Контакт

Daily news

Најмалку реклами, најинтересна држава – Што се’ има во Македонија?

Објавено пред

Лоцирана на крстопат меѓу Истокот и Западот, оваа мала земја е како ковчеже со скапоцености, полно со историски и природни чуда, пишува „Нешнл џеографик- Бугарија“.

dobivaj vesti na viber

Македонија е веројатно една од најинтересните, но најмалку рекламираните земји во светот. Во неа има мешавина од персиско, грчко, римско, отоманско, српско и советско влијание. Покрај заоблените куполи на христијанските цркви се издигаат и минарињата на џамиите, високите планини се издигаат над задскриените села и блескавите езера.

Еве неколку места, кои можете да ги посетите и неколку работи кои може да ги направи таму.

1. Да се искачите на врвот Љуботен на Шар Планина

Висок е 2498 метри и се наоѓа на северозападниот дел на Македонија. На него можете да се искачите за околу пет часа.

2. Прошетајте го Скопје

Во главниот град живеат малку над половина милион луѓе и градот е мешавина помеѓу старото и новото. Првата знаменитост која го привлекува погледот, е Милениумскиот крст, кој ја краси планината Водно. До врвот на крстот има лифт. Вреди да ја посетите и тврдината која датира од шестиот век пред Христа. На централниот плоштад може да уживаат во уникатната мешавина од архитектонски стилови. Минете го Камениот мост и разгледајте ја Старата скопска чаршија. Низ чаршијата има тесни улици со калдрма и дуќани од дванаесеттиот век.

3. Изберете си пештера

Карстниот релјеф на Македонија наликува швајцарско сирење: во земјата има повеќе од 300 пештери. Една од најинтересните е Горна Слатинска – лавиринт низ кој може да се помине само ползејќи.

4. Карпи за качување и со кајак низ кањонот „Матка”

На помалку од 16 километри од главниот град Скопје се наоѓа кањонот „Матка”, кадешто реката Треска се провира низ варовничките карпи и се влева во езерото Матка. Овде можете да најмите кајак, а реонот е и магнет за љубителите на качување.

5. Посетете го националниот парк „Маврово”

Тоа е најголемиот национален парк во земјата. Тука се наоѓа и највисокиот нејзиниот врв – врвот Кораб со височина 2763 метри. Исклучително е биоразновиден: се сретнуваат мечки, рисови, волци, елени и 129 видови птици.

6. Претопете се во историјата на Охрид

Регионот има средоземноморски вкус. Езерото, кое е едно од најстарите во светот, е опкружено со ридови на градот Охрид, кадешто живеат околу 56. 000 луѓе. Градот Охрид е едно од најстарите населени места во Европа и заедно со целиот регион е вклучен во Листата на УНЕСКО. Во градот има десетици историски цркви и манастири.

7. Параглајдинг над Крушево

Највисокиот град во Македонија се наоѓа на 1340 метри н.в. над Пелагониската низина. Уникатната местоположба создава извонредни услови за параглајдинг и небото над градот често е начичканo со раширени крилја. Условите се толку погодини за спортот, што во 2016 година Светската организација за воздушни спортови организира Европското првенство во параглајдинг тука.

8. Посетете ја Шарената џамија во Тетово

Ремек делото датира од петнаесеттиот век и пред него бледнеат сите верски објекти во Македонија.

9. Уживајте во храната и пијалаците

Едно е сигурно – во Македонија нема да останете гладни. Кујната е мешавина од турско, средоземноморско и балканско влијание. Меѓу типичните јадења се: бурек, ајвар, шопска салата, грав, полнети пиперки, јагнешко печено и локално вино и ракија.

10. Излезете „на кафе”

Во Македонија тоа е код за кафе, пиво, вечера или дури едноставно излегување. Македонците сакаат да комуницираат./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија2 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија4 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ6 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет7 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија7 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија7 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија8 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија18 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија21 час

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ23 часа

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ23 часа

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет23 часа

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет1 ден

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија1 ден

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија1 ден

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија1 ден

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет1 ден

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...