Контакт

Daily news

Десет факти кои можеби не сте ги знаеле

Објавено пред

Едни од најомилените вести се оние кои почнуваат со: Дали сте знаеле дека…? Во продолжение ви пренесуваме десет факти, кои можеби досега не сте ги знаеле.

dobivaj vesti na viber

Јастог – храна за сиромашни

Пред крајот на 19 век јастог се сметал за храна на сиромашните, едвај соодветен за затворениците. Некои колонии на бреговите на Нова Англија одбивале да послужат јастог повеќе од еднаш дневно. Причината што јастогот како храна бил толку омразен, најверојатно е начинот на неговата подготовка – го варелеи потоа го посолувале. Јастогот најчесто се ситнел на ситни парчиња и се користел како ѓубриво.

Кутриот компјутер на Аполо 11

Компјутерот за наведување на вселенското летало Аполо 11, кое прво слета на Месечината имаше само 64 КБ меморија и процесор кој работл на 0.043 MHz. Тостер кој има копче за почеток и крај на печењето и за одмрзнување, има посложени функции од тој компјутер.

Пречки при првото одење по Месечината

Кога екипата која прва одеше по Месечината се врати до модулот за спуштање  Eagle, Баз Олдрин случајно го скинал прекинувачот, со кој се вклучувал моторот на леталото. Успеале да ја поправат неочекуваната штета, која можела да ги чини живот, користејќи керамичко налив перо.

Пребарувањето на Гугл

На Гугл секојдневно се бара нешто ново. Најверојатни 16 проценти од пребарувањата се поими кои никогаш порано не биле барани.

Караоке

Јапонскот збор „караоке“ всушност значи празен оркестар (kara = празен, oke= оркестар).

Ноќното небо е минато

Кога го гледаме ноќното небо, всушност го гледаме минатото. Гледаме толку далеку во минатото колку што  на светлината и е потребно да дојде до нас од ѕвездата која   ја емитува.     Светлото патува со брзина од околу 300.000 километри во секунда, а најблиските ѕвезди се оддалечени околу пет светлосни години од Земјата. Млечниот пат се состои од околу 100 до 400 милијарди ѕвезди, а во видливата Вселена постојат околу 170 милијарди галаксии.

Бесмертни медузи

Ситните медузи Turritopsis nutricula, кои живеат на разни места во светот – од Јапонија и Шпанија до Панама – познати се и како бесмртни медузи, затоа што можат да создаваат млади станици кога се во смртна опасност.

Чудо на обичниот молив

Просечен молив може да повлече линија долга околу 56 километри. Моливите, инаку, можат да пишуваат и под вода и во бестежинска состојба.

Микроби во човечкото тело

Микроорганизмите кои живеат во човечкото тело се десет патои побројни човечките келии, кои се околу 100 билиони. Студентот по хемиски инжинеринг на Универзитетот Бакнел, Дејвид Трауфер, го опиша тој факт „кул, малку гадно, но секако многу интересно“.

Лал Бихари и Здружение на мртовци

Ако се прашувате кој е Лал Бихари, можниот одговор е – човекот кој стана од мртвите.

Лал Бихари поминал 18 години – од 1976 до 1994 година докажувајќи дека е жив. Индиската Влада го водела како починат цело тоа време. Во својот очај Лал Бихари дури се кандидирал за селскиот парламент во Лал Гања за да докаже дека е жив. Во Индија тоа не е редок проблем – меѓу 10.000 и 40.000 луѓе се мртви во очите на државата, но во реалноста не се. Лал Бихари основал Здружение на мртовци за да лобира да им се вратат правата кои ги изгубиле.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Дислокацијата на цементарницата не е проблем, но не може како на шведска маса да бираме што да анализираме, а што не, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решението за воздухот во Скопје е системско, кое ќе понуди алтернативен начин за загревање на...

Македонија2 часа

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Денеска, во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања по вчерашната одлука на Собранието,...

Македонија2 часа

Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со...

Македонија3 часа

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“

Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, поднесена од Зелен хуман град, по 13-часовна...

Топ4 часа

Уапсен кумановец на Табановце, шверцувал стари монети

Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети. Вчера во 20:18 часот на Граничен...

Македонија4 часа

Филипче да одговори дали има удел во бизнисот на Заев за изградба на 42-катницата во Дубаи, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДС продолжува на дневна основа да штанца долги, бесмислени и конфузни соопштенија без никаква суштина, но ги нема збор да...

Свет5 часа

Полска пресретна руски авион над Балтикот, воздушниот простор е нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион што леташе близу до нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и...

Свет7 часа

Дали Зеленски ќе го исполни барањето на Трамп: Се разгледува одржувањето на претседателски избори

Првиот заменик-претседател на украинскиот парламент, Олександр Корниенко, го објави почетокот на работата на работната група која ќе се занимава со...

Македонија7 часа

Министерот Стоилковиќ објави видео од канцеларија со импровизирани кревети во кои работеле службеници од ДУИ

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во...

Македонија20 часа

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил,...

Македонија21 час

„Чичко, прскај нè оти така полесно дишеме“: Николов со потресно сведочење за трагедијата во„Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, сведокот Дејан Николов, сопственик на автосервис во близина на дискотеката, во...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Топ1 ден

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар...

Македонија1 ден

Мицкоски: Груби побара да се избрише балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување на граѓаните Албанци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека...

Македонија1 ден

(Видео) Дали Венко, кој има златна виза за Дубаи, е партнер на Заев во градењето на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски

„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе...

Македонија1 ден

Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети

Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски за состојбата во која е затекнат Градот: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка

На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје, се обрати со јасна и отворена...

Топ1 ден

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку центарот SELEC со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската...

Македонија1 ден

Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“

Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ кафе“ и на Александар Нацев како неформален...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно...