Daily news
Бакрачески: Со методата ротаблација пациентите ќе добијат лекување без класична хируршка интервенција
Денес во Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид беше промовирана нова метода во рамките на одделот на Интервентна кардиохирургија.
Како што истакна градоначалникот Никола Бакрачески , во принцип оваа техника не е толку нова , но потребата се наметна по се почестата употреба особено кај пациенти кои имаат комплексни запушувања на срцевите крвни садови.
„Во такви случаи се користи оваа метода на ротаблација, каде со еден дијамантски сврдел се навлекува на една коронарна жица, се врши гребење на калциумските депозити, за да може во еден момент да се овозможи проаѓање на други жици и да се заврши со поставување на стент на срцевите артерии.
Се работи за процедура која што е резервирана за редок број на центри, бидејќи нејзината употреба меѓу пациентите , варира од центар до центар од прилика од 3-7%.
Нејзината примена се наложи со стареење на популацијата со усовршување на техниките и потрошниот материјал во интервентна кардиологија„, истакна Бакрачески, кој во суштина е лекар.
Ваквата метода се користи кај се поголем број постари пациенти кои што имаат комплексни запушувања. Во нашата држава оваа метода се употребува и во клиниката за кардиологија, а од денес официјално и во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.
Како што напомена градоначалникот Бакрачески, од пред 4 години во употреба е и интраваскуларниот звук со цел полесно поставување на срцеви стентови.
Градоначалникот Бакрачески се заблагодари посебно на “Boston Sientific ”, која што е производител на опремата и на потрошениот материјал за една ваква процедура.
Заводот за Кардиоваскуларни заболувања една деценија наназад бележи интензивен раст и развој на оваа институција, како и постојано иновирање на нови техники кои се неопходни за завршување на ретки, но комплексни процедури, кои може да се изведуваат само во мал број на центри.
Според податоците кои ги изнесе Доцент др.Владан Лукшевиќ, заменик директор на Клинички центар на Србија , станува збор за навистина напредна технологија со која нема потреба од класична хируршка срцева интервенција.
„Ако пресметате 2-3% од 1.600 процедури ќе дојдете до бројка дека некаде околу 40 пациенти годишно со стандардна процедура на вградување на стент не може да биде излечен , бидејќи не постои техничка можност за тоа. Оваа метода ќе овозможи овој процент на пациенти да добијат лекување без отворање на градниот кош и без класична хируршка интервенција„, истакна др. Лукшевиќ.
Докторот посебно се заблагодари до тимот кој асистираше во салата за време на интервенцијата, а изрази и голема пофалба за самиот уреден простор во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, како и условите кои се најпозитивни за работа.
„Македонската кардиологија е водечка во регионот ,во однос на интервенциите кои се работат. Ние ги праќаме нашите доктори кај вас на обука. Она на што посебно ви завидувам е многу добра и квалитетна мрежа за лекување на пациентите.
Македонија е прва земја од бившите југословенски држави која ја заокружила својата територија со доволен број на сали за интервенција , за сите пациенти„, додаде Др. Лукшевиќ…крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.