Контакт

Daily news

Ново продолжение на конститутивната седница

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Четиринаесетото продолжение на конститутиваната седница почна со говор на пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ.

Во слична атмосфера како и вчера, на нејзиниот говор се надоврзуваат пратеници од нејзината партија.Се редеа прашања околу истата теза околу платформата на албанските партии.

„Јас како пратеник немам ништо против албанскиот народ.Ние сакаме да живееме заедно, да имаме соживот со нашите сограѓани.Проблем е што таа платформа е донесена од друга држава.Ги повикувам пратениците да говориме за оваа платформа,што треба, што не треба да има. Исто така предложив да се изјаснат сите пратеници поеднично кој е за, кој е против оваа платформа.

Нејзиниот колега Крсто Мукоски ги повика помалите партии и пратениците кои доаѓаат од граѓанскиот сектор да се изјаснат дали се согласуваат со заедничката декларација на албанските партии.

„Да ги прашаме луѓето од Шарената револуција дали се согласуваат со платформата, дали тие протестираа за оваа платформа?Да ги прашаме и другите од НСДП, од ЛДП.Неопределените да ги прашаме? Кога ќе се изјаснат сите тие луѓе, како и оние што протестираат надвор, можеме да избереме комисија и претседател на Собранието. Кога ќе одговориме на овие прашања, ќе видиме дали ова мнозинство е реално.

Засега пратениците кои беа прозвани не се изјаснуваат, а молчат и пратениците од СДСМ.Инаку, Собраниската седница веќе трета недела е сопрена на третата точка од дневниот ред, односно верификување на мандатот на Комисијата за избори и именувања.Непосредно пред отворање на расправата за збор се јавија над 50 пратеници, а досега е исцрпена дискусијата за само шест./крај/мф/гд

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

(Видео) Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани...

Регион24 минути

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот...

Регион31 минута

(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет...

Топ10 часа

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен...

Топ10 часа

Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени

Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две...

Топ10 часа

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ11 часа

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија14 часа

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија15 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...

Македонија16 часа

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија 

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја...

Свет17 часа

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави...

Македонија17 часа

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија...

Македонија18 часа

Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу

Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе...

Македонија20 часа

Го тепал со метална шипка, со рацете и со нозете речиси половина час, па го оставил да искрвави на скалите: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Економија20 часа

Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на...

Македонија20 часа

(Фото) Гаши се сретна со досегашните претседатели на Собранието: Организирањето вакви средби за размена на искуства и мислења ќе бидат од големо значење

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата...

Топ20 часа

(Фото) Пронајдена дрога во возило во Тетовско, двајца уапсени

Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската...

Македонија20 часа

Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се...

Европа22 часа

(Видео) Масовни напади со дронови во Русија: една од најголемите рафинерии во пламен

Ноќеска, украински беспилотни летала нападнаа голем број индустриски и енергетски објекти длабоко на руска територија предизвикувајќи пожари во рафинерии и...

Европа22 часа

(Видео) Украинец преживеал некои од најжестоките битки во војната: убиен на церемонијата на доделување медали

Елитниот украински пилот на беспилотни летала Володимир Свјатненко, познат по неговиот повикувачки знак „Знахар“, кој преживеал некои од најжестоките битки,...