Daily news
Мехмедовиќ: Целта на новата Влада е да има лекови на рецепт цел месец, ВМРО-ДПМНЕ да не блокира
Нема да дозволиме со блокадата на институциите и понатаму да се загрозува здравјето на граѓаните, да беше избрана досега нова реформска Влада, за граѓаните ќе имаше достапни лекови на рецепт во аптеките во текот на целиот месец, наместо како сега луѓето да остануваат болни без лекови, изјави во саботата членот на Комисијата за здравство на СДСМ, Злате Мехмедовиќ.
„Знаат граѓаните дека одговорот што го добиваат во аптеките по 15-ти во месецот кога имаат потреба од лек е: “Нема, се потроши“. Родителите се принудени да купат сируп од 500 денари што го нема на рецепт, затоа што на болното дете дома мораат да му однесат лек. Најстрашното е тоа што голем број деца и граѓани остануваат без лекови, затоа што семејствата немаат пари да ги платат приватно“, рече тој.
„Релевантното истражување за Европската комисија, Европскиот здравствен потрошувачки индекс покажува фрапантен податок. Погледнете: 75 проценти од вкупната продажба на лекови во Македонија паѓа на товар на граѓаните, а само 25 проценти на товар од Фондот за здравство. Македонија е меѓу последните 4 земји во Европа каде државата најмалку субвенционира лекови за своите граѓани“, порача Мехмедовиќ.
„Ова на граѓаните на Македонија им го направија несовесните и неодговорни тендер политики на Никола Груевски и Никола Тодоров, кои се интересираат само за пари во нивните џебови, а не и за здравјето на граѓаните. Новата реформска Влада веднаш по формирањето ќе се зафати со решавање на овој проблем, за да се надмине состојбата со недостаток на лекови на рецепт по 15-ти во месецот и да има зголемена достапност на лекови. Ќе работиме на воспоставување систем што ќе овозможи реално да се трошат месечните квоти на лекови. Нашата крајна цел е да има достапни лекови во текот на целиот месец“, додаде тој.
„Секој пациент заслужува квалитетен лек. Затоа, при изборот на лекови за позитивните листи, ќе учествуваат и претставници од здруженија на граѓани и засегнати болни од шеќерна болест, бубрежни болни, висок притисок, карцином, здруженија на пациенти со ретки болести, на пациенти со посебни потреби. На овој начин ќе обезбедиме граѓаните да ја контролираат државата какви лекови набавува и ќе овозможиме избор на квалитетни лекови и лекарски помагала, по најдобра можна цена“, рече Мехмедовиќ.
„Планираме и зголемување на буџетските средства за лекови. Така ќе овозможиме поголема достапност на поскапите лекови, што се од витално значење за пациентите. Македонија е сега на претпоследно место во Европа по лоши здравствени резултати, но тоа ќе се смени со реформските политики на новата Влада. Затоа демократските процеси мора да се одблокираат. Граѓаните избраа промени, сакаат одговорни здравствени власти чиј приоритет е здравјето на луѓето. Имаме обврска да ја спроведеме мнозинската волја на граѓаните. Брзо ќе има нова Влада, чиј фокус се реалните потреби на граѓаните“, заклучи Мехмедовиќ./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.