Европа
Бридлав: Руските ракети на Крим се закана за целото Црно Море
Главниот командант на НАТО, американскиот генерал Филип Бридлав изјави во средата во украинската престолнина Киев дека е многу загрижен поради распоредувањето на руските ракети на полуостровот Крим, што претставува закана за целиот регион Црното Море.
Главниот командант на НАТО, американскиот генерал Филип Бридлав изјави во средата во украинската престолнина Киев дека е многу загрижен поради распоредувањето на руските ракети на полуостровот Крим, што претставува закана за целиот регион Црното Море.
„Многу сме загрижени од милитаризацијата на Крим. Опремата веќе се поставува на Крим, крстосувачки ракети и противвоздушни ракети кои имаат дострел во целиот регион на Црното Море“, истакна американскиот генерал Филип Бридлав на прес-конференцијата во главниот град на Украина.
Додаде дека стравува и од распоредување на руско нуклеарно вооружување на полуостровот, како и дека го следи развојот на настаните, пренесе AFP.
Според медиумите, последните седмици Русија го зајакнала своето воено присуство на Крим, каде што се одлучи повторно да ја воспостави антиракетната единица за предупредување и за овој полуостров намени повеќе од 1,75 милијарди евра до 2020 година за развој на својата Црноморска флота, чие седиште е историски во црноморското пристаниште Севастопол.
Исто така, и руското воено воздухопловство испрати 14 ловци на Крим каде што ја обнови воздухопловната воена база којашто беше запуштена откако по распадот на Советскиот сојуз во 1990-те кримската автономна покраина влезе во составот на Украина. Според агенцијата ТАСС, десет ловци од типот „Сухој Су-27“ и четири од типот „Сухој Су-30 М2“ се прераспоредени од Краснодар на Крим, во ескадрила којашто ќе има триесет борбени апарати.
Аналитичарите од претходно сметаат дека присоединувањето на Крим и засилувањето на руските воени бази на полуостровот е одговор на Москва на приближувањето на НАТО кон руските граници, како и сé поголемото присуство на бродови на Алијансата во Црното Море од почетокот на украинската криза во ноември 2013 година.
Црноморскиот полуостров Крим, населен доминантно со етнички Руси, откако по безредијата во февруари во украинската престолнина Киев беше соборена дотогашната власт, преку референдум ја врати автономијата што ја имал откако како дел од поранешната советска руска република во времето на комунистичката власт бил пренесен во украинската советска република и која беше укината по осамостојувањето на Украина во 1990-те и се реши да се присоедини кон Руската Федерација. Тоа Западот го смета за незаконски чин и за руско анектирање на украинската територија и воведе санкции, а поради стравувањата на руските соседи кои имаат руско малцинство ги засили своите единици во земјите членки на НАТО на Балтикот, како и во Полска./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.

