Daily news
Разрешениот судија Митриновски в понеделник пред Судскиот совет заради „повторување на постапката“
Две години по добиената пресуда од Стразбур, разрешениот апелационен судија и поранешен претседател на Апелациониот суд во Скопје, Јордан Митриновски, во понеделник треба да се појави пред Судскиот совет заради повторување на постапката за негово разрешување. Како што потврди за Макфакс претседателот на Сускиот совет, Зоран Караџовски, седницата на Комисијата е закажана за 10 часот, а по барање на Митриновски е отворена за јавност.
Поранешниот судија,пак, кој неколку години е во пензија,Митриновски, е категоричен:„Судскиот совет не може да води постапка против мене и треба да ја запре постапката.Не само што не е надлежен за тоа туку не смее да носи одлука на моја штета, кога веќе Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур пресуди во моја корист“. Вели дека нема статус на судија и не може Судскиот совет да води постапка против него.
Тој очекува, конечно, да се изврши пресудата на Стразбур и тоа онака како што налагаат одредбите од Законот за парничка постапка, како и Законот за извршување на пресудите донесени од ЕСЧП.
Поради тоа што пресудата во Стразбур не била извршена во целост и по повеќе од две години,Митриновски се обратил и до Комитетот на министри со објаснување на неговиот случај.
Европскиот суд за човекови права во Стразбур на 30 април 2015 година ја прифати жалбата на Митриновски против Македонија бидејќи оцени дека бил разрешен од функцијата претседател на Апелациониот суд во постапка која не обезбедила фер и правично судење.Исто така, беше утврдено дека Судскиот совет не бил „непристрасен и независен“ во неговиот случај. На разрешениот судија му беа доделени 4.000 евра како нематеријална штета, како и 1.230 евра за трошоци во постапката.
Митриновски беше разрешен во 2011 година поради одлуката на советот со кој тој претседавал да го пушти во домашен притвор тутунскиот бос Бајруш Сејдиу.По барање на државниот јавен обвинител,Кривичниот суд на Врховниот суд со кој претседаваше тогашниот и сегашен претседател на највисокиот суд, Јован Вангеловски, го укина притворот.Веднаш по тоа Вангеловски поднесе претставка со која бараше разрешување на Митриновски ,но по функција учествуваше и во работата на Судскиот совет, кој го разреши.
(крај/макфакс/г.д)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.