Контакт

Daily news

Репортажа од Сараево: Политика, скара и југоносталгија

Објавено пред

Пишува Бојан Стојковски

dobivaj vesti na viber

 

Звуци од хитовите на „Бијело дугме“, мирис на ќебапи и бурек, австроунгарски градби и ориентална мистика… сето тоа истовремено претопено во еден совршен спој, обременет со сеќавања од војните во 90-тите и длабоката поделба во која денес живее Босна и Херцеговина.

Сараево денес е град во кој живее духот на југоносталгијата, но со две лица – едното е сета мултикултурна убавина на поранешната заедничка држава, а другото е хаосот кој следеше по распадот на таа држава и крвавите судири кои беа најжестоки токму во Босна и Херцеговина – срцето на тогашна Југославија и местото со најмногу мешани бракови.

Сараево веројатно е и градот кој претрпе најголеми штети за време на војната во БиХ, којашто се водеше од 1992 до 1996 година. Самиот град беше под опсада три ипол години,  а за време на овој период вкупниот број на загинати изнесува преку 11 илјади, од кои повеќе од 1.500 се деца. Сеќавањата од војната се насекаде низ градот, од т.н. „сараевски ружи“, преку дупките од куршуми и ракети кои можат да се забележат на скоро сите постари згради низ Сараево, преку предупредувањата за нагазни мини кои можат да се забележат кога ќе прошетате по околните полјани.

 

Во земјата влегуваат многу странски пари, но каде завршуваат?

 

Во градот денес, како и во ентитетот во кој тој се наоѓа, односно Федерацијата БиХ (вториот составен дел на Босна и Херцеговина покрај Република Српска), поради последиците од војната влегуваат многу пари, велат нашите соговорници. „Тука се вложуваат многу пари, што од Саудиска Арабија, Турција,  САД,  поголемите земји  од ЕУ… Сето тоа пред се поради  војната и геноцидот кој се случи во Сребреница. Но повеќето од тие пари завршуваат во џебовите во политичарите. БиХ навистина можеше да биде Швајцарија на Балканот, но за жал сме во состојбата во која што сме“, вели еден од нашите соговорници.

Како и во повеќето земји кои произлегоа од распаѓањето на Југославија, транзицијата за Босна и Херцеговина беше еден тежок процес, надополнет со бремето од административната, односно етничката, како и религиозна поделба помеѓу Србите, Хрватите и Бошњаците. Пластичен пример за ова е тоа што од еден заеднички јазик, сега  во земјата има три, речиси идентични, официјални јазици. Политичарите кои ги претставуваат овие три државотворни народи денес не можат да се согласат скоро за ништо од интерес на граѓаните кои живеат во земјата, освен можеби само за едно нешто, вели еден од нашите соговорници.

„Доколку утре има седница на Парламентот, можам да ви кажам точно што ќе се случи, без воопшто и да се следи моменталната состојба. Нашите политичари не можат да се договорат околу ништо важно, освен кога треба да се одобри некоја транша од ММФ, тогаш сите ќе се согласат, а останатите работи не им се важни. Сите ги гледаат само своите национални интереси и ништо друго, Хрватите си ги гледаат своите интереси, Србите своите, и Бошњаците исто така своите интереси“, вели 25-годишниот Самир.

 

Тешкиот живот – обединувачки фактор за Србите, Хрватите и Бошњаците

 

Тешкиот живот во земјата можеби е и еден од малкуте обединувачките фактори за оваа земја, вели за Макфакс новинарот на Ал Џезира Балканс, Алмир Шечкановиќ. „Еден од показателите на единството во БиХ е тешкиот живот – без оглед на тоа во кој ентитет, општина или град, најголемите проблеми се исти – невработеноста, криминалната приватизација, владејачките елити кои сметаат дека се господари на животот и смртта. И тука нема разлика кога се работи за Бошњаците, Србите или Хрватите“, вели босанскиот новинар.

Останатите фактори на обединување според Шечкановиќ се пописот на населението, кој открива многу работи, како и европската перспектива. „Босна и Херцеговина веќе 25 години покажува дека е можна, а денес таа го демонстрира тоа повеќе отколку било кога. Иако за некого оваа констатација можеби ќе биде чудна, ќе наведам уште неколку примери. Прв е пописот на населението во БиХ, кој откри дека во некои свои делови, земјата го зачува својот мултиетнички карактер. Така, тој  покажа дека во Република Српска, на чија територија се случи геноцидот, се вратија околу 150 илјади лица, кои беа жртви на тој прогон. Тоа покажува дека  љубовта кон својата татковина, своето место на раѓање и семејството надвладеја над сите стравови и потешкотии“, смета тој.

„Друга важна работа е дека во овој момент сведоци сме на заедничкото делување на ентитети во пополнувањето на прашалникот од ЕУ. Двата ентитети и државната власт ги доставија своите одговори и тие како единствен документ, во организација на Агенцијата за ЕУ интеграција, ќе патува во Брисел“, додава Шечкановиќ.

 

„Ентитетот – тоа сум јас“

 

Ентитетската (не)соработка, меѓудругото е и една од главните причини поради која земјата не може да напредува економски, општествено и во било кој друг сегмент, а како главен виновник за ова се судирите помеѓу националистичките политики, кои се претставуваат како „патриотски политики“.

