Daily news
СДСМ: Парламентарното мнозинство ќе ја спроведе граѓанската волја, а не на Груевски и Иванов
„Парламентарното мнозинство од 67 пратеници, избрано на кредибилни избори ќе го избере новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија. Тоа ќе се случи многу брзо, според Деловникот, Уставот и законите“, порачуват од СДСМ.
„Постои легитимно формирано парламентарно мнозинство коешто е власт во државата, зад кое што стојат најмалку 700.000 граѓани кои избраа промени на режимот.
Тоа мнозинство има обврска да ја спроведе граѓанската волја. Исто така има обврска да ги спречи деструктивнте политики на Ѓорге Иванов и на Никола Груевски, што за криминални интереси на Груевски и тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја загрозуваат стабилноста на државата и квалитетот на живот на граѓаите“, додаваат од партијата.
„Очигледно е дека недостига здрав разум, штом Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште се надеваат дека се некаков фактор во политичките процеси, иако со нив граѓаните расчистија на 11 декември 2016 година, кога ги избраа избраа промените, а дека се опозиција којашто мора да овозможи мирен трансфер на власта порачува и целата меѓународна заедница“, велат од СДСМ.
„За да биде јасно, повторуваме, дека Груевски напразно моли да седне на преговарачка маса. Амнестија нема! Ќе има правна држава којашто ќе важи за сите граѓани подеднакво. Груевски нема право да нуди 51 избран пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како да се негова лична своина. Прво, парламентарно мнозинство веќе постои и тоа никој не го бара од него! А и дали некои од опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе најдат здрав разум и ќе ги поддржат реформите по формирањето на новата реформска Влада, исто така не зависи од Груевски“, порачуваат од СДСМ.
„Исто така, граѓаните не сакаат повеќе памлети и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се помири дека таканаречениот Манифест може биде дел само од нивните витрини. Постои Програма на новата реформска Влада што е единствен валиден документ за граѓаните и којашто им обезбедува квалитетен живот на сите, во правна држава, унитарна, со евро-атланстки перспективи. Лагите на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на непостоечки теми завршија. Ќе има многу брзо нова реформска Влада затоа што тоа е мнозинска волја на граѓаните“, велат од партијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.