Контакт

Daily news

Времето на раѓање го одредува вашиот карактер

Објавено пред

Датумот на раѓање не е доволен показател за утврдување на вашите особини. Точноста на анализата зависи и од часот на раѓање.

dobivaj vesti na viber

Погледнете што покажува вашиот час на раѓање за вас.

Од 0-01 часот

Овие лица се карактеризираат со агресивност (Овен), придружена со издржливост (Сатурн). Околината за нив мисли дека се многу тврдоглави и горди. Немаат чувство за дипломатијата. Во поволни околности, нивната констелација може да доведе до неверојатни творечки достигнувања.

Од 01-02 часот

Моќ, престиж и статус преставуваат сè за овие лица. Затоа, нивните најблиски обично страдаат. Тие се успешни во животот, благодарение на тоа што знаат да се справат со голема количина енергија која секогаш е околу нив. Сепак за постигнувањето на успехот треба да им се заблагодарат на безрезервната поддршка од влијателните пријатели и пред се постарите лица.

Од 02-03 часот

Тие сакаат да се посветат на поголем број на задачи истовремено. Динамични се и сакаат да уживаат, но исто така и многу брзо губат интерес за работите што ги започнале. Понекогаш се избувливи и нетолерантни, па малку поголемо трпение би им завршило голема работа.

Од 03-04 часот

Нежни чувствителни, можат лесно да бидат повредени. Лојалноста и љубовта им е многу важна, исто како што им е важна околината и семејството. Финансиската стабилност им оди од рака, може да се каже дека многу добро наоѓаат пари за живот.

Од 04-05 часот

Нивните мисли се секогаш насочени кон одредена цел. Тие се полни со концентрација и волја. Затоа, во секој бизнис брзо стануваат авторитети. Но, сепак тие повеќе се како некој „салонски“ лав. Кога ќе им се даде премногу значење во општествените односи, веднаш паѓаат во депресија.

Од 05-06 часот

Најдобро се чувствуваат кога се наоѓаат во позиција во хаосот да воведат ред. Сакаат детали и затоа многу им е тешко да направат разлика помеѓу потребното и непотребното. Често се изложуваат на ризик затоа што парите ги трошат на работи кои не им се неопходни. Вредни се и ги извршуваат своите должности совршено.

Од 06-07 часот

Шармантни и секогаш добро облечени. Нивното место на живеење е секогаш вкусно украсено, посебно дневната соба или некое посебно место каде се собираат со нивните пријатели. Љубезни се кон сите. Најголемата опасност за овие лица лежи во фактот што емоционалната сигурност ја пронаоѓаат во другите, а не во самите себе..

Од 07-08 часот

Овие лица се многу дирекни и немаат влакна на јазикот. Тие го зборуваат тоа што го мислат, но знаат да бидат и молчаливи. За успехот во работата можат слободно да им се заблагодарат на својата бујна фантазина, но и подготвеноста да се посветат на една цел. Интригите и недовербата нив ги вадат од такт.

Од 08-09 часот

За овие лица спортот, долгите прошетки и играта се многу важни. Постојано се обидуваат да ги поминат границите, независно дали станува збор за социјални, духовни или национални граници. Ги привлекуваат непознатите. Секогаш се расположени за нови пријателства. Родени се авантуристи.

Од 09 – 10 часот

Секогаш им се потребни конкретни поводи да бидат активни. Благодарение на големиот талент за ориентација и дисциплина секогаш ја постигнуваат целта што си ја поставиле. Добро им доаѓа кога им помагаат на другите, особено на членовите на своето семејство.

Од 10 до 11 часот

За нив сите луѓе се исти. Не прават класни разлики, секому му дозволуваат да има свој личен став и мислење. Имаат целосно разбирање за сè, секогаш се отворени за нови идеи и знаат како да се справат со мистичните категории. Бидејќи толку многу ги сакаат луѓето, секогаш се опкружени со искрени пријатели.

Од 11 до 12 часот

Посебно се успешни кога работат нешто „зад сцена“. Тогаш навистина можат да завршат голема работа. Сакаат мир за да си ги наполнат батериите. Ништо не стои на патот на нивната кариера во полето на уметноста.

Од 12 до 13 часот

Секоја работа ја завршуваат до крајот. Разумно избираат на што ќе го трошат своето време и пари. Материјалната сигурност и семејството им се најважни за дневниот мир и среќа. Многу ретко се саминицијативни и воспоставуваат сами контакти.

Од 13 до 14 часот

Мислењата на другите често ги земаат при срце. Мислат дека секогаш се во центарот на вниманието. Веруваат само во она шти тие лично мислат дека е вистина. Можеби токму тоа ги носи до неверојатниот успех во бизнисот.

Од 14 до 15 часот

Обично му остануваат верни на својот патрнер до крајот на животот, но ако помислат дека тие не го заземаат главното место во неговото срце, веднаш бараат друг партнер. Уметноста и глумењето им се главните порвесионални приоритети. За децата се подготвени да жртвуваат сè.

Од 15 до 16 часот

Целосно се посветуваат на работи во кои можат да ги внесат сите свои чувства. Обично се многу срдечни и зрачат од самозадоволство. Знаат да бидат нервозни, ако се одбиени. Потребно е да ја контролираат својата лутина за да ја одбегнат агресивноста, тешките зборови и навреди.

Од 16 до 17 часот

Парите за нив имаат важна улога. Мислат дека во првата половина од живот треба да успеат да обезбедат се што им треба. Добро се снаоѓаат со секојдневните проблеми и ситните измами. Знаат да ги претпостават нештата однапред.

Од 17 до 18 часот

Се додека се зависни од желбата за совршеност, луѓето ги ценат и сакаат. Многу се практични и знаат да се носат со успехот, но и со противниците. Сепак деталите многу често знаат да им застанат на патот и да им ги расипат плановите за иднината.

Од 18 до 19 часот

Само со поддршка на други се сигурни во себе и во остварувањето на своите цели во животот. Им треба многу време за да се помират со своите неуспеси. Најголемата опасност лежи во фактот што нивниот партнер може да им побара барања на долг рок кои тие нема да можат да ги исполни.

Од 19 до 20 часот

Склони се да ризикуваат и само затоа понекогаш имаат и добри позиции во општеството. Поради своите пренагласени сексуални барања не успеваат да одржат долга врска, затоа што другите вредности им се во втор план. Во суштина се што прават нема мерка.

Од 20 до 21 часот

Ги возбудува новото и непознатото. Животниот еликсир им се далечните патувања и егзотичните земји. Верноста до гроб не важи за нив. Благодарение на оптимизмот по големиот пад секогаш цврсто застануваат на нозе.

Од 21 до 22 часот

Од страв да не ги повредат, често се бавни и неактивни. Но, кога еднаш ќе запознаат некој, тие веднаш стануваат топли и пони со елан. Преголемо внимание посветуваат на видливите докази на љубовта и многу се разочаруваат кога ќе сфатат дека работите не се такви какви што тие ги замислуваат.

Од 22 до 23 часот

Премногу се интелигентни и често мислат поинаку од другите. Можат да се справат со најтешките проблеми. Секогаш имаат предност над другите. Арогонтни се и не знаат дека скромноста е сеуште доблест.

23-24 часот

Со нив владее таканареченото „ноќно сонце“. Тоа го симболизира внатрешното светло. Имаат тенденција да се занимаваат со окултни професии. Во секојдневниот живот не прават компромис. Нивното мото е „сè или ништо“, а во љубовта се склони кон посесивност и љубомора.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет7 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет14 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет14 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет14 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет15 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет15 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа2 дена

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...