Контакт

Daily news

Десет симптоми кои покажуваат дека старееме

Објавено пред

Како што и кожата ја губи својата еластичност во текот на годините, така и непцата со време почнуваат да се повлекуваат. Како што се повлекуваат днепцата, така забите изгледаат поиздолжени. Непцата почнуваат да се собираат после навршените 40 години.

dobivaj vesti na viber

Првите бели влакна се еден од очигледните знаци дека старееме. Меѓутоа постојат уште некои работи кои се јасни показатели дека годините не стасуваат.

Гласот на мажот станува повисок, а гласот на жената опаѓа

Гласот на старите воглавно е со послаб интензитет, тоа е поради тоа што стареењето ги погодува и гласните жици. Така, гласот на мажот станува повисок, особено кога ќе наполни 70 години, а гласот на жената станува потивок.

Дебелеење

После 50. година и мажите и жените почнуваат да се дебелееат. Тоа се случува на само поради тоа што сме физички помалку активни, туку и порадит тоа што ги губиме мускулите што го успорува метаболизмот.

Почесто киваме

Луѓето во средни години се почесто добиваат алергии. Тие почесто се алергичи на полен и слични супстанци и предизвикуааат иритација на носот, чешање и кивање. Постојат неколку теории зошто тоа се случува, а една од нив е причината дека со годините ни слабее имунолошкиот систем. Друга причина која би можела ова да го предизвика е загадување на воздухот поради тоа што има повеќе алергии на кои не сме отпорни.

Бемки

Доколку забележите кафени и темни флеки и испупчувања по телото, тоа не се бемки иако многумина така мислат. Тоа се всушност старечки брадавици. Неретко можат да почнат да чешаат и да се воспалат. Во секој случај, штом ги забележите јавете се кај лекар.

Ушите, носот и стапалата стануваат поголеми

За разлика од коските и мускулите, нашите уши, нос и стапалата растат дури и кога старееме. Ушите се направени од флексибилно врозовно ткиво, благодарејќи на што растат се додека не умреме. Стапалата се зголемуваат и шират со годините поради тоа што лигаментите кои ги поврзуваат со ситни коски, губат на еластичност.

Будење со главоболка

Ако после неколку часа спиење се разбудите со главобоки или иамте главоболки после кусото спиење, тоа значи дека стареете. Овој вид на главоболка е всушност тип на болка на темето и ги погодува оние кои имаат над 60 години.

Јасно видлив пулс

Кај постарите жени пулсот е јасно видлив на вратот. Жените поради остеопораозата и староста губат на висината, и со самото тоа им се намалува и вратот, поради што артериите се повидливи и поистакнати.

Насолзени очи

Постарите лица имаат насолзени очи, а неретко солзите им се сливаат низ лицето без никаква причина. Меѓутоа, со годините солзните канали престануваат да функционираат како што треба, па не ги сушат солзите. Поради тоа солзите се собираат во очите, односно очите стануваат насолзени.

Алергија од сапун, гребење во грлото и често станување во текоот на ноќта поради моркење, исто така се јасни знаци дека ве стигнува староста.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал...

Македонија14 часа

Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот: предвидена набавка на 80 нови автобуси, реконструкција на улици, паркови

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан....

Македонија16 часа

(Видео) Кузеска: Итно да се објави целиот извештај за непотребните операции на срце

Се соочуваме со еден од најголемите скандали во здравството во историјата на државата. Министерот за здравство јавно соопшти дека се...

Топ17 часа

Осум дена притвор за насилникот кој претепа и му се закануваше со нож на дете во Скопје

Судот определи притвор од осум дена за насилникот кој нападна и му се закануваше со нож на 12-годишно дете во...

Македонија17 часа

Гаши за барањата за датумот на одржување на изборите: Собранието постапува само врз основа на рокови

Во врска со сите барања и прашања што се однесуваат на одредувањето на датумот за изборите за градоначалник во Гостивар,...

Македонија18 часа

Коцевски алармира: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред пратениците алармира за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски...

Македонија19 часа

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Судиите упатија остра критика до премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговите изјави дека моралот не му дозволува да се...

Македонија20 часа

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Непотребно оперирани или неправилно упатени пациенти се пронајдени во десет од анализираните 19 случаи на кои работи домашната комисија формирана...

Македонија21 час

„Минималната плата оди на 26.400 денари, почнува новата економска ера“, велат од „Влен“

„По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН,...

Македонија22 часа

„Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта на Мицкоски“: СДСМ бара проширување на истрагата

„Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и...

Македонија22 часа

„Поранешни соработници му го свртија грбот на Филипче поради недоверба во него и влијанието на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е...

Регион23 часа

(Фото) Турски пилот загина во Хрватска, а преживеа пад на авион пред 2,5 месеца

Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во близина на Сењ, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти...

Свет23 часа

Поранешен шеф на МИ6: Путин не е подготвен за договор со Украина

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, изјави дека проценките на разузнавањето покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин...

Европа23 часа

(Фото) Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети: десетици повредени

Русија изврши масовен воздушен напад врз Киев во ноќта помеѓу 13 и 14 ноември, користејќи стотици беспилотни летала и повеќекратни...

Европа24 часа

(Видео) Гори руски нафтен терминал на Црното Море: Украинците го нападнаа со дронови

Украински дронови го нападнаа рускиот пристанишен град Новоросијск во Краснодарскиот крај преку ноќ, оштетувајќи нафтен терминал и предизвикувајќи голем пожар,...

Свет1 ден

Би-би-си му се извини на Трамп

Би-би-си му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп за погрешно изменетата верзија на неговиот говор од 6 јануари 2021...

Свет1 ден

Американците погодија брод на Карибите: „Четири наркотерористи убиени“

САД го извршија својот 20-ти напад врз бродови за кои се верува дека се користат за трговија со дрога, објави...

Свет1 ден

По одложувањето, екипажот на кинеското вселенско летало „Шенжоу-20“ се враќа на Земјата

Тројца кинески астронаути чие враќање на Земјата беше одложено поради вселенски отпад што го погоди нивниот вселенски брод минатата недела,...

Македонија2 дена

Ако правосудството работи по закон, и мојата плата ќе им ја донирам, рече Мицкоски кој засега не поддржува зголемување на примањата на судиите и обвинителите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор,...

Регион2 дена

Истрага за странските викенд-снајперисти во Сараево: „Носеа пушки што личеа како за лов, ги таргетираа децата“

Обвинителството во Милано повторно ја активира истрагата за т.н. викенд-снајперисти – странци кои за време на опсадата на Сараево биле...