Контакт

Daily news

Отсуство на докази или доказ на отсуство?

Објавено пред

Физичарите се повеќе дознаваат за тоа што не е темната материја. Тоа ќе им помогне да дознаат што е всушност тоа.

dobivaj vesti na viber

Астрологијата и физиката на честички – или барем нивната популарна верзија – стремат да бидат грандиозни. Хигзоновиот бозон, кој неодамна беше откриен во Церн, европската лабораторија за честички, не е само стара честичка. На разочарување на многу физичари, таа беше наречена „Божја честичка“. Книгите за космосологијата ветуваат откривање и на „материјалот од кој е составена вселената“, додека нивните академски автори дискутираат на различни теми околу „теоријата за се што постои“.

Сепак, реалноста е поразочарувачка – или можеби повозбудлива, зависи на која страна пропаѓате. Физичарите имаат одлични точни теории да го опишат однесувањето на нештата од кои се составени атомите. Но исто така знаат и дека оваа материја учествува со помалку од 5 проценти во создавањето на супстанцијата. Меѓникот е поставен помеѓу „темната енергија“, лошата сила која е одговорна за експанзијата на забрзувањето во универзумот, и „темната материја“, фантомското нешто чие постоење изгледа е неопходно за да се даде смисол на поредокот на небото. И двете се предмет на интезнивни проучувања, и двете остануваат длабоко мистериозни.

На 30 октомври, тимот кој спроведува експериментот во Големиот подземен ксенон (Лукс) во рудник 1.500 метри под Јужна Дакота, најави резултати од нивните први три месеци потрага по темната материја: нема ништо. Тоа е голема вест. Се судира со доказите од неколку други експерименти кои навестуваат дека темната материја сепак била забележана. А Лукс е најчувствителниот детектор на темна материја било кога создаден.

Историјата за темната материја датира уште од 1933 година, кога Фриц Цвики, швајцарскиот астрофизичар кој работел во Калифорнискиот институт за технологии, забележа нешто чудно. Галаксиите кои тој ги набљудувал изгледало дека се движат на начин несоодветен со гравитациската сила од соседните галаксии. Тоа го довело до тврдењето дека универзумот е исполнет со повеќе нешта од оние кои можат да се видат со оптички телескоп.

Оттогаш се собрале и други докази, од начините на кои галаксиите се вртат до мерење на избледувањето на светлината од Големот прасок, и дисторзирачките ефекти од концентрациите на маса со големина на галаксии кои ја имаат врз патувањето со брзина на светлината во вселената. Ниту едно од овие докази немало смисол без да се претпостави постоење на голема количина од екстра маса (повеќе од пет пати од количината на атомската материја) покрај она што астрономите всушност можат да го видат. Мал дел од невидливата маса можеби е банален: планети без сонца, црни дупки кои лутаат, неутронски ѕвезди и слично. Но за да се биде конзистентен со астрономските набљудувања, поголемиот дел од тоа мора да биде непозната материја.

Отсутни пријатели

Првиот кандидат за тоа е Вимп, или Слабо интерактивна масивна честичка, која сспоред говорот на физичарите е голема честичка која е одговорна за две од четирите фундаментални сили во универзумот. Вимп е под влјание на слабата нуклеарна сила (која владее со радиоактивното распаѓање, помеѓу другие нешта) и со гравитацијата, но нејзината способност да ги игнорира и магнетизмот и силната сила која задено ги држи со нуклеусот, ги прави неразбирливи нештата кои се едвај интеркативни со атомската материја.

Експериментот Лукс се состои од цилиндар исполнет со 368 кг. течен и гасовиден ксенон, кој е потопен во резервоар со 270.000 литри вода. Ако Вимп се вистински, голем број од нив би требало да протекуваат низ цилиндерот во секоја секунда. Повремено Вимп би требало да удираат во протони или неутрони во нуклеусот на атомото на ксенонот, да бидат во интеракција со нив преку слаба нуклеарна сила, а тоа да предизвикува нуклеусот да се отргнува. Потоа атомот би емитирал едвај видлива од светлина која ќе биде забележана од ултра чувствителните детектори на машината. Штитот од вода и локацијата на машината сместена длабоко под земјата, се дизајнирани за да заштитат од космичките зрачења, од сончевата радијација и од се друго кое може да доведе до лажен аларм.

Досега Лукс не успеа да пронајде ништо важно, затоа што работи спротивно на ветувачкиот ред од докази. Во изминатите неколку години се забележале неколку други докази за темна материја кои честичките Лукс ги бараат. Неодамна, во април, од Криогенската потрага по темна материја (Цдмс) лоцирана во рудник за железна руда во Минесота, објавија три потенцијани присуства на Вимп, со степен на веројатност од 99,8 проценти. (Ова можеби звучи високо, но во физиката за честички тоа е резултат со само средно значење). Даниел Мекинзи, физичар на Универзитетот Јејл кој е портпарол во Лукс, вели дека ако резултатите на Цдмс се точни, тогаш Лукс би забележале околу 1,500 Вимп за време од првите три месеци од експериментот.

Иако дефинитивното забележување на темна материја би предизвикало поголем интерес во јавноста (исто така и Нобелова награда), резултатот со празни раце е исто така витален дел од науката. Вимп за кој сонуваат теоретичарите се скоро бесконечни во нивната различност, вели Кетрин Мек, космолог во Универзитетот во Мелбурн, со мноштво различни маси и нивоа на сјајност кога се во интеракција со остатокот од космосот. Рик Гејтскејл, главниот научник во Лукс, признава дека две децении долгиот лов по темната материја открило само околу половина од нејзините својства.

Процес на елиминација

Кога астрофизичарите се нафрлаат врз проблемот барајќи кон надвор, нивните противници физичари за честички бараат кон внатре. Главните луѓе во Големиот Хадрон колајдер во Церн, оссвежени по потрагата по Хигзовиот бозон, се обидуваат да забележат потпис на темната материја барајќи делчиња кои недостасуваат од енергија во остатоците кои се создале при сударот на честичките со голема брзина во машината.

Други тимови на научници пак бараат во вселената, наместо под земја. Алфа магнетскиот спектрометар (Амс), кој е приврзан на меѓународната вселенска станица, е направен за да трага по темната материја со забележување на честички наречени позитрони, создадени кога Вимп во Млечниот пат се судираат и се впиваат едни со други. Во април оние кои управуваат со Амс најавија резултати кои се конзистентни со идејата дека таквите впивања се случуваат, иако д-р Мек потенцира дека овие резултати се прелиминарни и дека позитроните исто така може да дојдат и од други нешта, како што се пулсарите.

Тогаш, сето она што досега големите истражувања го открија е ништо. Но секој негативен резултат брише извесни теории, а истакнува други, со што се стеснува концептуалниот простор каде темната материја може да се крие. Повеќето физичари порано или подоцна очекуваат големо забележување. Но ако од секое истражување се излегува со празни раце, тогаш тоа може да биде највозбудливиот негативен резултат од сите – и кој ќе доведе до сознанието дека што и да е одговорно да движењето на галаксиите е уште почудно отколку што луѓето мислат.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија18 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија19 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија19 часа

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија20 часа

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија21 час

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија22 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет22 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија23 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет1 ден

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет1 ден

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион1 ден

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет1 ден

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа1 ден

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет1 ден

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија2 дена

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија2 дена

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија2 дена

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија2 дена

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....