Контакт

Daily news

Јавна кавга и низа обвинувања меѓу Гордана Јанкулоска и Фросина Ременски

Објавено пред

По реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, каде партијата вели дека во времето кога Фросина Ременски била министер за труд и социјална политика единствена реформа била унапредувањето на нејзиниот сопруг, а таа на својот профил објасни дека и покрај неговите успеси, тој бил деградиран и под постојан мобинг од поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
 
„Наместо да се бламираат со глупави прес-конференции и пропаганда кон човекот кој работи за РМ (и многу како него), за правда и владеење на законот за сите, нека си ги погледнат своите со ‘дела’ накитени ‘лепотани’, кои без пардон ќе ги обелоденам. И кога следниот пат ќе излезат да лупетаат глупости, нека се присетат како нивната МВРО министерка Јанкуловска си го вработи маженцето како советник во кабинетот на Груевски во 2007 година и како во 2016 година го унапреди во главен на Инспекцискиот совет со приоритетна задача да работи по партиски анонимки во интерес на партијата/мафијата, да заташкува прекршувања на законите и од правото да прави криво“, пишува Ременски на својот Фејсбук профил.
 
По нејзините пишувања, јавна реакција објави и Гордана Јанкулоска.
 
„Кутрата ги измешала лончињата, во 2007 Влатко Илиевски воопшто не ми бил сопруг (во брак сме од крајот на 2010), а при крај на 2016 јас не извршував никаква државна функција (последната на која бев именувана – министер заврши уште во мај 2015)“, вели поранешната министерка за внатрешни работи.
 
Ременски ја обвини Јанкуловска дека има опсесија да се занимава со поединци кои се вклопувале во нејзината матрица.
„Тоа што кукавички се криеше од одговорност за сите штети што ѝ ги нанесе на институцијата која те чуваше и во која работеше – е нештото за кое ќе те спомнуваат многумина и институции, не само јас лично. И видиш, имало разлика, додека ти си го вработуваше твојот дечко во Влада и му нарачуваше директорски функции од твоето партиско дувло, мојот сопруг работеше во полиција кога и ти и маж ти не сонувавте дека ќе ‘просперирате’ на грбот на чесните граѓани на Македонија. Подобро е да си молчиш Горде“, возврати Фросина Ременски.
 
Според Јанкуловска, јасно е кого и по што го споменуваат во јавност, а тоа народот го кажал и на избори.
 
„Веќе е јасно дека во историјата ќе останете запаметени како срам за сопствениот народ бидејќи таа не зависи од бедните креатури кои некомпетентноста се обидуваат да си ја покријат со воајерските приказни за тоа кој на кого и дали му бил дечко“, пишува Јанкулоска.
Според Ременски, добро било што Јанкулоска се огласила во јавноста, неважно што тоа било со партиска догма во која тие верувале.
 
„Инаку, слушнавме многу воајерски приказни последните две години, и за твоите ‘будалетинки, индијанци, каубојци’, и за ‘едно ливче нека снема’, и за ‘станот за чување точаци’, и за ‘а војна да имаме’, и за ‘да ги сотреме’ , ‘не можеш убиство да сокриеш’, ‘ако откријат дека имало боја од друга кола ја нае…ме’ и многу, многу други (за тебе) воајерски приказни, а за други животни судбини и животи. Но, во едно ќе се согласам со тебе 100%, без никаква резерва, а тоа е твојот заклучок на вашата констатација дека, ‘сте лудаци’ и дека ‘сите ќе завршите во затвор’. Ќе имате доволно време да си пишувате воајерски приказни, што видео, што аудио, но барем денес, на 09.05 воздржи се од политиканство за некакви предавства зошто некој сè уште го чека одговорот за вашите предавства“, пишува пратеничката Фросина Ременски.
 
Јанкулоска на ова возрати дека Ременски со нејзините коментари лечи фрустрации на нејзиниот Фејсбук профил. Според неа, за секого најдобро зборува пишаното.  /крај/мф/кл

 

dobivaj vesti na viber


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Осум месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов-Сокол, условни казни за обвинетите полицајци

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ и актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот...

Македонија1 час

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани како сенка ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски, повредените, а најмногу, правдата

Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на преобразба, државата има потреба од одговорност

Годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици. Година во која државата мораше прво да...

Македонија2 часа

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од...

Македонија4 часа

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 63 загинати и над 200 повредени е настан што ја одбележа 2025 година

2025 година ќе остане запаметена по тешката трагедија што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која...

Македонија4 часа

СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија. „По...

Македонија4 часа

Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево,...

Свет5 часа

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и...

Свет6 часа

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот...

Свет6 часа

Франција купува авиони за рано предупредување од Сааб за 1,14 милијарди евра

Франција потпиша договор со шведската одбранбена компанија Сааб за купување на два авиони за рано предупредување во вредност од околу...

Свет6 часа

Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра

Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин,...

Економија19 часа

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија23 часа

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ23 часа

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија24 часа

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија1 ден

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија1 ден

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет1 ден

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија1 ден

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија1 ден

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...