Контакт

Daily news

Што се крие зад интересот на Вучиќ за Македонија – Малески: ако не си на масата ќе се најдеш на менито

Објавено пред

Политичката криза во Македонија трае подолго време и јасно е дека постојат безбедносни импликации за целиот регион доколку таа не биде превенирана во најбрз можен рок. Оттаму не е чудно што соседните земји, односно нивните политички првенци, покажуваат јавна загриженост за нашите проблеми. Албанскиот премиер Еди Рама од познатите причини и тоа како е инволвиран преку партиите на македонските Албанци, но додека Бугарија и Грција некако се држат на пристојна дистанца, се уште актуелниот српски премиер и новоизбраниот претседател на државата српска, Александар Вучиќ во последно време нагласено се заинтересира за „македонцките работи“. За само неколку дена, при не баш толку вообичаените средби со оние што сакале ние или не, ја одредуваат судбината на светот, тој покрај за српските пронашол време (или му било наметнато) да разговара и за македонските политички собитија. Пред изборите за претседател на кои убедливо победи уште во првиот круг со фантастични 55 проценти од гласовите, Вучиќ се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и веднаш потоа, на еден бенигнен начин, како да е во прашање поставување цевковод во Крагуевац, пред српските медиуми соопшти дека Путин е сериозно загрижен за состојбите во Македонија. И не само тоа туку од разговорите со него „добил впечаток“ дека Русија не ѝ дава поддршка на владата која сака да ја формира лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со албанските партии.

dobivaj vesti na viber

– Мислам дека се мошне загрижени и тоа можам да го појаснам на начин така што колку западните сили ја поддржуваат владата на Заев и албанските партии, толку ми изгледа дека рускиот претседател не е на таа страна – изјави српскиот премиер по средбата со Путин .

Неколку дена подоцна го избраа за претседател на државата. Веднаш потоа низ Србија се дигнаа најпрвин студентите, а потоа следуваа и општонародни протести поради стравичната корупција, лошиот здравствен систем, катастрофалната состојба во образованието, медиумскиот мрак…Протестите се навистина  масовни, но засега мирни, а токму самиот Вучиќ речиси ноншалантно забележа дека нема ништо против народот „да се бунтува“ се додека тоа го прави на мирен и цивилизиран начин. Како ќе се развива оваа нова ситуација во соседната земја тешко е да се предвиди. Демонстрантите се гневни и инвентивни, но, се чини, како да чекаат некој отстрана да дојде и од општиот гнев да им го извади она најсуштественото и најконкретното за кое би се бореле. Притоа Вучиќ едноставно нема достоен ривал во актуелната опозициска понуда, што пак му овозможува релативно комотна позиција на народен водач кој еве, им дозволува на поданиците повремено да се испукаат на улица, да ги исплачат сите стресови и нервози низ песни и слогани а потоа кроце покроце да му се вратат на своето мало и можеби не толку важно секојденвие.

Вучиќ пренесува загриженост

Но, добро. Додека Србија станува на нозе, Вучиќ собира ловорики на меѓународна сцена. Се сретна со германската канцеларка Меркел која го испофали. Веднаш по победата на изборите доби аплауз од сите во соседството и пошироко. Србија веќе некое време се легитимира како единствена на Западниот Балкан која фатила приклучок кон ЕУ интеграциите, а истовремено успева и да си ги задржи повеќе од пристојните релации со Русија и со Кина. И ете во такви околности во Белград дојде сенаторот Џон Меккејн, познатиот „јастреб“, предводник на радикалната струја во американскиот естаблишмент која се залага за бескомпромисна борба против руското враќање на големата сцена. И со оваа американска сива еминенција, расправајќи за проблемите со кои се соочува грешната планета, Вучиќ повторно се допре за Македонија. Не знаеме што точно се зборувало зад затворени врати, се разбира, но по средбата новоизбраниот српски претседател изјави дека ситуацијата во Македонија е од „суштинско значење за сите на Балканот“ и дека се надева оти „состојбите во оваа земја ќе се одвиваат мирно и со почитување на македонските закони“.

– За нас тоа е од ужасно големо значење. Бидејќи ако се незадоволни Албанците, може да имаме проблеми на југот на Србија. Ако имате меѓусебни македонски судири , што никој не ги посакува, ќе има големи и тешки последици за сите нас. Да не споменувам дека тоа ќе доведе до несигурност во привлекувањето на инвеститорите, соопшти Вучиќ на прес конференцијата со Мекејн.

 Аналитичари: Србија се наметнува како регионален фактор, наше е да се избориме за сопствените интереси

Го прашавме професорот и поранешен министер за надворешни работи Денко Малевски како ја толкува заинтересираноста на Вучиќ за кризата во нашиот сокак. Се обидовме да импутираме дали можеби постојат некои тајни сметки, подготвени сценарија за надворешен инженеринг или се во прашање пораки кои меѓународниот фактор ни ги испраќа преку лидерот на соседната земја, но професорот не се даде. Беше дециден: Србија е регионална сила која се обидува да се наметне и како регионален фактор на стабилност. Ама, за она што нам ни се случува – сами сме си виновни:

– Ако не можеме сами да ги средиме состојбите внатре и ако не можеме да се презентираме како стабилна држава, ако не сме во состојба да ги завршиме интеграциите со што би си го зајакнале статусот – тогаш неминовно доаѓаме до момент кога Македонија станува предмет на дискусија меѓу соседните земји, како и предмет на дискусија на соседите со битните земји на меѓународен план. Наједноставно речено: ако не си на масата ќе бидеш на менито – потенцира професорот Малески.

За поранешниот дипломат и редовен аналитичар на политичките настани во земјава, Ристо Никовски состојбите не се толку едноставни. Смета дека активното интересирање на српскиот премиер за Македонија е пред се негова идеја да биде некаков лидер во регионот иако предупредува дека споменувањето на нашата земја во разговорите со личности како Путин и Мекејн го покажува и нивниот нагласен интерес за случувањата кај нас. Интересно, Никовски верува дека за Вучиќ, без разлика што во моментов изгледа како соодветен партнер, западните сили имаат малку поинакви планови:

– Јас би спомнал дека состојбите кај нас и во Србија се по многу нешта слични и покажуваат дека Западот, поточно САД не сакаат силни лидери и прават се за да ги урнат. По Груевски, станува очигледно кој ќе биде следен и мислам дека сега е на тапет и самиот Вучиќ – ни изјави Никовски.

Не е ни малку лесно да се прогнозираат идните потези на македонската шаховска табла ниту пак е можно да се предвидат точните последици од изборот што ќе биде направен во периодот кој следува. Дилемите се дали и соседството и пошироката околина, а и „големите“ ќе се водат од сопствените интереси и ќе ја бараат личната корист или мудро ќе излеземе од сопствените тесни пештери и заеднички ќе побараме излез од темницата преку дијалог, цивилизираност и колективно чувство за критичноста на мигот. Во спротивно, да го цитираме професорт Малески уште еднаш, ако не седнеме на масата, некој сигурно ќе не стави во менито.

Драган Милосављевиќ

 

 

 

 

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија6 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија8 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија11 часа

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија11 часа

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија11 часа

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија13 часа

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија13 часа

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија13 часа

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија14 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија14 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија15 часа

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет15 часа

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет15 часа

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа15 часа

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија16 часа

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...

Македонија16 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено...

Македонија23 часа

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино,...

Македонија1 ден

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија1 ден

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....