Контакт

Daily news

Дипломатскиот синдикат со отворено обраќање до евроатлантската заедница: неправото не создава право

Објавено пред

Синдикатот на македонската дипломатска служба во услови на отворена узурпација на власта по пат на противправни дејства од страна на политичката партија (ВМРО) ДПМНЕ, а со коишто едновремено се руши уставниот поредок на Република Македонија и се врши целосна блокада на институциите, бара помош од Евроатлантската заедница, покрај другото и во форма на примена на исклучително важното правило на меѓународното право: Ex injuria jus non oritur. Имено, сметаме дека овие противправни дејствија не смее да се дозволи да бидат прифатени како легитимни правни дејствија што произведуваат соодветни правни последици.

dobivaj vesti na viber

 

Една од последиците на ваквата состојба во Македонија е и корупцијата на сите државни канали на дејствување, вклучувајќи ги, а што е исклучително важно – дипломатските канали за дејствување. На тој начин, меѓународната заедница може да биде доведена во сериозна заблуда и покрај крајно исправниот и доследен пристап искажан посебно во периодот по парламентарните избори во Македонија на 11 декември 2016 година. Имено, за жал, забележливо е дека повеќе узурпатори на власта се третираат како легитимни претставници на Република Македонија, можеби со цел да се воспостави дијалог во функција на влијание за мирно разрешување на состојбите. Меѓутоа, тоа, од своја страна, го поттикнува привидот на „легитимност“ на ваквите политички чинители, па тие дури и продолжуваат не само отворено туку и со наводна ‘убеденост’ да го прекршуваат правниот систем на Република Македонија.

 

Оттука, сметаме дека е неопходно да укажеме само на најбитните глобални и специфични моменти релевантни од надворешно- политички аспект. Постапките на Претседателот Иванов, додека на внатрешен план значат прекршување на правниот принцип nulla poena sine lege или никој не може да биде казнет за нешто што не е забрането со закон (а што е случај со недавањето мандат на парламентарното мнозинство), на меѓународен план значи прекршување не само на демократијата воопшто, туку и на базичниот принцип зацртан во Париската повелба за нова Европа, инаку свечено потпишана од Македонија при нејзиниот прием во ОБСЕ – демократската власт се заснива на волјата на народот изразена на слободни и фер избори; значи не на волјата на една личност, посебно што таа функција (Претседател на Републиката) има редица други инструменти ако и само ако се случи навистина нешто противуставно. Казнувањето врз основа на претпоставена, идна вина е дефинитивно противправно и на внатрешен и на надворешен план. А, како што ќе констатира и ОБСЕ Документот од Копенхаген – плуралистичката демократија и владеењето на правото се суштествени во обезбедувањето човекови права и основни слободи. Поинаку кажано, постапките на Иванов, веќе и најпрактично видливо, директно се одразуваат на системот на човекови права и слободи во Македонија. Потполно на иста линија се и постапките на поранешниот претседател на Собранието – Трајко Вељановски.

 

Меѓутоа, тоа не завршува само на највисоко ниво. Напротив, тоа се одразува и на најконкретно ниво. Затоа, Синдикатот претходно повеќекратно посочи на проблемот со поранешниот министер г. Никола Попоски, кој по завршување на изборите и конституирањето на новиот состав на Собранието, беше избран за пратеник. Согласно важечката уставно- законска регулатива, и посебно членовите 63 од Уставот, потоа 5 и 9 од Законот за пратеници, како и 8 од Изборниот законик, на пратеникот Попоски функцијата заменик- премиер и министер за надворешни работи му престанала по сила на законот со ДЕНОТ НА ВЕРИФИКАЦИЈА НА МАНДАТОТ ПРАТЕНИК (30.12.2016 година). Во оваа прилика укажува дека продолженото прекршување на правото од пратеникот Попоски се одразува на сите нивоа на дипломатско дејствување.

 

Од една страна, пратеникот Попоски продолжува да дејствува како пратеник во Собранието на Република Македонија, а од друга страна, затскривајќи се зад наводната функција на МНР, продолжува да застапува и претставува чисто партиски ставови пред меѓународната заедница и да го корумпира дејствувањето на професионалните линии на Министерството за надворешни работи, вклучувајќи ги како амбасадорскиот сегмент односно дипломатско- конзуларните претставништва во странство, така и работните структури во самото Министерство. Тука посебно ги имаме предвид примерите на веќе јавно обелоденетото дејствувањето како партиски претставници на амбасадорот Зоран Дабиќ во Брисел и амбасадорот Звонко Муцунски во Истанбул (инаку со седиште во Анкара), но и постапките на амбасадорот Тони Димовски во Отава или вицеконзулот Горан Трајков во Њујорк, во смисла на користење или истапување пред партиски, наместо државни симболи.