„Ентитетите според Уставот на БиХ се составните делови на земјата, а покрај  нив се додава и дистриктот Брчко, како административна единица. Лаички, тоа може да се објасни вака: нити еден од ентитетите нема свое столче во ОН, а Босна и Херцеговина од април 1992 година има. Во овој момент ентитетите се спротивставени во се, освен во заедничкото земање на пари од странските кредитори. Но тука не се работи за судир на ентитетите, туку за судир на политиките, едната која поради личните интереси на поединци ја застапува тезата за јакнење на Република Српска, а друга којашто исто така поради лични, но и патриотски интереси ја застапува тезата за јакнење на државата Босна и Херцеговина. Како овие две политики ќе се помират, никој не знае. Но тие мора да се помират“, објаснува Шечкановиќ за Макфакс.

Административната поделба помеѓу ентитетите во поглед на функционирањето на државата оди дотаму што таа нема здравство и образование на национално ниво, туку на ентитетско, а поради ова земјата има потешкотии да добие донации или пак развој на проекти во овие сфери, велат нашите соговорници.

 

Според новинарот на телевизијата БН, Мито Травар, пак, политичарите во БиХ имаат само една една цел, а таа не е да се подобри животот на граѓаните во земјата. „Политиката во една ваква БиХ е оружје за масовно уништување на народите кои живејат во неа, а политичарите (на сите нивоа, кои во БиХ ги има колку сакате) се верни егзекутори на тоа уништување. Четврт век трае цицањето на живот од нас. Некои тоа го сфатија на време, и одамна побегнаа од овдешните крвопијци. Процесот на бегање никогаш не престана, нити пак некогаш ќе престане“, заклучува Травар.

 

Сараево, но и БиХ во целина – своевиден балкански Ерусалим

 

Колку и да е депресивна политичката реалност во земјата, сепак дел од нашите соговорници велат дека веруваат во тоа дека Босна и Херцеговина е одржлива, иако тоа можеби и не важи за начинот на кој таа функционира, со мноштво блокади во институциите и општеството.

„Прашањето за постоењето на државата и тежнеењето на нејзините граѓани заедно да живејат се прашања кои немаат упориште. Тука во БиХ, луѓето со векови живеат заедно, и не само овие три народи, туку и останатите. Знаете ли дека до Втората светска војна секој петти жител на Сараево беше Евреин, и тоа е никого не му сметаше. Затоа Сараево, но и целата БиХ, е своевиден европски мост на религиите, односно европски Ерусалим“, заклучува Шечкановиќ.

„Клучот е тоа што треба да живееме во компромис, и сметам дека поголем дел од нас го научија тоа. Не може да седиме на иста маса полна со јадења, и поголемиот дел да отиде само за мене, а скоро ништо за тебе“, смета 60-годишниот Ведад од Сараево, кој како што вели го видел и најдоброто, но и најлошото од некогашната заедничка држава Југославија, а одбрал да остане да живее во својот роден град и покрај сите потешкотии да продолжи да се бори за иднината на своите деца и внуци./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Приведени уште 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“

Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од Обвинителство за гонење на...

Свет7 часа

(Видео) Објавени се нови снимки од падот на Боингот во Индија

Авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со 242 патници се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот...

Свет8 часа

(Видео) „Имаше тела насекаде околу мене, бев преплашен, станав и почнав да трчам“: британски државјанин го преживеа падот на авионот на Ер Индија

Британски државјанин кој ја преживеал падот на авионот во Ахмедабад го опишал моментот кога се случил. Според NDTV, шефот на...

Македонија8 часа

(Видео) Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Се знае ли кој е државен секретар во Министерството за култура?

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура и...

Македонија9 часа

Арсовска: Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, документи се доставени до обвинителство

„Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, за што документи се доставени до обвинителство и има изјави кои...

Европа9 часа

Зеленски: Трамп го препознава вистинското лице на Путин, тој гледа дека не е искрен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за германскиот „Билд“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги користи преговорите со Украина...

Македонија9 часа

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, полека се враќа протокот на струјата

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, но БППЗ Скопје во моментот се уште вршат догаснување, извести Центарот за...

Свет12 часа

(Фото) „Боингот“ се урна врз мотел за доктори, делови од авионот останаа во зградата

Патничкиот авион Боинг 787-8 Дримлајнер, управуван од „Ер Индија“, кој полета од Ахмедабад до Лондон утрово, се урна неколку минути...

Свет13 часа

(Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди...

Македонија14 часа

Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско – кичевската епархија

Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е избран за нов духовен водач на Дебарско-кичевската епархија Тој е назначен на местото на упокоениот митрополит...

Македонија14 часа

Бројот на гости и ноќевања расте со историски 20% во однос на лани, целта ни е да стигнеме до четири милиони ноќевања, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски утрово при посетата на Машинскиот факултет историски успех го нарече зголемениот број регистрирани ноќевања и туристи во...

Македонија14 часа

Картел во фармацевтскиот бизнис – две веледрогерии го оштетиле буџетот за 1,1 милион евра

Вишиот управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое утврди дека две големи...

Македонија15 часа

Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи, тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, велат од СДСМ

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, според СДСМ, уште на почетокот го покажал својот вистински лик, надмен, без допир...

Македонија16 часа

Филипче со денови молчи за бугарската фирма, Обвинителството да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на...

Свет17 часа

Германскиот министер за одбрана: Правиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, пристигна во Киев за да разговара за воената поддршка за Украина во нејзината војна...

Македонија17 часа

За три дена, 109 повредени од Кочани доставиле барања и предлози на телефонската линија на Владата

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна...

Свет1 ден

Вучиќ е единствениот кој не ја потпиша декларацијата за поддршка на Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој...

Македонија1 ден

Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот...

Топ1 ден

Битолчанка сакала да ги убие своите баба и дедо, ги избодела со нож

Полицијата приведе жена од Битола која со нож ги избодела своите баба и дедо. „По овластување на јавен обвинител од...

Економија1 ден

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато, Министерството за енергетика почна серија брифинзи за новиот закон

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани...