Контакт

Daily news

ВИДЕО: Пред и по влегувањето на демонстрантите во Собранието

Објавено пред

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, попладнево вети дека ќе се одблокира расправата во Собранието, која трае четири месеци, на прес-конференција пред новинарите.

dobivaj vesti na viber

Во 17 часот и 35 минути Оливер Спасовски, од СДСМ, побара да прекине расправата за избор на парламентарната комисија за избори и именувања и да се премине на избор на претседател на Собранието. Крсто Мукоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, почна да ја пее македонската химна, а му се придружија и пратениците од СДСМ. Речиси сите пратеници ја пееја државната химна, но тоа „единство“ траеше кратко. Потоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ почна да извикуваат „избори, избори“, а пратеници од партијата СДСМ „Гласај, гласај“.

Трајко Вељановски, ја затвори седницата, но никој од пратениците не ја нашушти собраниската сала. Горан Мисовски од НСДП го повика Ферид Мухиќ како најстар пратеник да ја стави точката на дневен ред за избор на претседател на Собранието, а потоа стоечки, 62 пратеника од СДСМ, ДУИ, АА и ДПА со кревање рака го изгласаа Талат Џафери за претседател на Собранието. Потоа Џафери даде заклетва и се потпиша и потоа му честитаа пратениците од мнозинството. Пратениците од парламентарното мнозинство отидоа во прес-центарот да дадат изјави, каде имаше новинари и сниматели, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ останаа во салата.

Додека траеше седницата пред Собранието, протестираа демонстранти од движењето „За заедничка Македонија“, кои ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, која пак не сака да ја предаде власта. Кога демонстрантите дознале дека Парламентот избрал ново мнозинство во 19 часот влегоа во Законодавниот дом. Демонстрантите кои влегоа во Собранието, носеа маски, качулки и знамиња. Полицијата ги пушти слободно да влезат во зградата. Потоа тие влегоа во прес-центарот на Собранието и почнаа да ги напаѓаат пратениците во знак на протест против изборот на нов претседател.

Телевизиските снимки покажуваат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, крвари од челото како и други пратеници од СДСМ кои се опкружени од демонстранти. Тие мавтаа со национални знамиња, извикувајќи „предавници“ и не им дозволуваа да ја напуштат просторијата. Министерството за внатрешни работи издаде наредба во 20 часот за акција. Потоа, во Собранието дојдоа специјални полициски единици.

Во 22.30 часот беше извршена евакуација од полицијата која фрлаше и димни бомби, во обид да ги растера демонстрантите пред парламентот и да го расчисти патот за евакуација на политичарите. Истовремено беа повлечени новинарите и пратениците, и им беше забрането да се движат, додека демонстрантите, одеа низ просториите и корнеа електрична инсталација, неонски светла, уништуваа мебел… Во меѓувреме, амбасадорите на САД и на ЕУ, изразија загриженост преку амбасадорот на Шведска во Македонија Матс Стефансон. Комесарот за проширување на Европската унија Одржан, Јоханес Хан, го осуди насилството, велејќи дека: „Насилството нема место во парламентот. „Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Твитер напиша дека е „шокиран„ од нападот“. „Сите партии треба да го почитуваат демократскиот процес и да се вклучат во дијалог, а не насилство”, напиша тој. Амбасадата на САД го осуди насилството и го призна Талат Џафери како претседател на Собранието.

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, по три часа дивеење во Собранието ѝ се обрати на јавноста. Тој повика на смиреност и почитување на деловникот за работа на Собранието. Тој одбиваше да им овозможи на пратениците да изберат претседател на парламентот и да формираат влада повеќе од четири месеци. Иванов утре закажа лидерска средба. Министерството за внатрешни работи ги евакуираше сите пратеници и новинари. Околу Парламентот се поставени метални барикади. Во Градската болница се пренесени 40 луѓе. Четири од нив се хоспитализирани со тешки повреди.

Zoran Zaev, the leader of the SDSM, this afternoon from the Parliament promised to unblock the debate on press-conference, after In 17.35pm Oliver Spasovski, the MP of SDSM, asked to suspend discussion on the selection of parliamentary committee and to elect the President of the Assembly.

Krsto Mukoski, the MP of VMRO-DPMNE began to sing the Macedonian anthem, and was joined by MPs from SDSM. Almost ll MPs together sang the national anthem, but the „union“ lasted as long as the interpretation of the anthem. Then MPs from VMRO-DPMNE started chanting „election, election“ and MPs from the party SDSM „Vote, vote.” Trajko Veljanovski closed the session, but no one from the MPs went away from the assembly hall.

