Daily news
Роналдо и судијата Кашаи го елиминираа Баерн (Видео)
Фудбалерите на Реал се полуфиналисти во Лигата на шампионите, откако во драматичниот четвртфинален реванш го елиминираа Баерн Минхен. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 1:2, а по продолженијата Реал славеше со 4:2. Кристијано Роналдо постигна три гола, а голем „придонес“ во триумфот имаше и унгарскиот судија Виктор Кашаи, чии две одлуки директно го одредија победникот.
Реал и Баерн одиграа еден од најдобрите мечеви во тековната сезона, во Лигата на шампионите, а дамка на блескавата игра на теренот фрли арбитражата на Унгарецот Виктор Кашаи и неговите помошници, кои со две одлуки тешко го оштетија германскиот шампион.
Кристијано Роналдо постигна три гола, со што стигна до бројката од 100 гола во Лигата на шампионите. Мечот на „Сантијаго Бернабеу“ беше последен во европските купови, во кариерите на Филип Лам и Чаби Алонсо. Овие двајца играчи кои оставија длабока во светскиот фудбал, по завршувањето на сезоната ќе стават крај на своите кариери.
Првото полувреме во Мадрид донесе донесе отворена игра на двете страни, неколку добри можности за постигнување на гол, но по 45 минути мрежите мируваа.
Баерн, по осум минути игра во вториот дел успеа да постигне гол. Каземиро невнимателно стартуваше врз Робен во шеснаесетникот, судијата Кашаи покажа на белата точка, а Левандовски пеналот го претвори во гол.
Баварците се обидоа да го искористат моментумот, но одбраната на Реал успеа да ги одбие нивните налети. Во овој период од играта Кашаи можеше, но не додели вториот жолт картон на Каземиро, кој премногу агресивно стартуваше врз Робен.
Откако ги одби нападите на противникот, Реал започна да ја плете мрежата околу голот на Нојер и израмнувањето дојде во 76.минута. Каземиро упати идеална топка во срцето на шеснаесетникот, Боатенг го загуби дуелот со Роналдо, кој го совлада Нојер во 76.минута.
Но само две минути подоцна Серхио Рамос ги шокираше соиграчите, кога по една мешаница, реагираше несмасно и ја погоди сопсвената мрежа.
Постигнатиот гол уште повеќе ги охрабри играчите на Баерн, тргнаа со сите сили кон голот на Кејлор Навас со намера до го решат победникот во регуларниот дел од мечот.
На пет минути до крајот судијата Кашаи ја направи клучната грешка. Артуро Видал со лизгачки старт чисто успеа да му ја одземе топката на Каземиро, но унгарскиот судија досуди слободен удар за Реал и на Видал му го покажа вториот жолт картон.
Во продолженијата, иако со играч помалку Баерн беше поактивен, а на истекот на првото продолжение, Кашаи и неговите колеги направија нова катастрофална грешка кога признаа нерегуларен гол на Реал.
Серхи Рамос нафрли кон Роналдо, Португалецот беше длабоко зад одбраната на Баерн, а откако судиите не се огласија, мирно ја прифати топката и израмни на 2:2.
Во второто продолжение, кога играчите на Баерн паднаа во ритамот, Реал постигна уште два гола. Најпрвин Марсело се прошета низ баварската одбрана и му асистираше на Ронадо кој го постигна својот трет гол, вкупно 100-ти во Лигата на шампионите, а потоа истото го направи и Асенсио кој сам ја заврши акцијата и ги постави конечните 4:2. крај/мф/нц
https://www.youtube.com/watch?v=uhHLn_LdH-w
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.