Daily news
Реакции за победата на Макрон: Битката е добиена, но борбата со популистите продолжува
Пишува Бојан Стојковски
Убедливата победа на 39-годишниот либерален социјалист Емануел Макрон над кандидатот на крајната десница Марин Лепен за Франција значи едно нешто – победа во битката против популизмот, но војната, пак, сè уште продолжува, коментираат француски политиколози за Макфакс.
Доколку Лепен победеше на изборите, Франција ќе беше на работа да ја напушти Европската Унија, а и двата екстреми од политичкиот спектрумот во земјата го посакуваат тоа, пред сè поради ултралибералните политики. „Франција беше на работ да ја напушти ЕУ доколку Лепен победеше, луѓето од крајната левица и од крајната десница не сакаат да бидат дел од Унијата поради тоа што има премногу ултралиберални политики. Крајната левица сака повторно да преговара околу договорите, што според мене е доста тешко, додека крајната десница, пак, повеќе не сака да чуе за ЕУ“, објаснува за Макфакс францускиот политиколог Бертранд Госенс.
Она што, пак, Макрон ѝ го нуди на Франција е следење на ваквите политики на Унијата, а според Госенс ова ќе доведе до пораст на поддржувачите на двата екстреми во француската политика. „Проектот на Макрон е да се следи ултралиберализамот, заедно со Германија и ЕУ. Мислам дека сега ќе пораснат поддржувачите и на крајната левица, и на крајната десница, со што во следниот период можеме да очекуваме силни тензии помеѓу двете страни“, додава Госенс.
Според него, од целата новонастаната ситуација едно нешто е јасно, а тоа е дека франуцскиот гнев кон ултралиберализмот на ЕУ и натаму ќе продолжи. Госенс вели дека Франција на изборите имала и далеку подобри опции од Макрон, односно тоа се однесува пред сè на левичарскиот кандидат Жан-Лик Меланшон. „Популизмот пред сè е поврзан со скриените мотиви на крајната десница и Лепен, додека, пак, според мене од сите кандидати, кандидатот на крајната левица Меланшон беше доста почесен од другите и воопшто не се однесуваше популистички“, додава францускиот политиколог.
Во поглед, пак, на растот на популизмот во земјата и околу тоа дали победата на Макрон може да се смета и за конечна победа над екстремната десница, францускиот дипломат Оливиа Кели Лонку за Макфакс вели дека борбата е далеку од завршена. „Победата на Макрон оди заедно со оние на Руте во Холандија и на Ван дер Белен во Австрија, и на неа може да се гледа како на моментална пречка за популистичкиот бран во Европа, но секако дека не претставува и пад за популистичките партии во Европа. Со оглед на растот на популизмот кај двете страни од политичкиот спектрум во Франција, евентуалниот неуспех на Макрон да ги исполни очекувањата (и на национално и на ЕУ ниво) можеби е најдобрата шанса за популистите да дојдат до моќ“, објаснува Кели Лонку.
Според неа, од големо значење за претстојниот период и правецот во кој Франција ќе се движи е и тоа дали Макрон ќе успее да воспостави владејачко мнозинство во Парламентот. „Во вакво поделено општество сè уште не е сигурно дали Макрон ќе обезбеди владејачко мнозинство во Парламентот, но за него, пак, е критично тоа да се оствари и за тој да може да ги оствари предизборните ветувања за реформи во земјата и реструктурирање на европскиот проект“, вели за Макфакс францускиот дипломат./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.