И тоа не е се’! Треба да се има предвид и новововедената практика во Министерството за надворешни работи на дерогирање или менување подзаконски акти со некакви усмени инструкции и се’ поцелосно маргинализирање на професионалните структури на Министерството. На тој начин, од една страна не само што се отежнува работата на професионалните дипломати, туку, нарушувајќи го нивниот професионален углед, тие се ставени во крајно незавидна положба. Од друга страна, пак, тоа значи испраќање партиски активисти под плаштот на професионални дипломати да лобираат за „Владата во оставка“ или поточно нелегитимното продолжено останување на власт од политичка партија која го изгуби мнозинството во Парламентот.

 

Само најнов пример е подготовката на Александар Николоски за упатување на функцијата амбасадор на Република Македонија во Брисел и тоа ни помалку ни повеќе туку за шеф на македонската Мисија при ЕУ!!! Со тоа, не само што се продолжува со привидот на „нормалност“, значи наводна легалност и легитимност, туку и се прекршува базичниот принцип на кредибилитет зацртан и во Виенската конвенција за дипломатски односи. Имено, се работи за нелегитимна власт која надвор од пропишаните процедура определува амбасадор и шеф на дипломатско претставништво. Следствено, ако тој биде прифатен, практично ќе биде прекршен принципот ex injuria jus non oritur!!!

 

По бројните посети на високи претставници на Европската Унија, Европскиот Парламент и НАТО на Република Македонија и очигледното неотстапување од намерата на македонскиот политички врв во заминување да не ја предаде власта на мирен, демократски и “пристоен“ начин, Синдикатот на Македонската дипломатска служба смета дека е неопходно да се промени третманот кон пратениците кои ги имаат узурпирано министерските позиции, а тоа покрај пратеникот Попоски се и поранешните министри за здравство Тодоров и за култура Канческа-Милевска, но и поранешниот премиер г. Емил Димитриев кој беше поставен за “Претседател на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите“ што само по себе говори дека по објавувањето на официјалните резултати од изборите одржани на 11 декември 2016, со што Изборите се сметаат за спроведени и завршени, тој веќе не е Премиер на Република Македонија. Едновремено, да не се прифатат „пратениците“ што ваквите узурпатори на власта ги упатуваат или сакаат да ги упатат во дипломатски мисии.

Со  убедување дека, се’ додека лажните министри, т.е.  наводната „Влада во заминување“ ја држи извршната власт во свои раце нема да престанат изигрувањата на собраниската процедура и Уставот на Република Македонија, изразуваме надеж и очекување дека Евроатлантската заедница ќе го разгледа статусот и легитимитетот на ваквата, во моментот се’ уште актуелна власт во Македонија, и со соодветниот третман кон истата ќе се постави во функција на враќање на правниот поредок во Република Македонија, на надминување на севкупната криза и со тоа и на продолжување на евро- атлантските интегративни процеси на Република Македонија – стои во отвореното обраќање на Синдикатот на македонската дипломатска служба.крај/мф/дм

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...

Македонија3 часа

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час, денес, во судницата во „Идризово“, адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ6 часа

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....

Македонија6 часа

Обвинение за таткото и двете ќерки: спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело спречување службено лице во вршење службено...

Македонија6 часа

(Видео) „Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија“: Лефков објави документи

„Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот...

Топ7 часа

Уапсено лицето што насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода 43-годишниот Г. С. од Скопје веднаш по добиената пријава на...

Македонија8 часа

Насилен упад во студиото на „Инфомакс“, ЗНМ бара најстрога санкција за напаѓачот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за...

Топ8 часа

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно однесување во авион за време на лет

Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи...

Европа10 часа

(Видео) „Невозможно е да се запрат, тие се насекаде“: Покровск е нападнат од огромен број руски војници

Во една од најжестоките битки од почетокот на војната, украинските сили го бранат Покровск од огромни руски сили од околу...

Регион10 часа

Црногорскиот премиер рече дека ќе влезе во ЕУ пред Србија; Вучиќ: Прво скокни, па кажи оп

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел ја коментираше реакцијата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на неговата идеја земјите од...

Европа10 часа

(Видео) Зеленски: Во руската историја никој никогаш не бил толку зависен од Кина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по извештајот на шефот на киевската служба за надворешно разузнавање, дека Русија и Кина преземаат...

Свет11 часа

Трамп: Поканети сме на состанок во Европа, на кој би учествувал и Зеленски

САД се поканети на состанок во Европа овој викенд, каде што се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави вчера...

Свет11 часа

(Видео) Американците упаднаа на танкер кај Венецуела, објавена снимка: „Транспортира нафта“

САД запленија танкер за нафта крај брегот на Венецуела, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, со што се ескалираа тензиите со...

Македонија22 часа

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост...

Свет22 часа

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на...

Македонија23 часа

Пазарот на недвижности расте – Аеродром со најмногу склучени купопродажби во првата половина од годината

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ...

Топ1 ден

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат. Обвинетиот 37-годишник,...

Топ1 ден

Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест

По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

ДЗС не е детективска служба да открива нелегални објекти, ги има околу 100.000, рече Шабан Салиу и тврди дека немал ништо со „Пулс“

Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, обвинет за трагедијата во кочански „Пулс“ како директор на Дирекцијата за заштита и спасување...

Македонија1 ден

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола отвори против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради основано сомнение дека вршеле кривично дело неовластена...