Контакт

Интервју/Дебата

(ВИДЕО) Давидовиќ: Нападот врз Собранието е „тежок“ како настаните во Диво Насеље

Објавено пред

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ смета дека четврточните крвави инциденти во Собранието не се ништо поразлични од оние случувања во Диво Насеље. Според него, пред се’ станувало збор за злосторничко здружување.

dobivaj vesti na viber

„Една група на луѓе ги организира насилниците, а во исто време група која им ги дава целите, притоа група која оневозможува МВР да делува. Вие сте свесни дека е побарана одговорност за Чавков. Дури слушнавме дека радио станиците биле во прекин, а кога дел од службените лица се обиделе да ги вратат радио врските, биле прекорени од командантите. Свесни сте за оној полицаец кој пее заедно со демонстрантите, а не е проблем што пее со насилниците, проблем е што тој е во униформа и на тој начин ги поттикнува и ги храбри да продолжат со дејствијата“, вели Давидовиќ за Макфакс.

За самиот чин на влез во Собранието и масакарот врз пратениците, одговорност според него сноси МВР, како орган кој е задолжен за безбедноста во цела држава.

„Вие во мигов го имате случајот Диво Насеље кој се суди, а се обезбедува со хермелини, оклопни возила, дури и хелихоптери. Тие се обвинети за тероризам. Која е разликата помеѓу нив и оваа толпа на луѓе, ако можат да се наречат така, кои влегле во највисокиот Законодавен дом во нашата земја, објект од највитално значење и внатре ги измасакрирале пратениците кои што легитимно се избрани на избори директно од народот и ги носат највисоките акти на оваа земја?! Тоа е недозволиво“, додава тој.

Одговорност треба да сносат и организаторите, но и оние кои повикувале за влез во Собранието, бидејќи тие биле поттикнувачи за да се изврши ова дело. Ѕвонко Давидовиќ коментирајќи ја работата на ОЈО, потсети дека поради непроцесирањето на криминалот од страна на оваа институција, било формирано СЈО.

Кристијан Ландов

Интервју/Дебата

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Објавено пред

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“ говори за потребата од донесувањето на законот, но и за новата методологија за проширување на ЕУ која беше донесена на 5 февруари годинава.

dobivaj vesti na viber

Тој не сакаше да дава никакви политички оценки во однос на обвинувањата на партиите и на координираторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на законот за Јавно обвинителство, но вели дека „влезот во ЕУ еден ден многу ќе зависи од кредибилноста на судството и од силната борба против корупцијата“.

„Законот е барање од ЕУ и државите членки и со него ќе треба да се затворат или зајакнат сите судски постапки кои беа отворени во рамките на СЈО. Потребно е судство ослободено од заробеноста на партиите и рамка за борба против корупцијата“, вели Тимоние за „Макфакс“.

Посетата во Париз на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, амбасадорот Тимоние ја оцени како „конструктивна и пријателска“ и рече дека главниот акцент бил ставен на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

„Новата методологија што ја предложи комисијата во голем дел ги содржи предлозите на француската влада. Чекаме како ќе реагираат другите земји членки во однос на документот, но ми се чини дека сето тоа оди во добра насока“, вели тој.

Амбасадорот вели дека е свесен дека во земјава постои разочарување од Франција, која беше против проширувањето на ЕУ со нови членки.

„Да се надеваме дека новата методологија ќе биде воз кој ќе постигне поголема брзина во однос на претходниот“, рече во интервјуто амбасадорот Тимоние.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Објавено пред

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години биле врзувани и престојувале во страшни услови. Вели дека прозивката на техничката министерка Рашела Мизрахи за домот во Демир Капија била неиздржана затоа што не ја познава областа со која влегла да раководи. Шкријељ вели дека во овие три години ги извлекле сите деца кои биле во заводот и ги сместиле во групни домови.

dobivaj vesti na viber

„Техничката министерка можеби првпат влегува таму и јасно е зошто нејзината реакција е таква. Но, ќе напоменам дека тоа што ние го наследивме таму беа услови за невозможна мисија. Имаше ситуација корисниците за бидат врзувани затоа што вработените не можеа да се справат со нив. Затоа и го спроведовме тој процес на деинституционализација и ги извлековме сите деца од таму. Она што јас и техничката министерка треба да го направиме е да го продолжиме тој процес, а не да настапуваме на овој начин. Но, ќе повторам, разбирам зошто министерката настапува така“, рече Шкријељ.

Таа додава дека на техничката министерка ѝ предложила да се координираат пред да се излегува во јавност за да не се шири паника меѓу граѓаните со нецелосни информации. Предоложила да имаат состанок еднаш неделно на кој ќе одлучуваат заеднички за важни прашања.

„Токму поради тоа што не ја познава областа се ставивме на располагање да помогнеме да се подобрат процесите. Но, ќе повторам, координараноста и кооперативноста ќе зависат исклучиво од неа“, рече Шкријељ.

Дополнителната заменик-министерка рече и дека не би требало да има блокада или застој на институцијата, но додаде дека доколку Мизрахи побара кадровска промена на раководни кадри или смена на директори на центри за социјални работи, Шкриељ ќе го употреби правото на вето и нема да ги потпише овие решенија.

„Врзаниот потпис се однесува на правни и кадровски промени. Се надевам дека Мизрахи нема да побара смена на раководни кадри, но доколку тоа се случи, јас ќе го спречам тој потег. Сметам дека ние сме преодни министри и треба да останеме во рамките на таа надлежност. Оној кој ќе победи на изборите и по 12 април формира влада, нека си спроведува своја кадровска политика“, децидна беше Шкријељ.

Не одговори конкретно на прашањето дали себеси се гледа на листа за пратеник на предвремените парламентарни избори, но додаде дека е време во државата да се одвојат партиските политики од политиките кои се носат во институциите.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Глигорова: Одговорност за извршителите ќе бараме и пред Обвинителството за организиран криминал

Објавено пред

Новиот тарифник за извршителите што го предложи Министерството за правда, а денеска го усвои Владата, наиде на делумна поддршка од задолжените граѓани и здруженија што неуморно се борат за укинување на извршителските канцелрии веќе три години.

dobivaj vesti na viber

Еден од најгласните борци против Законот за извршувањето, Ана Глигорова, смета дека овие измени се позитивен чекор напред во решавање на проблемот со многугодишниот финансиски геноцид врз населението, но сепак најавува дека битката на здруженијата на граѓани ќе продолжи и одговорност за, како што вели криминалното извршување ,ќе се бара и од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Според Глигорова, протестот на извршителите со еднодневно затворање на канцелариите е бесмислен кога нивните трансакциски сметки се отворени и тие немилосрно наплатуваат камати на долговите.

Во интервјуто Глигорова прави анализа на тоа што ќе значи репрограмирањето на долговите и вели дека е најважно да се води сметка овие измени да функционираат во пракса ретроактивно. Од протестите пред Министерството за правада што се одржуваа шест вторници, вели дека од жалбите и преставките што ги носеле граѓаните за неправедните извршувања во Министерството биле фрапирани. Имало многу емоции од граѓани за нивните случаи кога на пензија од 7.000 денари со години извршител одзема третина од парите. Таа открива и случај на извршител кој си отворил канцеларија во куќа врз која направил извршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија4 часа

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија6 часа

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија9 часа

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија10 часа

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија10 часа

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија12 часа

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ1 ден

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија1 ден

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија1 ден

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија1 ден

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија1 ден

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија1 ден

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија1 ден

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија1 ден

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија1 ден

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет2 дена

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет2 дена

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет2 дена

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...