Daily news
ЗНМ: Медиумите – окупирани, новинарите – малтретирани, излезот е во новата влада
Слободата на медиумите се влошува, министерствата и општините се обидувале со рекламирање во весниците да ја добијат нивната наклонетост, додека власта се обидувала да ги контролира. Во заклучоците на ЗНМ по спроведената анализа за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите во 2016 година се забележува дека постои несанкционирање на насилството над новинарите бидејќи најголем дел од инцидентите сè уште не се расветлени, а не се казнети ниту насилниците.
„Таму каде што парите не функционираат за да се воспостави контрола на медиумите, власта користи гола сила за да ги замолчи новинарите. Во последните четири години имало напади над 40 новинари, од кои околу пола се случиле во 2016 година. Имавме прогонувани новинари, еден е осуден на затворска казна, друг е во притвор повеќе од една година, еден е осомничен, но обвинувањето е неиздржано“, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Во извештајот се наведува дека државните институции и општините минатата година потрошиле околу еден и пол милиони евра во медиумите. Од министерствата најмногу средства за преплата за весници потрошило МВР, кое исплатило над 50 илјади евра. Селмани потенцираше дека парите на граѓаните се трошат и на политичка пропаганда за градоначалници или за советот на општините. Такви случаи имало во Гевгелија, Делчево и Куманово, кои исплаќале буџетски средства за пренос на седниците на советот. ЗНМ ги изнесе своите забелешки за работата на МТВ, каде биле направени само козметички измени на законите, кои не донеле подобрување на работата на јавниот сервис.
„Власта во 2016 ја испушти можноста да направи реформи и да ги елеминира забелешките на ЗНМ и на меѓународниот фактор, за да обезбеди институционална автономија на МРТ и независност на медиумскиот регулатор. Ниту една постапка од Привремената комисија против медиуми за неизбалансирано известување за време на изборната кампања не беше процесирана од судските органи, притоа сѐ уште не се казнува ниту говорот на омраза“, додава првиот човек на ЗНМ.
Од Здружението на новинари додаваат дека извештајот сведочи дека новинарите имаат ниски примања, многу притисоци од уредниците и несигурни работни места. Светлата точка во оваа анализа е подобрување на судската пракса за тужбите за клевета и навреда против новинарите, а излезот од состојбата го гледаат во новата влада.
Кристијан Ландов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.