The majority in the Assembly with 61 votes chose Talat Xhaferi from DUI as the new chairman of the Assembly. Тhe MPs from the parliamentary majority went to the press center to give statements and MPs from VMRO-DPMNE remained in the hall. There were journalists and cameramen. During a session in front of the Parliament, there were protesters from the movement „For united Macedonia”, who support the VMRO-DPMNE, doesn`t want to hand over the authority. When they learned that a Parliament elected a new majority in 19 pm they headed to the Assembly. Protesters, many of them wearing masks, pull out the door and entered Macedonia’s parliament, attacking MPs in protest at the election of a new speaker. Television footage showed the leader of SDSM Zoran Zaev bleeding from the forehead and other Social Democrat MPs surrounded by protesters. They were waving with national flags, shouting “traitors” and refusing to allow them to leave.

Тhe Ministry of Interior issued an order in 20 pm for action. Then the Assembly got special police units. In 22.30 pm was performed evacuation by the police which fired flash grenades in an attempt to disperse protesters outside the parliament and clear the way for the evacuation of politicians. Simultaneously pulled journalists and MPs, who were kept in a room and were forbidden to move and shoot as protesters, walked through the rooms and removing the electrical installation, neon lights, tearing down walls and smashed furniture.

Meanwhile, оn behalf of the ambassadors of the US and the EU, Swedish Ambassador to Macedonia Mats Stafanson tonight from Skopje expressed concern about the events in the Parliament. Тhe European Union enlargement commissioner, Johannes Hahn, condemned the violence, saying in a tweet: “Violence has NO place in parliament. Democracy must run its course.” The secretary general of NATO, Jens Stoltenberg, tweeted that he was “shocked” by the “attacks”. “All parties should respect democratic process and engage in dialogue, not violence,” he wrote. Тhe US Embassy condemned the violence and admitted Talat Xhaferi as chairman of the Assembly.

President of the country Gjorge Ivanov after three hours of rampage in Parliament addressed to the public. He called for calm and respect for the rules of procedure of the Assembly. He has refused to allow Mr Zaev’s MPs to elect a president of the parliament and form a government for more than four months. Tomorrow Ivanov scheduled leadership meeting.

Ministry of Interior evacuated all the MPs and journalists. Around the Parliament are placed metal barricades. In the City Hospital have been transferred 40 people. Four of them were hospitalized with serious injuries.

 

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Путин: Не постои средство за пресретнување на ракетата „Орешник“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје...

Македонија10 часа

Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на...

Македонија10 часа

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на...

Македонија10 часа

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот...

Македонија11 часа

Курто Дудуш ја обвини Арсовска за расизам и дискриминација: „Пишува ли на автобусите на ЈСП ‘забрането за Роми’“

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, на денешниот протест за јавниот превоз упати повеќе барања до градоначалничката Данела Арсовска,...

Македонија13 часа

За лекарски прегледи се чека и со месеци, а стотици термини останале празни оти граѓаните не дошле: „Ако не можат, нека откажат преку СМС“ – апелираат надлежните

Граѓаните што не може да го искористат закажаниот „Мој термин“ во јавното здравство, преку СМС-порака да го откажат за да...

Топ14 часа

Скопјанка на 69-годишна возраст е жената што загина по удар на автомобил во Чаир

Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР. Несреќата...

Македонија17 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија. Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е...

Македонија17 часа

(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица

„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор...

Македонија17 часа

СДС со примитивни методи во Собранието го активира насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети каде рејтингот им е...

Свет18 часа

Унгарија го поддржа Нетанјаху: Одлуката на Меѓународниот кривичен суд е апсурдна

Министерот за надворешни работи на Унгарија ги критикуваше налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху...

Европа18 часа

Украинскиот парламент ја одложи седницата, на пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев

Украинскиот парламент ја одложи седницата што требаше да се одржи денеска поради безбедносни причини, јави јавната телевизија Суспилнe, повикувајќи се...

Свет20 часа

Ким Џонг-ун ги нападна САД: Никогаш не сме биле толку блиску до термонуклеарна војна со Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ги обвини САД за провокации и ескалација на тензиите, велејќи дека Корејскиот Полуостров никогаш не се...

Топ1 ден

Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир

Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина...

Скопје1 ден

Студентите на протест поради јавниот превоз, бараат и набавка на нови автобуси и велосипедска инфраструктура

Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за утре, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од...

Топ1 ден

Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил

Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки. Според информациите од СВР Скопје...

Скопје1 ден

Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата за ЈСП

Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше...

Македонија1 ден

(Видео) Избегната тепачка во Собранието, Гаши го повика обезбедувањето

Во македонскиот парламент денеска избегната тепачка меѓу некои од пратениците. Инцидентот се случи меѓу лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и...

Македонија2 дена

Црната листа на САД е многу динамична и отворена за додавање нови имиња, порача Агелер

Американската амбасадорка Анџела Агелер, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со црната листа на САД, рече дека таа е...

Скопје2 дена

(Видео) СДСМ со решенија за кризата во Скопје: закон за финансиска поддршка на Градот и на ЈСП, субвенциии за гориво, вели Јанчева

„Како што најавивме, денес сме тука за да ги презентираме нашите конкретни предлози за надминување на кризата во која се...