Daily news
Гојковиќ: Протестирајте, но зошто со боја да се оштети скулптура заштитена со закон?
Претседателот на Собранието на Република Србија, Маја Гојковиќ, изјави дека за време на протестот одржан во вторникот пред парламентот се оштетени уметнички дела.
Според неа историчарите и експертите за реставрација и конзервација ќе ја утврдат направената штета.
Покрај тоа, Гојковиќ апелираше до сите учесници на протестите: ” ниту на еден начин да не се уништуваат спомениците кои се од голема историска и културна вредност.”
Гојковиќ, изјави дека за време на протестите во предниот дел на зградата на Парламентот се оштетени уметнички дела односно “со автолакерски бои се напишаните графити кој оштетија дел од скулптурата наречена “Разиграни црни коњи”.
“Србија е демократска земја во која секој граѓанин има право преку мирни демонстрации да го изрази своето незадоволство. Апелирам до сите учесници на протестот, да не учествуваат во уништувањето на спомениците од голема историска и културна вредност”, изјави во средата Гојковиќ.
“Со помош на историчари на уметноста и експерти за реставрација и конзервација ќе се утврди колкава штета досега има направено и да се обидеме да ги преземеме сите неопходни мерки, колку што е можно побрзо да ги отстраниме трагите од на монументална скулптура „Разиграни црни коњи”, изјави претседателот на Собранието во средата пред парламентарната Комисија за култура.
Како што таа рече, 80 години по изградбата на Народното собрание, наша задача е оваа зграда, која во 1984 година беше прогласена за споменик на културата, ние заедно да ја чуваме.
Автор на скулптурата ” Си играле црни коњи”, ” е Томе Росандиќ. Скулптурата е поставена пред Националното собрание во 1938 година.
Младите во понеделникот протестираа повеќе од три часа на главните улици во градот.
Тогаш премиерот во оставка и иден претседател на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека сите во Србија имаат право да го искажат своето мислење.
“Ние сме демократска земја и секој има право да биде среќен или несреќен со изборните резултати. Замислете, ако јас ги повикам сите поддржувачи да одиме да ја прославиме победата”, изјави Вучиќ за новинарите.
Протести низ неколку градови во Србија се одржуваат веќе неколку дена по убедливата победа на Александар Вучиќ за претседател на Србија/.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.