Контакт

Daily news

Еден век од влегувањето на САД во Првата светска војна

Објавено пред

На денешен ден пред 100 години САД започна војна против Германија, со што формално влезе во Првата Светска војна.

dobivaj vesti na viber

За почеток на Големата војна, се смета атентатот на Франц Фердинанд наследникот на австро-унгарската империја, инаку еден од најсмртоносните конфликти во светот.

Американците внимателно следеле што се случува од другата страна на Атлантикот откако во 1914 изби крвавата војна на европските сили, но јавното мислење и политичари едногласно заговараа неутралност.

Таквиот став првпат беше доведен во прашање по потопувањето на прекуокеанскиот патнички брод „Луситанија“, кој германска подморница го торпедираше во близина на ирскиот брег во мај 1915 година.

Меѓу 1.200 загинати патници имало 128 Американци. Американскиот претседател Вудро Вилсон доби ветување од германските власти дека ќе ги ограничат своите подморнички напади на воени бродови и продолжи да заговара неутралност. Тој дури и победи на изборите во 1916 година со слоганот дека „Америка ја спасил од војна“.

Американската војска, која не војувала голема војна со децении, на почетокот е слабо подготвена за борба, со само 14.000 луѓе. Ги води славниот генерал Џон Першинг.

До крајот на војната, односно германската капитулација во ноември 1918, американската воена машина пораснала на четири милиони луѓе. Влегувањето на САД во војната и нејзината улога во светот, оставило силен белег низ годините што е очигледно и денеска. крај/мф/вд

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ19 минути

Уапсено лицето кое насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода 43-годишниот Г.С. од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025...

Македонија1 час

Насилен упад во студиото на Инфомакс, ЗНМ бара најстрога санкција за напаѓачот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за...

Топ1 час

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно однесување во авион за време на лет

Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи...

Европа3 часа

(Видео) „Невозможно е да се запрат, тие се насекаде“: Покровск е нападнат од огромен број руски војници

Во една од најжестоките битки од почетокот на војната, украинските сили го бранат Покровск од огромни руски сили од околу...

Регион3 часа

Црногорскиот премиер рече дека ќе влезе во ЕУ пред Србија, Вучиќ: Прво скокни, па кажи оп

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел ја коментираше реакцијата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на неговата идеја земјите од...

Европа3 часа

(Видео) Зеленски: Во руската историја, никој никогаш не бил толку зависен од Кина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по извештајот на шефот на киевската служба за надворешно разузнавање, дека Русија и Кина преземаат...

Свет4 часа

Трамп: Поканети сме на состанок во Европа, на кој би учествувал и Зеленски

САД се поканети на состанок во Европа овој викенд, каде што се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави вчера...

Свет4 часа

(Видео) Американците упаднаа на танкер кај Венецуела, објавена е снимка: „Транспортираше нафта“

САД запленија танкер за нафта крај брегот на Венецуела, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, со што се ескалираа тензиите со...

Македонија16 часа

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост...

Свет16 часа

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на...

Македонија17 часа

Пазарот на недвижности расте – Аеродром со најмногу склучени купопродажби во првата половина од годината

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ...

Топ18 часа

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат. Обвинетиот 37-годишник,...

Топ19 часа

Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест

По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија19 часа

ДЗС не е детективска служба да открива нелегални објекти, ги има околу 100.000, рече Шабан Салиу и тврди дека немал ништо со „Пулс“

Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, обвинет за трагедијата во кочански „Пулс“ како директор на Дирекцијата за заштита и спасување...

Македонија21 час

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола отвори против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради основано сомнение дека вршеле кривично дело неовластена...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде и еден мигрант, во спротивно да се извини јавно

„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче однатре и однадвор да...

Македонија23 часа

Kривична пријава против Оливер Спасовски: како министер за внатрешни работи ги злоупотребил положбата и овластувањата

Вчера, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О. С. (49) од Куманово...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски за пари прифаќа мигранти, нема да има шатори, но ќе има социјални станови

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција повторно рече дека е повеќе од очигледно дека постои...

Топ1 ден

Кривична против директорка на градинка во Кочани: вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 51-годишната Ј.Е. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија1 ден

Одбраната на министерот Шабан Салиу, обвинет како поранешен директор на ДЗС, ќе даде воведни зборови, ново судење за „Пулс“

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, продолжува денес во...