Daily news
Димовски, Пандов, Даштевски донирале за ВМРО-ДПМНЕ
Вкупно 5880 луѓе и неколку фирми лани уплатиле вкупно 1 милион и 880 илјади евра на сметката на ВМРО-ДПМНЕ за донации, покажаа годишните извештаи на Државниот завод за ревизија за политичките партии за минатата година, објавени на веб-страницата на оваа институција.
Најмногу уплати на сметката на ВМРО-ДПМНЕ
На сметката на партијата на Никола Груевски пари за донации во ист ден уплаќале министри, пратеници, градоначалници, директори, како и неколку организатори на протестите „За заедничка Македонија“. Од извештаите може да се забележи дека парите биле уплаќани во неколку денови.
На 5 јануари донирале 272 лица. Извештајот покажува дека на 29 јануари донирале 272 донатори, а 244 луѓе во ист ден решиле да уплатат пари на 9 февруари. На 12 август уплатиле најмногу – 376 лица биле во банка и решиле да одвојат по една плата за партијата.
Кој сè донирал за ВМРО-ДПМНЕ
лидерот на партијата Никола Груевски (30.000 денари),
директорот на БЈБ, Митко Чавков (28.000 денари),
пратеникот Антонио Милошоски (20.000 денари),
министерот Никола Попоски (40.000 денари),
пратеничката Даниела Рангелова (21.000 денари),
министерот Зоран Јолевски (25.000 денари),
министерката Марта Арсовска Томовска (22.000).
градоначалничката Билјана Беличанец Алексиќ (20 000 денари),
градоначалникот на Скопје Коце Трајановски (40 000 денари),
директорот на МНТ Дејан Пројковски (20 000 денари),
директорот на Драмски театар Роберт Вељановски (12.000 денари)
Цветко Грозданов (24.000 денари)…
Од извештајот на Државниот завод за ревизија може да се види дека во два наврати се среќава името на Борис Димовски, кој на 15 април донирал 50.000 денари, а на 28 јуни минатата недела уплатил 41.000 денари. Пари уплатил и аналитичарот и член на ГДОМ, Александар Пандов, кој уплатил 30.000 денари. Членот на Државната комисија за спречување на корпуцијата Александар Даштевски, пак, уплатил 13.000 денари.
Донации за СДСМ – најдарежлив Владимир Бочварски
СДСМ, пак, минатата година имала 698 донатори. Најдарежлив со донација од 100.000 денари бил пратеникот Владимир Бочварски. За партијата донирале и пратеници, меѓу кои, Оливер Спасовски со 60.000 денари, пратеничката Јогода Шахпаска донирала 40.000 денари, пратеникот Благоја Бочварски дал 58.000 денари… Сашо Поцков, Елиф Фејзулоски и Бетиане Китев донирале различни износи по неколку пати. Во извештајот за СДСМ на Државниот завод за ревизија го нема името на лидерот на партијата, Зоран Заев.
Во ДУИ лани донирале 74 физички лица. Партијата вкупно собрала 227.000 евра. Донирале лидерот Али Ахмети (36000 денари) и актуелниот претседател на Парламентот,Талат Џафери (33000 денари). На списокот на ДУИ се и фирмите „Конти хидропласт“ (300.000 денари) и „Европа 92“ (577.750 денари). ДУИ има донации и од државните институции и јавни претпријатија каде директорите се од оваа партија. Тоа се А.Д. Македонска пошта, општина Липково, Државен студентски дом „Пелагонија“, Дирекција за заштита и спасување, Македонска железница, Аеродроми на МК, Фонд за ПИОМ.
За партијата БЕСА донирале 110 донатори. Најмногу пари дал лидерот Билал Касами – 4500 евра.
На сметката на ГРОМ на Стевчо Јакимовски се уплатени 98.230 денари.
Во Левица донирале 35 лица. Во ЛДП има 12 донатори или 2.863.000 денари. НСДП има 1 донатор – Министерство за правда со 1.513.163 денари.
Демократски сојуз на Павле Трајанов лани имал 177 донатори или вкупно се слеани 788.338 денари.
Кај либералите донирале двајца – поранешниот и сегашниот претседател на партијата: Стојан Андов дал 36.000 денари, а Ивон Величковски, 215.000 денари.
За донаторите на ВМРО-ДПМНЕ, специјалното јавно обвинителство отвори предистражна постапка во која на информативен разговор за финансирањето на партијата и личните донации за време на изборите во 2014 година, беа повикани стотици лица, а беше казнет и началникот на СВР Охрид за несоработка со обвинителството на Катица Јанева.
Mф/ВМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.