поголем ангажман на националните влади и истовремено и меѓународните институции во соработка со ромските организации и институции за одбележување на настаните кои се од историска важност за Ромите. Тоа подразбира организаирање на културни манифестации, конференции и научни симпозиуми.
-ИРУ бара, 2-ри Август – Ден на Холкаустот врз Ромите – Poramojs – Samudaripen, отварање на поголем број на меморијални музеи, подигање и означување на спомен обележја на сите тие локации – места каде се извршени злосторствата врз Ромскиот народ. Воедно ИРУ ќе превземе правни инструменти за досегашниот ангажман и делување на организациите кои се занимаваат со Ромскиот холокауст,
-ИРУ бара и одбележување на Светскиот ден на ромскиот јазик, 5 -ти Ноември – Ден на една од најголемата културна идентификација на Ромската нација. Овој ден да се одбележи со организирање на поголем број на литературни научни симпозиуми , драмски , образовно -културни настани. ИРУ истовремено бара од Европскиот ромски институт во Берлин, кој беше подржан од наша страна за негово отварање, поголема транспарентност и соработка на професионално ниво, во сите сегменти на нивното делување.
-Интернационалната Ромска Унија – ИРУ бара отворена превземена акција на самите држави и Влади од земјите на ЕУ и пошироко каде што Ромите побрале засолниште -азил, затоа што сите знаеме дека правото на различност е составен дел од демократијата, да се донесат стратешки документи, платформи и инструменти за заштита и почитување правата на Ромите.
-ИРУ бара поконкретни акции од НВО секторот преку направени граѓански платформи кои ќе содржат вистински цели, акции и временски рокови за нивна реализација , а во интерес на Ромите.
-ИРУ ги повикува ромските политичките партии и политичкиот фактор да делуваат конкретно и најодговорно во решавањето на ромското прашање и политики, и воедно во нивните програми да бидат застапени и реализирани и интересите на Ромската заедница
-ИРУ бара поголем финансиски ангажман на самите држави и институции, во реализација на сите овие приоритети, социјалната и економска политика . Истовремено се бара и поголема застапеност на Ромите во имплементација на овие приоритети, меѓу кои и програмата од ЕУ-2020, како и програмата за Западен Балкан. Исто така, се бара транспарентност и преглед на вложените средства за нивна реализација и имплементација, со редовни извештаи , и професионално ангажирани Роми во сите сфери на делувањето.
-ИРУ ќе се залага со интернационалните преставници од членките на ЕРТФ да го продолжи дијалогот за решавање на ромското прашање во Европа и светот како на највисоко досега акцептирано тело и отварање на Ромски омбудсман во Советот на Европа, Европските институции и Обединетите Нации../крај/мф/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.